Стар град (Ерусалим)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стариот Град во Ерусалим и неговите ѕидини[1]*
Светско наследство на УНЕСКО

HPIM0368.jpg
Држава Нема[2]
Site proposed by  Јордан
Тип Култура
Критериуми ii, iii, vi
Навод 148
Регион** Израел
Записно минато
Запис 1981  (5 заседание)
Во опасност 1982-
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Стариот град во Ерусалим е одалечен на околу 1 километар од модерниот Ерусалим. До 1860 година овие простори на градот ја сочинувале внатрешноста на градот. Стариот град е под формата на неправилен круг, во него може да се влезе од 7 различни порти од градот, најпознати од кој се Јафа и Сион. Стариот град е место каде се наоѓаат некои од клучните религиозни знаменитости на трите религии во градот: Ерусалимски храм заедно со Ѕидот на плачот за евреите, Светиот Гроб за христијаните, и џамиите Кубат Ал Сахра и Ал Акса на муслиманите.

Во 1980 година, стариот град во Ерусалим е заштитен под УНЕСКО.

Историја[уреди]

Денешниот Стар град во Ерусалим е 3-4 пати помал од древниот Ерусалим од периодот на Ирод Велики. Кон 66 година, кон почетокот на востанието против Рим, градот го достигнал својот најголем расцвет. Неговото население било околу 100.000 луѓе и бил четвртиот град по големина во светот по Александрија, Антиохија и Рим. Ерусалим бил заобиколен од големи ѕидови. Неговите кули достигнувале и до 40 метри. Центарот и главен објект бил Ридот на храмовите. Но, територијата на денешниот современ Стар град се оцртува од ѕидините кои биле изградени во 1536 година од страна на турскиот султан Сулејман Величенствениот.

Населението на градот е околу 25.000 жители.

Населби во Стариот град[уреди]

Традиционално за Стариот град е тоа што тој е поделен на муслиманска населба, христијанска, еврејска и ерменска населба.

Еврејската населба[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Еврејска населба.

Во евреиската населба се наоѓа Ерусалимски храм (Har ha-Bayit) обградена со Ѕидот на плачот. Во Израел уште ја нарекуваат Западниот ѕид бидејќи тоа е единствениот дел кој останал од Вториот храм. Според евреите, тоа е местото од каде започнало создавањето на светот.

Муслиманската населба[уреди]

Дел од стариот град во Ерусалим
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Муслиманска населба.

Вистинскиот камен на храмот се наоѓа под џамијата Ал Акса, која е точно зад Ѕидот на плачот. Зад неа пак се наоѓа џамијата Кубат Ал Сахра (катедрала на каменот).

Христијанска населба[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Христијанска населба.

Во стариот град на Ерусалим се наоѓа црквата на Воскресувањето или позната како брдото Голгота, каде според Библијата бил распнат Исус Христос. Исто така во стариот град се наоѓа и Светиот Гроб, место кое се смета дека е гробот на Исус Христос.

Ерменска населба[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ерменска населба.

Ерменската населба е најмала во стариот град која се наоѓа до христијанската населба.

Порти во Стариот град[уреди]

Карта на Стариот Град

Отворени порти[уреди]

Назив Изградба
Новата порта 1887
Дамаската порта 1537
Портата на Ирод непознато
Лавската порта 1538
Малата порта 1538
Сионската порта 1540
Портата Јафа 1530-1540

Затворени (соѕидани) порти[уреди]

Назив Изградба
Златната порта 6 век
Осамената порта Во времето на Ирод
Двојната порта Во времето на Ирод
Тројната порта Во времето на Ирод

Наводи[уреди]


Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Извори[уреди]

  • ^ Kollek, Teddy (1977). "Afterword", in John Phillips: A Will to Survive - Israel: the Faces of the Terror 1948-the Faces of Hope Today. Dial Press/James Wade. “about 225 acres”
  • ^ Ben-Arieh, Yehoshua (1984). Jerusalem in the 19th Century, The Old City. Yad Izhak Ben Zvi & St. Martin's Press, 14. ISBN 0-312-44187-8.
  • ^ Advisory Body Evaluation (PDF file)
  • ^ Report of the 1st Extraordinary Session of the World Heritage Committee
  • ^ Justification for inscription on the List of World Heritage in Danger, 1982: Report of the 6th Session of the World Heritage Committee
  • ^ Zaun-Goshen, Heike. Keys to the Treasure Trove - Jerusalem's Old City Gates. Jerusalem Post. Retrieved on 2007-07-10.