2 јули
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јули | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 | |||
2 јули е 183-иот ден во годината според григоријанскиот календар (184-и во престапна година). Остануваат 182 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1853 | Руската армија врши инвазија врз Турција - започнува Кримската војна. |
| 1934 | Завршува таканаречената Ноќ на долгите ножеви, операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим се погрижил најмалку осумдесет и пет луѓе да бидат убиени од политички причини. |
| 1937 | Амелија Ерхарт исчезнува над Тихиот Океан додека се обидува да го изведе првиот лет околу светот по екваторот; нејзиното тело никогаш не е пронајдено. |
| 1947 | Објект за кој очевидци тврдат дека бил НЛО се срушува во Росвел, Мексико. |
| 1983 | Полис го издаваат својот последен албум - Synchronicity, 17 недели на првото место на листата на најпродавани албуми во САД. |
| 2000 | Отворен е Ересундскиот мост, комбиниран дволентен железнички и четирилентен патен мост кој поминува низ Ересуднскиот канал, комбинација од мост и тунел кој ги поврзува Копенхаген Малме. Мостот е еден од најдолгите во светот. |
| 2005 | Во рамките на манифестацијата Live 8 се одржуваат десет концерти во различни градови во светот. |
Родени:
| 1492 | Елизабет Тјудор, ќерка на Хенри VII. |
| 1486 | Јакопо Сансовино, италијански вајар и архитект, прочуен по своите градби околу плоштадот Св. Марко во Венеција. |
| 1714 | Кристоф Вилибалд Глук, германски композитор и диригент. |
| 1843 | Антонио Лабриола, италијански марксистички теоретичар. |
| 1876 | Тодор Паница, учесник во македонското национално-револуционерно движење. |
| 1877 | Херман Хесе, германски писател и Нобелов лауреат. |
| 1903 | Олаф V, норвешки крал. |
| 1904 | Жан Рене Лакост, француски тенисер и бизнисмен. |
| 1911 | Михаил Д. Петрушевски, македонски академик. |
| 1914 | Богољуб Арсиќ, македонски полковник. |
| 1923 | Вислава Шимборска, полска поетеса и Нобелов лауреат. |
| 1940 | Георги Иванов, бугарски офицер (генерал-лејтенант). |
Починале:
| 1566 | Мишел Нострадамус, француски астролог и пророк. |
| 1733 | Кристијан Пецолд, германски композитор и органист. |
| 1778 | Жан-Жак Русо, француски филозоф, роден во Швајцарија. |
| 1800 | Виктор Луј, француски архитект, добитник на Римската награда. |
| 1877 | Херман Хесе, германски романсиер, писател и поет - добитник на Нобеловата награда за книжевност (1946). |
| 1934 | Ернст Рем, германски нацист и началник на СА. |
| 1949 | Георги Димитров, политичар од Бугарија со потекло од Македонија, раководител на Бугарската комунистичка партија и на Коминтерната, како и премиер на НР Бугарија од 1946 до својата смрт. |
| 1961 | Ернест Хемингвеј, американски писател и Нобелов лауреат. |
| 1977 | Владимир Набоков, руски прозаист, автор на познатиот роман „Лолита“. |
| 1989 | Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко - Металургискиот факултет во Скопје и негов прв декан. |
| 1997 | Џими Стјуарт, легендарен американски актер. |
| 2001 | Казимјеж Фелешко, полски полонист, македонист и славист. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |