Вториот ерусалимски храм
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Вториот ерусалимски храм се нарекува реконструкцијата на Храмот на Соломон кој бил разрушен од страна на вавилонскиот цар Набоконодосор II во 586 година п.н.е.. Вториот храм бил изграден во текот на 515 година п.н.е., по враќањето на евреите од Вавилон и бил повторно разрушен од страна на римскиот император Тит во 70 година. Во текот на овој период храмот бил најзначајно место на јудеизмот каде се удржувале сите нивни ритуали. Во 19 година Ирод Велики го дал почетокот за изградба на храмот и од овде Вториот храм исто така се нарекува и Храмот на Ирод.
[уреди] Изградба на храмот
Веднш по враќањето на евреите од Вавилон, под раководството на назначениот за раководител на Јудеја Зоровавел, се започнува со градбата на храмот. Божјиот храм бил изграден точно на местото каде се наоѓал претходниот храм. Во 535 година п.н.е. темелите на храмот биле завршени. А целосно, храмот се завршил со градбата во 515 година п.н.е.
[уреди] Разлики со Првиот храм
Вториот храм не било можно да биде изграден со истиот раскош како претходниот – Храмот на Соломон. Освен тоа, некои од елементите кои се наоѓале во претходниот храм биле или уништени или засекогаш изгубени, како на пример: Ковчегот на заветот (Кивот), Урим и Тумим, плочите со Десете Божји заповеди и тн. Храмот, како и скоро целиот Ерусалим биле разрушени од страна на римскиот император Тит во 70 година.