Прејди на содржината

Златна порта (Ерусалим)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златна порта
Карта
Општи податоци
ГрадЕрусалим
ЗемјаИзраел

Златната врата, како што се нарекува во христијанската литература е најстарата порта која се наоѓа во стариот дел од градот Ерусалим. Во арапската литература оваа порта е позната како портата на вечниот живот, а во древноста како “прекрасната врата“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Градбата на оваа порта е најверојатно започната околу 520 година во времето на византискиот цар Јустинијан I[1]. Но според други извори таа била изградена во 7 век во времето на Византија. Златната порта се наоѓа околу средишниот дел на Ерусалимскиот храм. Оваа порта е користена и споменета во Библијата.

Библиски преданија

[уреди | уреди извор]

Низ истата оваа врата, во 628 година византискиот цар Ираклиј решил да влезе триуфално, облечен во блескави алишта, јавајќи на коњ – враќајќи се по триумфот против Персија. Во време на овој поход, владетелот успеал да го врати од плен и да го донесе обратно во Ерусалим Христовиот крст, којшто бил откриен од царицата Елена во 4 век и облеан со злато и скапоценети камења, кој персијците го презеле по зазимањето и грабењето на градот во 622 година. Кога триумфалното шествие стигнало до Златната порта, коњот на Ираклиј застанал и не сакал да продолжи понатаму. “Така направи бидејќи го носеше крстот на Хрисос ” – рекол тогашниот патријарх Захариј Ерусалимски. Тогаш Ираклиј се соблекол бос и сам го внел во Ерусалим преку Златната врата.

Според едно предание по ова, Ираклиј заповедил вратата да биде заѕидена, бидејќи како што рекол “ штом низ оваа врата поминал Светиот Крст, никој друг не би трабало повеќе да го гази местото со нозете си“ . Според друго предание Златната порта била заѕидана дури во времето на султанот Сулејман Велики – од суеверие – за да не се оствари верувањето на христијаните дека Судниот ден преку оваа порта ќе влезе одново Спасителот. Слободно ќе помине низ неа и иако е затворена, таа од Неговата сила ќе биде повторно отворена.

Верувања

[уреди | уреди извор]

Јудаизам

[уреди | уреди извор]

Според јудаизмот, оваа порта е всушност портата преку која новиот месија ќе дојде во Ерусалим. Земјиштето пред Златната порта е најскапото место за гроб во светот. Богати евреи од целиот свет плаќаат многу пари, сè со цел да бидат погребани точно овде.Тие веруваат дека на Денот на Страшниот суд ќе бидат воскреснати најнапред евреите, кои се погребени пред Златната порта.

Султанот Сулејман I влегол низ оваа порта во 1541 година и претпоставувале дека тоа е новиот месија.За оваа порта се верува дека калифите ја заѕидале уште во 7 век, кога бил забранет влез на Ридот на храмот за сите оние кои не веруваат во исламот. Оваа порта е свртена кон Кедронската долина. Низ оваа долина, и тоа токму пред Златната порта, се сместени муслиманските гробови.

Христијанство

[уреди | уреди извор]

Според христијанството Исус Христос е месијата кој поминал низ оваа порта сè со цел да го спаси народот од неговите гревови. Денес Златната порта е затворена. Низ неа може директно да се дојде до Ридот на Ерусалимскиот храм.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]