Прва крстоносна војна
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Прва крстоносна војна | |||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од Крстоносни војни | |||||||||
Опсадата на Ерусалим (1099) е најголемиот успех на Првата крстоносна војна |
|||||||||
|
|||||||||
| Завојувани страни | |||||||||
| Крстоносци, Католици од Западна Европа и Ерменија |
Селџуци, Арапи и други Муслимани |
||||||||
Првата крстоносна војна траела од 1096 до 1099 година и ја покренал папата Урбан II со цел ослободување на исусовиот гроб и ослободување на неговиот свет град Ерусалим од властите на неверникот, односно муслиманите. Крстоносците со овој поход го освоиле Ерусалим и уште неколку градови од околината (Едеса и Антиохија) формирајќи го Ерусалимското кралство и други крстоносни држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле отворени првите витешки школи. Ова е единствениот крстоносен поход во кој била исполнета крајната цел- ослободување на Ерусалим.
Подготовката на крстоносните војни и конкретно на Првата крстоносна војна започнала уште во раното средновековие. Распаѓањето на Каролингската империја во минатите векови, заедно со големата стабилност на европските граници по христијанизацијата на викинзите и маџарите дошло до создавање на цела класа од војници, чија крајна цел била тероризирање на селското население.
Како предизвик за ова насилие започнале кампањите против нехристијанското население. Во времето на подемот на Реконкистата на Пиренејскиот полуостров се регрутирале на шпанските рицари, како и војници од другите делови на Европа, во војна против маврите. Норманите војувале за освојување на Сицилија, а Пиза, Џенова и Арагон биле заземени од исламистите во Мајорка и Сардинија, ослободувајќи ги бреговите на Италија и Шпанија од муслиманите.
Поради овие непрекинати војувања со муслиманите, се создала идеја за можна војна против муслиманите. Муслиманите во тој момент го контролирале центарот на христијанскиот свет, Ерусалим, место каде Исус Христос проповедал, место каде е Бил распнат на крст, место каде Воскреснал. Во 1074 папа Григориј VII го повикал milites Christi ("војниците на Христа") да се приклучат на помош на Византиската империја на исток. Византија претрпела голем пораз против селџуците во Битката за Манцикерт три години порано. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светата Земја изрекувајќи ги зборовите “ Бог тоа го сака“
|
|
||
|---|---|---|
|
|
||
|
|
||