Голем мајстор на Темпларите

Од Википедија — слободната енциклопедија

Секој што ќе станел Голем мајстор на витешкиот ред Темплари станувал командант на христијанската војска и на храмот на Соломон (познат и како темпларски храм). Првиот Голем мајстор на овој витешки ред бил Хуго де Паен којшто на оваа функција застанал во 1118 година, а по неговата смрт на оваа функција застанал Робер де Краон со што продолжила низата на Големи мајстори којашто завршила со Жак де Молеј во 1314 година. Најголем број од темпларите коишто биле Големи мајстори на функцијата останале до својата смрт, но абдикацијата на некој од нив не е непозната и се има случувано главно поради нивното заминување во манастирите по мирен живот или поради дипломатски цели.

Секоја држава си имала свој мајстор, а сите биле покорни на Големиот мајстор и го известувал за се што се случувало во редот на темпларите во нивната држава. Големиот мајстор ги разгледувал плановите и активностите на редот, одлучувал за воените походи во светата земја и источна Европа, склучувал зделки, раководел со средствата и финансиите на редот и одлучувал за подобрување на инфраструктурата во западна Европа. Големиот масјтор ги контролирал сите случувања во редот, но подоцна бил донесен акт со кој се ограничиле неговите функции. По издавањето на папската була, темпларскиот ред заедно со својот Голем мајстор бил одговорен пред Рим.

Вкупно имало 23 Големи мајстори што на таа функција биле од 1118 до 1314 година:

Име Грб На функција
1. Иг де Пајен 1118-1136
2. Робер де Краон 1136-1147
3. Еверар де Бар 1147-1149
4. Бернар де Трамелеј 1149-1153
5. Андре де Монбар 1153-1156
6. Бертран де Бланшфор 1156-1169
7. Филип од Наблус 1169-1171
8. Одо де Сен-Аман 1171-1179
9. Арнолд де Тороха 1181-1184
10. Жерар де Ридфор 1185-1189
11. Робер де Сабле 1191-1193
12. Жилбер Ерај 1193-1200
13. Филип де Плеси 1201-1208
14. Гијом де Шартр 1209-1218
15. Пјер де Монтеги 1218-1232
16. Арман де Перигор 1232-1244
17. Ришар де Бур 1244/5-1247[1]
18. Гијом де Сонак 1247-1250
19. Рено де Вишје 1250-1256
20. Тома Берар 1256-1273
21. Гијом де Боже 1273-1291
22. Теобалд Годен 1291-1292
23. Жак де Молеј 1292-1314

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Armand de Périgord was either killed or captured at the battle of La Forbie; authorities differ. Richard de Bures commanded the Templars until the election of Guillame de Sonnac; whether he was Grand Master is disputed. See Armand de Perigord (1178-1247), at www.templiers.org Архивирано на 12 ноември 2011 г.