Катарство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Катарството (грчки: καθαροί, чисто, прочистено) претставувало религиозно христијанско движење кое се проширило и опстојувало во Европа во периодот од 11 век до 14 век. Според некои претпоставки, катарството имало словенски корени. Се смета дека тоа настанало под притисок на богомилското учење на Балканот. Римокатоличката црква ова движење го прогласила за ерес и нејзините претставници ги прогонувала поради нивните убедувања.

Папа Инокентие III организирал крстоносна војна против катарството, кое прераснало во четириесетгодишна војна против населението на Лангдок. Така, околу 500.000 луѓе биле масакрирани, а нивните имоти биле припоени кон Франција.

Катарството своите корени ги имало од Богомилите на Балканот.[1] На запад ова движење се проширило преку Далмација до Италија и Франција. Голем дел од словенските апокрифи биле преведувани на латински јазик, и истите кружиле помеѓу катарите.

Тие биле споредени со "Западните будисти", бидејќи нивната интерпретација на доктрината на "воскреснувањето" на Исус била, всушност, слична на будистичката доктрина за реинкарнација. Катарите мислеле дека човечките духови биле безполови духови на ангели заробени во физичка состојба и дека за да го вратат ангелскиот статус морале да се откажат од материјалното. Се додека не го сториле тоа, тие ќе останат заглавени во циклусот на реинкарнација, осудени да живеат на коруптивната Земја.

Убиството беше сметано за гнасно. Војната и смртната казна биле осудени - абнормалности во средновековна Европа. Во свет каде што малкумина можеа да читаат, нивното отфрлање на положувањето на свечената заклетва нив ги означи како социјални револуционери.

Улогата на жените во Катарството[уреди]

Катари протерани од Каркасон во 1209. Крстоносците им давале на жените подеднакво суров третман за нивните верувања.

Се смета дека Катарството им ги давало на жените најголемите можности за независност откако жените станале верници, како и Перфекти, кои беа во можност да ја администрираат светата тајна консоламентум. Катарите верувале дека ќе бидат постојано реинкарнирани се додека не се откажат од материјалниот свет, што значи дека маж може да се реинкарнира како жена и обратно, рендерирајќи го родот потполно бесмислен. Духот е од исклучително значење за катарите и беше опишан како нематеријален и безполов. Поради ова верување, катарите ги сметале жените за подеднакво способни да бидат духовни водачи, со што го поткопуваат самиот концепт на родот одржан од страна на Католичката црква и ова не останало незабележано.

Жените кои беа обвинети за ерес од Христијанството од почетокот на средниот век биле оние етикетирани како Гностици, Катари, Бегвини како и неколку други групи кои понекогаш беа измачувани и погубени. Катарите, како и нивните претходници Гностиците, и доделиле повеќе важност на улогата на Марија Магдалена во ширењето на раното христијанство од Црквата. Нејзината витална улога како наставник придонесе за Катарското верување дека и жените можат да бидат духовни лидери. Со голема почит за Евангелието според Јован, катарите ја сметале Марија дури и за поважна од Свети Петар, основачот на црквата.

Катарското движење беше исклучително успешно во стекнување на женски следбеници, поради своите протофеминистички учења како и поради општото чувство на исклученост од Католичката црква. Катарството привлекло голем број жени со ветување на свештеничка улога која Католичката црква не ја дозволи. Катарството дозволи жените да станат Перфекти на верата, позиција со далеку повеќе престиж отколку било која понудена од Црквата. Овие женски Перфекти требале да се придржуваат на строг и аскетски начин на живот, но сепак биле во можност да имаат свои куќи. Во некои групи на катари дури имало повеќе жени отколку мажи.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

Наводи

  1. The Cathars, Heresy and Authority in Medieval Europe, ed. Edward Peters, (University of Pennsylvania Press, 1980), 108.

Библиографија

  •  Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост„“. Енциклопедија „Британика“ (XI). (1911). Cambridge University Press.
  • Clark, Elizabeth A. (2001), „Church History“, 70, Cambridge University Press, стр. 395–426, http://www.jstor.org/stable/3654496 
  • Newman, Barbara (1998). „Possessed by the Spirit: Devout Women, Demoniacs, and the Apostolic Life in the Thirteenth Century“. Speculum, vol. 73, no. 3. ст. 733–770. 
  • Peters, Edward, уред. (1980), „Heresy and Authority in Medieval Europe“, University of Pennsylvania Press . A collection of primary sources, some on Catharism.
  • Schaus, Margaret (2006), „Women And Gender in Medieval Europe: An Encyclopedia“, New York: Taylor and Francis Group, ISBN 978-0415969444 
  • Ward, Jennifer (2002). „Women in Medieval Europe, 1200-1500“. London: Longman. ISBN 978-0582288270.