Росен Плевнелиев
| Росен Плевнелиев | |
|---|---|
|
|
|
| Стапил 22 јануари 2012 |
|
| Премиер | Бојко Борисов |
| Потпретседател | Маргарита Попова |
| Претходник | Георги Прванов |
|
Министер за регионален развој
|
|
| Во служба 27 јули 2009 – 9 септември 2011 |
|
| Премиер | Бојко Борисов |
| Претходник | Асен Гагаузов |
| Наследник | Лилјана Павлова |
|
|
|
| Роден(а) | 14 мај 1964 Гоце Делчев, Бугарија |
| Сопружник | Јулијана |
| Алма матер | Технички универзитет во Софија |
| Вероисповед | Православие |
Росен Асенов Плевнелиев (14 мај 1964) е бугарски бизнисмен, политичар и моментен претседател на Бугарија со македонско потекло. Во периодот 1990-2009 развива успешна кариера во областа на градежниот бизнис во Германија и Бугарија, а од 2009 до 2011 е министер за регионален развоj во владата на Бојко Борисов. Влегува во владата како непартиски експерт, не е член на владејачката партија ГЕРБ.[1] На 30 октомври 2011 е избран за претседател на Бугарија.[2]
Содржина |
Биографија [уреди]
Росен Плевнелиев е роден на 14 мај 1964 година во градот Гоце Делчев, Пиринска Македонија. Неговата фамилија потекнува од селото Плевна во Егејска Македонија, денес Петруса во Република Грција. За време на Балканските војни неговите предци го продале нивниот имот и побарале засолниште во Бугарија.[3] Своето средно образование го добил во природно-математичката гимназија "Академик Сергеј Павлович Корољов" во Благоевград од 1978 до 1982 година. Во периодот 1984-1989 година го завршил ВМЕИ "В. И. Ленин" во Софија (денес Технички универзитет), со специјалност "компјутери".[4]
Деловна кариера [уреди]
Во 1990 година, Плевнелиев ја основал Ирис Интернешанал, првата бугарска градежна фирма, која го добила сертификатот ISO 9001. Помеѓу 1991 и 1998 година, тој работел во Германија како ко-сопственик на градежна фирма, која работела како подизведувач за Линднер. Во 1998 година станал основач и менаџер на бугарските градежни компании кои се дел од групата Линднер Бугарија. Плевнелиев бил менаџер на Бизнис Парк Софија[5], кој бил изграден под негова надлежност во софиската населба Младост 4, како и член на Одборот на директори на Конфедерацијата на работодавци и индустријалци во Бугарија.[6]
Политичка кариера [уреди]
На 27 јули 2009 е назначен за министер за регионален развој. Под негово раководство во државата започнува изградба на скоро 200 километри нови автопатишта.[7] Со неговата активност во 2010-2011, Плевнелиев стана најпопуларен министер во бугарската влада.[8] На 4 септември 2011 е прогласен како официјален кандидат на ГЕРБ за претседателските избори во Бугарија во октомври. На 30 октомври 2011 победува на изборите за претседател на Република Бугарија.[9]
Семејство [уреди]
Во 1990 година се жени за својата прва жена Вероника, со која подоцна се разведуваат. Со втората сопруга, Јулија, имаат три момчиња.[10]
Извори [уреди]
- ↑ Плевнелиев: За разлика от Първанов аз съм независим, www.mediapool.bg, 21.10.2011. (бугарски)
- ↑ Росен Плевнелиев победник на преседателските избори во Бугарија, 24vesti.com.mk, 31-10-2011.
- ↑ Росен Плевнелиев в „Нека говорят с Росен Петров”, бТВ, 06.11.2011. (бугарски)
- ↑ Биографиjа на страницата на Министерството за регионален развоj на Република Бугариjа. (бугарски)
- ↑ Историја на Бизнис Парк Софија, www.businesspark-sofia.com, 31-10-2011. (англиски)
- ↑ Who Is Who: Bulgaria's President-Elect Rosen Plevneliev, novinite.com, 30-10-2011. (англиски)
- ↑ €3 млрд. даваме за магистрали до 2020-та, news.ibox.bg, 29.03.2011, 31-10-2011. (бугарски)
- ↑ Who Is Who: Bulgaria's President-Elect Rosen Plevneliev, novinite.com, 31-10-2011. (англиски)
- ↑ Centre Right Wins Bulgarian Presidency, novinite.com, 31-10-2011. (англиски)
- ↑ „Новородени новини“, www.bm-businessmagazine.bg, 27 февруари 2008 (проверено на 2009-08-12). (бугарски)