Одо де Сен-Аман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грбот на Одо де Сен-Аман

Одо де Сен-Аман (Од или Одон) бил осмиот Голем мајстор на витешкиот ред, темплари, од 1171 до 1179 година.

Личен живот[уреди]

Одо де Сен-Аман се родил како член на едно познато семејство од Лимузин, Франција. Тој бил маршал од Ерусалим, а потоа станал и висконт. Тој бил остроумен и паметен водач на темпларите, а тоа му донело големи пофалби, но и лутина и огорченост. Како на пример, кога темпларот Готјер е Маизнил во 1172 година бил обвинет од кралот Арнарик I дека убил исламски благородник, Сент Арман него не го предал. Со тоа, тој постапил според папската була и докажал дека врз темпларите се наредува од Рим.

Воена кариера[уреди]

Сен-Аман како Голем мајстор земал учество во неколку големи воени акции. Тој со своите темплари завојувал победи кај Наблус, Јерико и Џерах, но сигурно негова најславна победа е онаа во битката кај Манцикерт кога со многу помалубројни и послаби сили ја поразил силната и побројна војска на султанот Саладин.

Во март 1179, Одо де Сент Арман ја разгледувал тврдината Кастелон. Тој со своите сили претставувал „трн во око“ за султанот Саладин и стигнал на другата страна од тврдината каде што се нбаоѓала Саладиновата војска којачто била уништена. Многу е ефективна и победата со којашто бил уништен Саладиновиот мајски напад на Ерусалим во 1179 година. Саладин ги барал и ги нашол најтесните ѕидини на тврдината, но налетал на добропозиционираните темплари коишто на исламските сили им нанеле огромни загуби. По ова, темпларите се обиделе да го зададт завршниот удар на противничката војска, но Саладиновите сили се реогрганизирале во битката кај Марџ Ајун. Одо де Сен-Аман бил поддржан од кралот Балдвин IV, Рејмонд III и Рожер де Мулинс. И покрај тоа, Саладин ги десеткувал христијанските сили. Кралот Балдвин IV избегал, земајќи го исусовиот крст, а Сен-Аман бил заробен и земен како заложник.

Во август 1179 година, новата темпларска тврдина била осввоена од муслиманските сили, а темпларите коишто докрај останале живи да се борат биле обезглавени. Одо де Сен-Аман починал во еден од затворите на султанот Саладин околу 1180 година, но точната дата се уште е непозната. Сепак, неговото ослободување било договорено како замена за ослободувањето на заробените Саладинови внуци. Но, преговарачите не пристигнале на време за да го склучат договорот.

Добивањето подршка[уреди]

Во текот на своите патување од воен карактер, Сент Арман бил поткрепуван со парична, но и материјална помош што му овозможило големи успеси. Тој добивал и собирал помош од речиси сите земји од Европа низ којшто поминал, а бил поддржуван и од некои благородници во Азија по неговата победа во битката кај Манцикерт.

Претходник
Филип од Наблус
Голем мајстор
11711179
Наследник
Арнолд де Тороха