Робер де Сабле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грбот на Робер де Сабле

Робер де Сабле бил Голем мајстор на витешкиот ред Темплари од 1191 до 1193 и лорд од Кипар од 1191 до 1192 година.

Личен живот[уреди]

Не е позната неговата дата на раѓање, но се верува дека бил релативно стар кога умрел. Тој бил роден во почитувано семејство од Анжу и бил вазал на кралот Ричард I[1]. Неговото владеење како лорд се базирало на повеќе мали земји по долината на реката Сарте коишто ги наследил во шеесеттите години на XII век.[2]. Неговиот имот го наследила неговата ќерка Маргарет де Сабле којашто успеала да ја спаси честа мажејќи се со познатиот витез од Третата крстоносна војна Вилијам де Роше. Робер де Сабле умрел во светата земја на 23 септември 1192 или 1193 година.[3].

Воените белешки[уреди]

Ангевинската граѓанска војна[уреди]

Во 1173, Робер го поддржал помладиот крал Хенри во револтот кон кралот Хенри II. Востанието станало масовно, а Робер морал да се наклони на страната на Ангевинските кралеви, додека Ричард I подоцна бил јасен во неговото разочарување за Голем мајстор.[4] Во 1190 година, Робер де Сабле придонел за издигнувањето на француските манастири, избирајќи го вистинскиот избор..[5].

Третата крстоносна војна[уреди]

Поради малата земјишна рента, владеењето на Робер де Сабле како Голем мајстор се карактеризирало со неколку походи кои се покажале како успешни во освојување на нови земјишни површини. Стратегијата на кралот Ричард I, познат како Ричард лавјото срце била одлична и најдобрите темплари извојувале многу победи. За време на третата крстоносна војна тие се насочиле и да извршат опсада на градот Арка, но не успеале. Во август 1191, тие освоиле многу тврдини и градови по Палестинскиот брег коишто претходно биле загубени.

Најдобриот час за новата коалиција била битката кај Арсуф на 7 септември 1191 година. Муслимаљнските сили предводени од султанот Саладин изгледале помоќни во однос на христијанските сили, но победата била потребна. Распоредувајќи ги сите расположливи сили, витезите болничари како и некои витези од Анжу, Мајне и Бретања коишто Робер де Сабле ги познавал, а дел од нив биле под негова команда кога тој бил вазал на кралот Ричард во Анжу. Двете спротивставени страни се судриле на сувите полиња и силите на султанот Саладин биле разбиени. Оние коишто останале да се борат биле убиени, а останатите исламски трупи биле принудени да се предадат.

Аквизицијата на Кипар[уреди]

На крајот од 1191, кралот Ричард I (Ричард лавјото срце) решил да им го продаде Кипар на темпларите за 25.000 сребреници. Ричард го земал остроивот од Византија само неколку месеци пред тоа, но немал никаква корист од него. Додека болничарите направиле добри бази на Родос и Малта, Робер де Сабле сакал истото да го направи на Кипар. Тој бил лорд на островот 2 години, по што му го доверил на Гај Лузињански, кралот на Ерусалимското кралство, којшто останал без кралство.

Де Сабле сакал да изгради управна градба во Сент- Жан д'Акр што се случил речиси еден век подоцна.

Доцните избори[уреди]

Робер де Сабл имал среќа, кога неговиот претходник Жерард де Ридфор умрел, тој не бил темплар, а сепак потоа бил избран за Голем мајстор. Инаку, сениорите темплари се спротивставиле и биле во борба за масјторите за предните линии во редот, па избирањето на наследник на Жерард де Ридфор било единствено решение. Изборите биле одложени за една година поради потребата за разгледување на изборот на нов Голем мајстор. Во меѓувреме Робер де Сабле се приклучил во редот токму на време за изборите на коишто бил избран за Голем мајстор, а притоа бил темплар помалку од една година.

Наводи[уреди]

  1. Историја на Темпларите - Малколм Барбер
  2. Историја на Темпларите - Малколм Барбер
  3. vitae paparum avenionensium
  4. Историја на Темпларите - Малколм Барбер
  5. Историја на Темпларите - Малколм Барбер

Надворешни врски[уреди]

Претходник
Жерард де Ридфор
Голем мајстор
11911193
Наследник
Жилбер Ерај