Антиохија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Antiochmap2.PNG

Антиохија (грчки: Αντιόχεια η επί Δάφνη, Αντιόχεια ή επί Ορόντου или Αντιόχεια η Μεγάλη; латински: Antiochia ad Orontem; арапски: انتاكيّة; турски: Antakya) е древен град кој се наоѓа на Блискиот Исток, 30 километри од морето на левата страна од реката Оронт.

Градот бил основан во 300 п.н.е. од Селевк I Никатор со името Антиохија. Овој град бил престолнина на Селевкидското царство до 64 п.н.е., кога бил преземен од страна на Римјаните и станал центар на провинцијата Сирија. Во рамките на Римската империја тој е третиот по големина град по Рим и Александрија. Антиохија е важен центар на христијанството, седиште на една од првите четири патриархии. Значењето на градот се намалило кога бил разрушен од страна на египетскиот султан Баибарс I.

Историја[уреди]

Христијанство[уреди]

Повеќемина истражувачи сметаат дека во Антиохија се случил еден фундаментален настан поврзан со христијанството, а тоа е пишувањето на Евангелието по Матеј.

Познато е дека во Антиохија прво се христијанизирале паганите.

Во "Дела апостолски" (11: 25-26), за присуството на Апостол Павле и Свети Варнава во Антиохија, пишува: "Во Антиохија, учениците, и тоа за прв пат, беа наречени христијани".

Во времето кога христијанската црква била прогласена како државна во Римската империја, Антиохиската станала една од петте рани епископии познат како Пентархија.

Во времето на Крстоносните војни, градот станал седиште на Кнежевство Антиохија. опсадата на градот траела во периодот од 21 октомври 1097 до 3 јуни 1098 година. Кнежеството опстојувало до 1268 година.