Портал:Крстоносни војни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
уреди   

КРСТОНОСНИ ВОЈНИ

SiegeofAntioch.jpeg

Крстоносните војни претставуваат серија од кампањи и воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките православни христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата.

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале со учество на рицари, монаси и редовна војска кои ќе војуваат против арапите, маврите, Турците-Селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, а селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката јавност идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Бог тоа го сака“. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Templarsign.jpg

Редот на сиромашните витези на Исус и на Соломоновиот храм, попознат како Редот на витезите Темплари, основан е околу 1119 година во Светиот град Ерусалим. Според преданијата, витезите колку што биле храбри, толку во почетокот биле и сиромашни, па најчесто на сликите се прикажани како двајца витези јаваат еден коњ. Набргу Темпларите со одобрение на Папата ќе станат најмоќната воена сила во Средниот век. Темпларите имале голема финансиска и политичка моќ и се сметаат за основоположници на првите банки во Европа. Својата моќ ја задржале се до XIV век кога конечно ги уништил кралот Филип IV убавиот. За името на Темпларите поврзани се многубројни легенди меѓу кои и легендата дека тие биле чуварите на најголемата црковна тајна – што е и каде се чува Светиот грал. Прочитајте повеќе

уреди   

Дали знаете...

  • ... дека Катарската војна е позната и како Албижански поход и траела цели 20 години (1209-1229)?
  • ... дека на 2 октомври 1187, Крстоносците го изгубиле Ерусалим во борбите против султанот Саладин, по што градот никогаш целосно не бил во Христијански раце?
  • ... дека во Втората крстоносна војна, целта била да се освои градот Дамаск, но поради катастрофалната стратешка грешка на Темпларите, градот да биде нападнат од исток, а не од запад, Крстоносците кои биле предводени од Темпларите биле поразени, па целиот поход завршил со неуспех?
уреди   

Избрана слика

CouncilofClermont.jpg
Папата Урбан II повикува на поход кон Светата земја


уреди   

Избрана биографија

Робер де Сабле бил Голем мајстор на витешкиот ред Темплари од 1191 до 1193 и лорд од Кипар од 1191 до 1192 година.

Не е позната неговата дата на раѓање, но се верува дека бил релативно стар кога умрел. Тој бил роден во почитувано семејство од Анжу и бил вазал на кралот Ричард I. Неговото владеење како лорд се базирало на повеќе мали земји по долината на реката Сарте коишто ги наследил во шеесеттите години на XII век. Неговиот имот го наследила неговата ќерка Маргарет де Сабле којашто успеала да ја спаси честа мажејќи се со познатиот витез од Третата крстоносна војна Вилијам де Роше. Робер де Сабле умрел во светата земја на 23 септември 1192 или 1193 година. Прочитајте повеќе

уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

P history.png
M1A1 abrams front.jpg
ReligiousSymbols.png
Christian cross.svg
Mosque02.svg
Grandes chroniques Roland.jpg
Историја Војна Религија Христијанство Ислам Среден век
уреди   

Крстоносни војни на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)