Арагонска крстоносна војна

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Krstaski stit.jpg
Крстоносни војни
Krstaski stit.jpg
Портал:Крстоносни војни

Арагонската крстоносна војна траела од 1284 до 1285 година. Овој поход бил потикнат од страна на папа Мартин IV против кралот на Арагон Педро III Арагонски.

Папата ги признавал анжувинците како господари на Сицилија. По побуната на анжувинците во познатата Сицилијанска вечер следувал конфликт од страна на силицијанците и Педро III Арагонски против анжувинците. Така, кога Педро III Арагонски станал крал на Сицилија, папата покренал крстоносен поход против него.

Конфликтот прераснал во еден вод граѓанска војна. Братот на Педро III Арагонски се придружил на французите. Тој владеел со Мајорка и Русијон. Така, во текот на 1284 година, во Русијон влегла огромна француска војска на чело со кралевите Филип III Храбагр и Филип IV Лепи. Самата армија на Франција се состоела од 16 000 коњаници, 17 000 стрелци и 100 000 пешадија. Но локалното население било против французите, но французите успеале да го заземат градот и притоа да ја запалат катедралата.