Робер де Краон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грбот на Робер де Краон

Робер де Краон (умрел на 13 јануари 1147) бил вториот Голем мајстор на витезите темплари. Таа функција ја наследил од Иг де Пајен во јуни 1136 и ја сочувал до својата смрт.

Тој бил роден во последните години од XI век како најмлад од трите сина на Рено де Краон. Тој живеел во провинцијата Аквитанија, но бил ангажиран за ќерката на грофот од Ангумоа, но наскоро се откажал и заминал во Палестина откако дознал за формирањето на витешкиот ред од страна на Иг де Пајен. За кратко време тој се истакнал со својата воена вештина и својот стил, па по смртта на Иг де Пајен бил избран за Голем мајстор на темпларите. Тој се покажал како одличен организатор и правник и успеал да го прошири влијанието и моќта на редот во повеќе крстоносните држави. На 29 март 1139, папата Инокентиј II ја издал булата Omne Datum Optimum („Секој совршен подарок“) со којашто редот на темпларите добил независност од секаква црковна јурисдикција. Темпларите први започнале да го носат црвениот крст на бела позадина што станал препознатлив грб за сите Крстоносци.

Де Краон бил и воен водач. Откако станал Голем мајстор, тој го поразил Зенги, емирот од Алеп, а неговите витези го ограбиле противничкиот камп. Но, Зенги во контраофанзива ги нападнал слабоорганизираните аџии. Де Краон исто така одобрил шпанските темплари со 70 бродови да се насочат кон Лисабон, што завршило без успех. Во 1140 година, темпларите издржале во битката кај Текуа, кога им се спротивставила многу побројната турска војска. Во 1143 година, по долготрајните преговори со Рајмонд Беренгер IV (гроф од Барселона), редот бил воспоставен и на Пиринејскиот полуостров. Според Гијом од Тир, Робер де Краон членувал во советот од Акре за време на Втората крстоносна војна, но според некрографските записи од Ремс, тој умрел во јануари 1147 година.

Претходник
Иг де Пајен
Голем мајстор
11361146
Наследник
Еверард де Баре