Бернар де Трамелеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Бернар де Трамелеј

Бернар де Трамелеј (умрел на 16 август 1153) бил четвртиот Голем мајстор на витешкиот ред темплари.

Тој се родил во замокот од Трамелеј, во близина на Сен Клод, Јура. Според Шарл ду Фресне, тој наследил непознат Хуго како мајстор на храмот. Но, сепак најверокатно е дека во јуни 1151 година, тој го наследил Еверар де Бар по неговото абдицирање по неуспехот во Втората крстоносна војна и враќањето во Франција. Кралот Балдуин III нему му го ветувал градот Газа којшто Бернард го обновил за целите на темпларите.

Во 1153, темпларите учествувале во Битката кај Аскалон, тврдина којашто била под контрола на Египет. Темпларите опсадиле една кула, но Египќаните ја запалиле тврдината од внатрешната страна. Ветерот којшто дувал го проширил огнот и се запалиле неколку ѕидови од Аскалон по што се срушиле и се направил премин.

Според Гијом од Тир, витезите на одредот јуреле низ преминот без за тоа да знае кралот Балдуин. Во тоа време, Бернар де Трамелеј ги спречил останатите Крстоносци од следење со тоа што го поделил пленот со кралот. Бернар заедно со уште 40 темплари бил убиен од бројниот египетски гарнизон. Нивните тела биле оставени во ѕидините, а нивните глави му биле однесени на султанот. Некои други погледи кажуваат дека верзијата на Вилијам од Тир е малку искривена, односно се поставува прашањето, зошто темпларите да не го следат при јуришот низ преминот?

Постои уште една верзија од еден хроничар од Дамаск. Според него, преминот од ѕидот е во спомен на освојувањето на градот и не претставува спомен во врска со темпларите.

И покрај големиот број на верзии, Бернар де Трамелеј бил убиен и обезглавен за време на битката.

По неколку дена, кралот Балдуин ја освоил тврдината, а темпларите за свој Голем мајстор го избрале Андре де Монбар.

Претходник
Еверар де Бар
Голем мајстор
11491153
Наследник
Андре де Монбар