14 мај
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | мај | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
14 мај е 134-иот ден во годината според григоријанскиот календар (135-и во престапна година). Остануваат 231 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1643 | Четиригодишниот Луј XIV станува крал на Франција по смртта на татко му, Луј XIII. Мајка му Ана Австриска станува регент до неговото полнолетство. |
| 1948 | Прогласена е независната држава Израел. Арапските соседи веднаш ја напаѓаат, со што започнува Војната за независност. |
| 1955 | Седум комунистички земји и СССР потпишуваат договор за меѓусебна одбрана познат како Варшавски договор. |
| 1999 | Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авиони на НАТО погодија колона со бегалци на Косово. Загинаа 87 лица. |
Родени:
| 1727 | Томас Гејнсборо, познат англиски портретист и пејзажист |
| 1771 | Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам. |
| 1919 | Аврам Садикарио, македонски поет. |
| 1964 | Росен Плевнелиев, бизнисмен и политичар од Бугарија. |
| 1981 | Димитар Мираковски, македонски кошаркар. |
| 1984 | Марк Цукерберг, основач на Facebook. |
| 1985 | Михаил Николаевич Кузнецов, руски слалом-кајакар. |
Починале:
| 649 | Папа Теодор I, римски папа. |
| 964 | Папа Јован XII, римски папа. |
| 1493 | Нанина де Медичи, ќерка на Пјеро ди Козимо де Медичи. |
| 1610 | Анри IV, француски крал. |
| 1643 | Луј XIII, француски крал. |
| 1912 | Аугуст Стриндберг, шведски писател (р. 1849) |
| 1991 | Аладар Геревич, унгарски мечувалец. |
| 1998 | Френк Синатра, американски пејач и глумец (р. 1915) |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |