Бојко Борисов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Бојко Борисов

Бојко Методиев Борисов (бугарски: Бойко Методиев Борисов) е премиер на Бугарија, политичар, неформален лидер на партијата ГЕРБ, поранешен градоначалник на Софија.

Содржина

[уреди] Биографија

Бојко Борисов е роден на 13 јуни 1959 година во село (денес град) Банкја. Дипломира во 1982 година на Високата школа на Министерстово на внатрешните работи како инженер. Има добиено чин на поручик по Пожарна безбедност.[1] Истата година Борисов се вработил во Софиската градска управа на МВР како командир на вод, а подоцна тоа било преименувано во командир на чета.

Од 1985 година па сѐ до 1990 Бојко Борисов е предавач во Вишиот институт за подготовка на офицери и научноистражувачка дејност на бугарското МВР. Во 1982 година ја брани докторската дисертација. За време на т.н. „преродбен процес“, тој е назначен за командир на бригада во Дулово, Каолиново и во Разград, којашто ја чувала општествената безбедност по масовите иселувања на местните жители во Турција.[2]

Од 1978 година Бојко Борисов професионално се бави со карате (има добиено црн појас). Долги години работел како тренер на националниот одбор на Бугарија по карате, а исто така и како судија по меѓународни натпревари по карате.

Во 1990 година Борисов го напушта системот на МВР, се откажува да се деполитизира и останува член на БКП. Во 1991 година, тој ја основа фирмата за лично обезбедување „Ипон-1“, којашто ги обезбедува познатите бугарски политичари како Тодор Живков и Симеон Сакскобургготски.

Во 2001 година Бојко Борисов е назначен на должноста „главен секретар на бугарското МВР“ и е унапреден со доделувањето на чинот полковник, а од 2002 година претседателот на Бугарија Георги Прванов му го доделил чинот генерал мајор. Во 2004 година го добил чинот генерал потполковник.

[уреди] Политичка кариера

На парламентските избори од 2005 година Бојко Борисов бил кандидат за народен пратеник од Националното движење „Симеон Втори“. По изборите е избран за народен пратеник, од што се откажалоткажува зради кариерата си во МВР. По конфликтот со тогашниот министер за внатрешни работи, Румен Петков, го нашушта системот на полицијата.

На 10 ноември 2005 година е избран за градоначалник на Софија. Во март 2006 година ја основал организацијата „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), на којашто и до денес е неформален лидер. Подоцна организацијата е претворена во политичка партија, којашто на 5 јули 2009 година на парламентарните избори во Бугарија победила, со освојување на 40% од гласовите.

[уреди] Извори

  1. Автобиографија на мрежното место на Општина Софија
  2. Толерантнција, надвор граници

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици