Небесно Царство (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Небесно Кралство“
KoHposter.jpg
Режирано од Ридли Скот
Продуцент Ридли Скот
Сценарист Вилијам Монахан
Настапуваат Орландо Блум
Ева Грин
Џереми Ајронс
Дејвид Тјулис
Едвард Нортон
Мартон Чокаш
Лијам Нисон
Гасан Масуд
Музика Хари Грегсон-Вилијамс
Кинематографија Џон Матисон
Монтажа Доди Дорн
Чисако Јокојама
Дистрибутер 20th Century Fox
Скот Фри
Премиера May 6, 2005
Времетраење Theatrical cut:
144 минути
Director's cut (roadshow):
194 минути
Director's cut (Blu Ray):
189 минути
Држава  Велика Британија
 Шпанија
Flag of the United States.svg САД
 Германија
Јазик Англиски
Арапски
Буџет $147 милиони
Бруто заработка $211,652,051

Небесно Кралство е епски филм од 2005 година, во режија на Ридли Скот и сценарио од Вилијам Монахан. Во филмот настапуваат Орландо Блум, Ева Грин, Џереми Ајронс, Дејвид Тјулис, Едвард Нортон, Мартон Чокаш, Лијам Нисон, Гасан Масуд.

Филмот се однесува за време на крстоносните војни во 12 век. Главна улога во филмот зазима Балијан од Ибелин кој се бори против арапскиот султан Саладин при опсадата на Ерусалим.

Содржина[уреди]

Филмот започнува со сцена од село во Франција, 1184 година. Ковачот Балијан го посетуваат група на крстоносци. Едниот од нив се претставува како баронот Годфри од Ибелин и татко на Балијан, и бара од него да се вратат заедно во Ерусалим. Балијан одбива, и крстоносците заминуваат. Потоа Балијан дознава од свештеникот во местото дека неговата сопруга, која извршила самоубиство и е закопана, всушност е обезглавена како што налагале обичаите од тоа време за самоубиците. Во бес, Балијан го убива свештеникот и бега од местото. Ги стигнува крстоносците и им се придружува.

На патот до Ерусалим Балијан е прогласен за витез и наследник на баронот од Ибелин. Групата доживува напади со стрели, бура на морето, и конечно Балијан се наоѓа сам преживеан на брегот. Го здогледува единствениот преживеан коњ, и бркајќи го уплашеното животно, наидува на муслимански воин и неговиот слуга. Во борба за коњот, Балијан го убива едниот од нив, а другиот го носи со себе во Ерусалим, каде го ослободува и му го остава коњот. Муслиманот му признава дека е всушност слуга на многу моќен воин (Понатаму во филмот гледаме дека е советник на Саладин), и дека ќе раскаже за способностите на Балијан кај Сарацените.

Во Ерусалим, Балијан се запознава со тамошните случувања: кралот Балдвин IV е болен од лепра, Тибериас, командантот на војските во Ерусалим се обидува да одржи мир меѓу различните религии, сестрата на кралот принцезата Сибила, во која се вљубува Балијан, нејзиниот сопруг Ги кој сонува за воена слава и се обидува постојано да создаде војна со Муслиманите.

После масакр на муслимански караван, кој го извршуваат Темпларите, Саладин со голема војска доаѓа во близина на Карак, каде во битка е заробен Балијан. Кралот Балдвин IV доаѓа да преговара со Саладин да се повлечат војските, ветувајќи дека ќе ги казни оние кои учествувале во масакрот. Така и се случува, кралот го казнува водачот на групата Темплари кои извршиле масакр, Балијан е ослободен, но Саладин знае дека христијаните ќе му дадат уште некој повод за да го нападне и да го заземе Ерусалим.

Кралот Балдвин IV е пред умирање, и го моли Балијан да се ожени со Сибила, знаејќи дека тие двајца се сакаат. Но Балијан одбива, заради тоа што не сака Ги да биде убиен. По смртта на Балдвин, го крунисуваат за крал на Ерусалим синот од првиот брак на Сибила, Балдвин V, кој е дете, а мајка му е негов регент. Но набрзо станува јасно дека детето е заболено од лепра. Сибила не сака детето да го помине животот во пекол, и се решава да го убие со отров. Потоа го прогласува Ги за крал на Ерусалим. Ги ги здружува повторно Темпларите за да му направат војна. За таа цел тие ја убиваат сестрата на Саладин при еден напад, и откако емисарот на Саладин ќе дојде да го побара нејзиното тело, Ги на Саладин му ја праќа отсечената глава на емисарот во Дамаск.

Започнува војната која е најавена како „божја волја“. Темпларите на чело на војската заминуваат во пустината да се борат со војските на Саладин, и сите се убиени. Ги е заробен, бидејќи според зборовите на Саладин: „Крал не убива крал.“ Саладин со војските стигнува под ѕидините на Ерусалим. Одбраната на градот ја организира Балијан, но Тибериас и неговите витези си заминуваат за Кипар, велејќи дека е залудна борбата за одбрана на Ерусалим. На забелешката на Балијан дека ја `изгубил својата религија`, Тибериас му вели дека тоа е добро, и додава: „Сум видел премногу религија во очите на луѓе кои не беа ништо повеќе од обични убијци.“

После три дневни борби за градот, Саладин им нуди преговори кои Балијан ги прифаќа: жителите да го напуштат градот и да заминат безбедно до некоја христијанска земја. Голема колона од народ пешачи надвор од градот. Балијан ја наоѓа кралицата на Ерусалим Сибила меѓу нив, и со неа се враќа во своето родно место во Франција. Набрзо по неговото враќање дома, стигнуваат витези и со нив кралот на Англија Ричард I, кој подготвува нова крстоносна војна. Кралот го бара Балијан да им се придружи, но Балијан вели дека е обичен ковач и останува да започне нов живот со Сибила.

Критики[уреди]

Критичарите на филмот се со спротивставени мислења. Критиките варираа од „филм со длабока порака“[1] до сериозни забелешки за портретирањето на одредени ликови,[2] како и улогата во која се претставени Темпларите и крстоносците во филмот.[3]

Наводи[уреди]

  1. Roger Ebert, "Kingdom of Heaven" reviews for the Chicago Sun Times
  2. James Berardinelli, http://www.reelviews.net/movies/k/kingdom_heaven.html
  3. „Thomas F. Madden on ''Kingdom of Heaven'' on National Review Online“. Nationalreview.com. 27 мај 2005. http://www.nationalreview.com/comment/madden200505270751.asp. конс. 21 август 2009. 

Надворешни врски[уреди]