Опсада на Ерусалим (1099)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Krstaski stit.jpg
Крстоносни војни
Krstaski stit.jpg
Портал:Крстоносни војни

Опсадата на Ерусалим (1099 година) траела од 7 јуни се до 15 јули 1099, со првата крстоносна војна. Крстоносците успеале да го заземат Ерусалим, каде бил “ослободен“ гробот на Исус Христос и била остварена и самата цел на првата борба. Годфрид Бујонски на 22 јули ја зел титулата- чувар на Божјиот гроб а по една година на неговиот престол седнал неговиот брат, Балдвин I Ерусалимски.

Опсада на Ерусалим

Опсада на Арка[уреди]

Опсада на Ерусалим[уреди]

Опсадата на градот Арка траел до 13 мај кога Фатимид сакал по мирен пат да се договори за градот, а како еден од неговите главни предуслови бил крстоносците да не тргнат кон Ерусалим. Тој всушност не знаел дека тоа им била и главната цел на крстоносците. Од владетелот на Триполи крстоносците добиле многу помош, во прв план пари и коњи.

По ослободување на повеќе градови, меѓу кои и Витлеем, конечно на 7 јуни крстоносците се упатиле кон Ерусалим. Тие градот го ставиле под опсада, но крстоносците трпиле многу бидејќи околината на градот била сиромашна за вода и храна. Градот бил многу добро подготвен за борбата која следувала, а гувернерот на Фатимид протерал многу христијани. Од 7 000 витези кои тргнале кон Ерусалим, само 1 500 успеале да стигнат до градот. Војската се состоела од 12 000 пешадија. Годфрид Бујонски, Роберт Фландријски и Роберт Нормандијски ја опседнале најмногу севернен Ерусалим.

Еден од повеќето директни напади врз големите ѕидини на градот на 13 јуни завршиле безуспешно. Поради недостиг на храна и вода изнемоштените војници започнале многу брзо да умираат. Затоа често пати крстоносците говореле дека времето работело против нив. Но, крстоносците имале среќа бидејќи по првиот неуспешен напад на ѕидините, дошле многу христијански бродови од Јафа кои им помогнале за храна и вода. Не поминало многу време кога дошла веста дека армијата на Фатимид тргнала со својата војска од Египет кон Ерусалим.

Напад и пад на градот[уреди]

По повеќето неуспешни обиди за заземање на градот, конечно тоа успеало во јули кога во утрото на 15 јули кулата на Готфрид Бујонскои се приближила многу блиску до ѕидините на градот. Така, првиот којшто влегол во градот бил фландрискиот витез Летолд, потоа Готфрид Бујонски, брат му Еустас Бујонски и Танкред Галилејски. При нивното влегување во градот, крстоносците ги пљачкале, убивале или мачеле скоро целото население на гртадот ( муслимани, евреи или христијани). Многу од муслиманите се засолниле во џамијата Ал Акса, а колежот бил толку страшен, да според историските извори имало “крв до колена“.

Откривање на крстот на кој бил распнат Исус Христос

Единствени кои го преживеале колежот бил гувернерот на Фатимид кој се повлекол во култа на Давид и потоа се предал под услов слободно да излезе од Ерусалим.

Последици[уреди]

По заземањето на градот, Готфрид Бујонски на 22 јули ја зел титулата чувар на Божјиот гроб. Одбил да биде прогласен за крал на градот каде Исус Христос воскреснал. Рејмонд Тулушки одбил ист така било каква титула а Готфрид успеал да го наговори да ја предаде кулата на Давид. Арнулф Чокски бил избран за прв Латински патријарх на Ерусалим. Тој на 5 август го открил остатокот од крстот на кој бил распнат Исус Христос.