Битка кај Хатин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Хатин
Дел од Крстоносните војни
Hattin.jpg
Датум 4 јули 1187
Место Хитин, блиску Тиберијада
Исход Победа на Ајубидите
Завојувани страни
Flag of Kingdom of Jerusalem.svg Ерусалимско кралство
Cross of the Knights Templar.svg Темплари
Flag of the Sovereign Military Order of Malta.svg Болничари
Flag of Ayyubid Dynasty.svg Ајубиди
Команданти и водачи
Ги де Лузињан
Рајмон
Жерар де Ридфор
Балијан I Ибелин
Режинал де Шатијон
Саладин
Сила
20,000 [1] 20,000 [3]
Жртви и загуби
17,000 непознато

Битката кај Хатин (битка, позната и како „роговите на Хатин“ по вулкан кој надигнал во исто време) е битка која се одвивала за време на крстоносните војни. Битката започнала на 4 јули 1187 година помеѓу крстоносците, предводени од Ерусалимското кралство и ајубидската династија.

Муслиманската армија, која била на чело со Саладин, постигнала голем успех убивајќи ги скоро сите крстоносци[4]. Во негови раце останале и многу крстоносци кој тој ги заробил. По оваа битка, муслиманската војска повторно станала највлијателната во Светата Земја, со центар Ерусалим, односно Кудс.[4].

Локација[уреди]

Битката се одржала кај градот Тиберијада, во денешен Израел. Бојното поле, како своја географска карактеристика, се одликувал со двојно брдо наречено “рогот на Хатин“. Западно од местото се наоѓа градот Арка. Патот Дарб ал-Хаварнах, изграден од Римјаните, служел како главен пат од истокот кон западот од Јордан кон Галилејското море и средоземноморскиот брег.

Позадина[уреди]

Ги де Лузињан станал крал на Ерусалим во 1186 година, по женидбата со Сибиља и смртта на синот на Сибиа, Балдвин V. Ерусалимското кралство во тоа време било поделено помеѓу фракцијата на Ги де Лузињан и Сибила од една страна, со Режинал де Шатијон и Жерар де Ридфор заедно со своите темплари и Рајмон III, кој за време на Балдвин V му бил советник од друга страна. Тој уште од тогаш имал мошне други ставови во однос на Ги де Лузињан. По прогласувањето на крал на Ги де Лузињан, ситуацијата толку била напрегнета што скоро довела и до отворена војна помеѓу нив двајцата. Самата војна била избегнета со посредство на Балиан I Ибелин.

Во меѓувреме, муслиманските држави биле обединети во период од околу едно десетилетие од страна на Саладин. Саладин бил назначен за везир на Египет во 1169 година, а во државата управувал скоро како султан. Во 1174 година, станал и главен господар на Дамаск, и ја проширил својата држава заземајќи ги Алепо и Мосул во 1176 година и во 1183 година. За прв пат, создавањето на Ерусалимското кралство, тоа од сите свои страни било опколено од една муслиманска земја со еден владетел. Од крстоносците, Саладин претходно веќе имал доживеано еден пораз, и тоа во битката за Монгисар во 1177 година. Во почетокот од 1180 година, било склучено примирје помеѓу двете страни.

Кога Ги де Лузињан станал крал, Рајмон III склучил посебно примирје со Саладин, дозволувајќи му на султанот да испрати армија во северниот дел на кралството. Во исто време, една група медијатори биле испратени да преговараат за примирје меѓу Рајмон III и Ги де Лузињан. Во битката кај Кресон на 1 мај, крстоносците биле ненадејно поразени. Самиот Рејмонд III за ова го обвинил Ги де Лузињан, кој ја собрал целата војска на кралството и тргнал кон северот се со цел да одговори на Саладин.

Опсада на Тиберијада[уреди]

Двете фракции се состаниле во Акра, каде била собрана војска од 1,200 рицари, околу 10,000 пешадијци, дојдени од Италија и платени пред се од англискиот крал Хенри II. Исто така, со војската бил доведен и еден од релибите на Вистинскиот Крст, од страна на патриархот Хераклиус Ерусалимски.

На 2 јули, тактиката на Саладин успеала, доведувајќи го Ги де Лузињан да се движи далеку од изворот во Сафурија, додека опсадата на Тиберијада била лично водена од страна на Режинал де Шатијон, а војската на Саладин останала во Кафр Сабт. Овде имало обиди да Саладин биде поткупен, но тој ова го одбил. Тврдината паднала истиот ден, проследена со убиство на сите крстоносци и земање на голем број заложници.

Текот на битката[уреди]

Пред почетокот на битката војската на Саладин броела 12.000 борци. Од друга страна, крстоносците на располагање имале 63.000 војници. Но тоа не го поколебало да се повлече пред конечната битка. Борбата започнала веднаш во долината пред ридот на Тиберија, во непосредна близина на Хатин.

На 4 јули 1187 година се судриле двете војски. Битката започнала рано наутро тој ден, а веќе навечер ниту една од двете завојувани страни не можела да се пофали дека победува. Но, христијанската војска претходно исцрпена од преголемата жед и неповолната позиција на ридот, била принудена да се повлече во долината на Хатин. Истата ноќ, Саладин напредувал со војската војската и потполно ги опколил силите на крстоносците без да имаат можност да го пробијат обрачот. Утредента битката продолжила со сета своја жестокост. Христијаните се обидувале да го пробијат обрачот за да дојдат до толку потребната вода.

Krstaski stit.jpg
Крстоносни војни
Krstaski stit.jpg
Портал:Крстоносни војни

Тогаш управникот на Трабулс, Режинал де Шатијон, собрал неколкумина најдобри борци-коњаници за да го пробие обрачот. Саладин наредил да му отворат пат. Кога овој „се пробил“ ја разбрал опасноста на својата постапка. Муслиманската војска повторно го стегнала обрачот, а Рајмон III остнал далеку од христијанската војска, оставен на милост и немилост на муслиманските борци. Сиот преплашен избегал кон Трабулс. Не застанал додека не ги здогледал гратските ѕидини на градот. Одненадеж почнал да дува силен ветер во правец на крстоносната војска. Саладин тоа го искористил и наредил да се запали исушената трева. Огнот пламнал, а чад и искри од расгорената трева се нафрлале по лицата на христијанската војска. Жедта и чадот станале неподносливи. Крстоносците биле принудени да се повлечат и одлучиле да направат шатори на ридот за да се одморат. Но, војската на Саладин тоа не го дозволувала. Единствено што им успеало, било поставањето на шаторот на нивниот крал.

Крстоносците во оваа битка го понеле крстот Салабот. Верувале дека Исус бил распнат токму на него. Ова била нивната најголема светост. Но, под големиот притисок на муслиманската војска тие го оставиле крстот и се упатиле кон ридот Таркин. Муслиманите го заплениле големиот крст Салабот. За христијаните тоа било голема загуба. Нивниот верски занес во битката почнал да стивнува, а моралот забрзано да им опаѓа.

Пораз на крстоносците[уреди]

Битката кај Хатин се повеќе и се ближела нејзиниот крај. Се претпоставува дека биле убиени околу 30.000 крстоносни војници, а исто толку биле заробени. Од крстоносната војска останале само 150 коњаници кои го штителе шаторот на кралот. Овде, Саладин ја изјавил својата позната порака:„Се колнам во Алах! Овие нема да се предадат додека не падне шаторот на нивниот крал!“. По подолги борби, паднал во заложништво и самиот Ги де Лузињан.

По оваа величествена победа, Саладин и неговата војска застанале во шаторите кај Хатин. Следниот ден, тој наредил пред него да се донесат христијанските кралеви. До себе го поставил кралот Гвидо, а во негова близина бил и кнезот Арнат, управникот на крепоста Керак. Тоа бил истиот Арнат што многу пати ја измамил муслиманската војска и не го одржал ветениот збор, и сакал да ги нападне Мека и Медина. Саладин се заколнал дека лично со своја рака ќе го убие. Кнезот Арнат седел со заробените благородници во друштво на Саладин. Било наредено пред кралот Гвидо да се постави вода. Овој ја зел, се напил и му подал на Арнат да се напие. Саладин се разлутил и викнал: „Не побара дозвола од мене да му дадеш да пие, садот ти го дадов само на тебе!“ Се свртел кон кнезот Арнат и му рекол: „Колку пати се заколна за да ја прекршиш заклетвата, колку пати потпиша договор за да не го почитуваш неговиот збор?“ Арнат преку преведувачот сиот дрзок и надмен одговорил: „Сите кралеви секогаш постапувале така. Мамењето и кршењето на заклетвата е политика со која кралевите владеат со нивните народи!“ Саладин по ова му понудил на Арнат да го прими исламот. Арнат одбил, по што веднаш го убил, заедно со неговите темплари и болничари.

По битката[уреди]

По оваа битка, муслиманската војска повторно станала највлијателната во Светата Земја. Во октомври истата година паднал и Ерусалим по неговата опсада. Така, по крстоносната војна од 1099 година, градот повторно го зазеле муслиманите.

Занимливости[уреди]

  • Според писателот Ерноул, кога папата Урбан III ја слушнал веста за големиот пораз на крстоносците, починал од срцев удар.
  • Битката е целосно опишана во романот на Хенри Ридер ХагардThe Brethren
  • И покрај тоа што не беше прикажана битката, последиците вклучувајќи ја и егзекуцијата на Режеинал де Шатијон е вметнета во филмот Небесно царство.
  • Дел од битката е вметнат во филмот Арн, каде истоимениот темплар е еден од ретките кој останал жив по битката.
  • Битката кај Хатин ја има во видеоиграта Stronghold Crusader, нарекувана уште и “Битката на ридот“.
  • Битката кај Хатин ја има во видеоиграта Medieval: Total War и Age of Empires II

Наводи[уреди]

  1. A. Konstam, Historical Atlas of The Crusades, 133
  2. Madden, Thomas (2005). „Crusades The Illustrated History“. Ann Arbor: University of Michiga P. 
  3. A. Konstam, Historical Atlas of The Crusades, 119
  4. 4,0 4,1 Concise History of the Crusades - Madden

Надворешни врски[уреди]