Опсада на Никеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Krstaski stit.jpg
Крстоносни војни
Krstaski stit.jpg
Портал:Крстоносни војни

Опсадата на Никеја траела во периодот од 14 мај се до 19 јун 1097 година. Ова опсада е една од многуте кои се случиле во Првиот крстоноснен поход. Поводот за овој подод бил фактот што Никеја била освоена од страна на селџуците уште од 1077 година. Никеја станала важен центар за султанот. Претходно, со Народниот крстоносен поход, селаните и војниците кои биле вклучени во тој поход биле поразени од турците кај Никеја. Султанот Арслан I сметал дека Никеја не е во опасност. Затоа тргнал во поход кон исток.

Крстоносците пред портите на градот се нашле на 14 мај 1097 година, предводени од страна на Годфрид Бујонски. Никеја била нападната, и во тој прв напад, турците биле поразени. Турците испратиле порака до нивниот султан да се врати. На враќање, армијата на Арслан I била поразена од страна на Рејмонд Тулушки и Роберт Фландријски на 21 мај. По повлекувањето на султанот, населението на Никеја му пишало порака за помош на Алексиј Комнин, кој започнал тајно да преговара за преземање на градот. Така и станало.

Алексеј Комнин на крстоносците им дал пари, коњи и други дарови, но тие не биле со тоа задоволни, бидејќи верувале дека доколку го заземат градот за нив ќе има многу повеќе.