Мајорка
Од Википедија, слободната енциклопедија
39°37′N 2°59′E / 39.617°N 2.983°E
Мајорка (шпански и каталонски: Mallorca) е најголем остров во Шпанија. Се наоѓа во Средоземното Море и е дел од архипелагот Балеарски Острови. Како и другите острови тука, и овој е позната туристичка дестинација и синоним за масовен туризам. Името потекнува од латинскиот јазик, а означува "голем". Главниот град на островот, Палма де Малјорка е исто така главен град на покраината Балеарски Острови.