Ларс Петер Нордхауг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ларс Петер Нордхауг
Лични податоци
Цело име Ларс Петер Нордхауг
Прекар ЛПН
Роден 14 мај 1984 (1984-05-14) (30 г.)
Тенсберг, Норвешка
Висина 1,76 м
Маса 63 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Белкин Про Сајклинг
Дисциплина Друмски и планински велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2005–2009
2010–2012
2013–2014
Тим Максбо Бјанки
Тим Скај
Бланко Про Сајклинг
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Гран при Монтреал (2012)
MaillotNoruega.PNG Национален друмски првак (2006)
Последна промена
30 октомври 2014

Ларс Петер Нордхауг (норвешки: Lars Petter Nordhaug; р. 14 мај 1984) — норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Белкин Про Сајклинг.[1]

Кариера[уреди]

Рана кариера[уреди]

Нордхауг ја започнал својата кариера како планински велосипедист, но откако завршил 5. на норвешкото друмско првенство 2005, неговиот фокус се променил кон друмскиот велосипедизам. Неговиот пробив дошол две години подоцна, во 2006, кога го освоил националното друмско првенство. Оваа година се случил неговиот пробив, кога победил и на Биркебајнеритет, норвешка далечинска велосипедска трка за планински велосипедизам.

Нордхауг вози на Гран при Монтреал 2011

Во август 2009, Нордхауг го освоил второто место во генералниот пласман на Трката околу Ирска додека возел за континенталната екипа Тим Џокер Бјанки. Неговата победа на последната етапа му го донела овој пласман, откако бил подобар во бегството со неговиот ривал Расел Даунинг, кој го освоил генералниот пласман.[2]

Тим Скај: 2010–12[уреди]

По една недела гласини било објавено на 10 септември 2009, дека Нордхауг ќе се приклучи на Тим Скај од сезоната 2010, заедно со сонародниците Едвалд Боасон Хаген и Курт Асле Арвесен.[3] Нордхауг ги поминал сезоните 2010 и 2011 главно работејќи како помошник, возејќи на арденските класици и Џиро д’Италија. Потпишал нов договор со Скај на крајот на 2011.

Нордхауг ја освоил својата прва победа за Скај на Трофео Деја 2012, третата трка на Челинџ Мајорка. Ги отфрлил последните членови на групата на последното искачување на етапата, пред да се спушти сам и да помине низ целта во Деја, забележувајќи ја неговата прва победа од 2009.[4] Исто така возел на силната трка Критериум Интернасионал во Корзика, завршувајќи четврти на крај зад силниот подиум составен од Кедел Еванс (БМЦ Рејсинг Тим), Пјерик Федриго (ФДЖ-БигМет) и неговиот колега Мајкл Роџерс.[5]. Нордхауг го предводел Скај на Трката околу Баскија, каде завршил шести во генералниот пласман.[6] Неговата ветувачка сезона на почетокот на сезоната му донела важна улога во екипата на арденските класици. Нордхауг бил добро пласиран на завршните етапи на Амстел Голд Рејс, но доживеал пад во последните 300 метри на последното искачување Кауберг, откако допрел со тркалата до возачот на Лампре-ИСД Дамијано Кунего.[7]

Белкин: 2013-14[уреди]

Нордхауг го напуштил Тим Скај на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на {{{име на тимот-2013}}} на двегодишен договор од сезоната 2013.[1] Како последица на неговата одлука, Нордхауг не бил избран во составот на екипата за Вуелта а Еспања и наместо тоа возел на Трката околу Данска, каде ја освоил третата етапа и го преземал водството на трката. Негова најголема победа во кариерата било освојувањето на Гран при Монтреал 2012, победувајќи во спринт во група од четворица возачи откако неговиот соло напад бил достигнат во последните метри на трката.[8]

Враќање во Скај: 2015-[уреди]

На Светското друмско првенство 2014, Нордхауг потврдил дека ќе го напушти Белкин.[9] Екипата Скај подоцна објавил дека ќе им се приклучи од 1 јануари 2015 година.[10]

Достигнувања[уреди]

2004
1. MaillotNoruega.PNG Нордиски крос-кантри првак во планински велосипедизам
2005
1. MaillotNoruega.PNG Национално друмско првенство под 23 години
2006
1. MaillotNoruega.PNG Национално друмско првенство
1. Првак на Биркебајнеритет во планински велосипедизам
2007
1. Краен пласман Гјевик ГП
2008
1. MaillotNoruega.PNG Национален крос-кантри првак во планински велосипедизам
1. Краен пласман Фестнингсритет
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Бодовен пласман
2. Краен пласман ГП Бореманс Виане
3. Краен пласман Калас Куп Трофи
7. Краен пласман Шпаркасен Џиро
7. Краен пласман Трка околу Ирска
8. Краен пласман Трка Рона-Алпи
1. Планински пласман
9. Краен пласман Рингерике ГП
2009
2. Краен пласман Трка околу Ирска
1. Етапа 3
4. Краен пласман Тур де Норманди
1. Етапа 5
2011
1. Тенсберг Велокрос
2012
1. Гран при Монтреал
1. Трофео Деја
1. Етапа 3 Трка околу Данска
2. Национално друмско првенство
3. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Норвешка
4. Краен пласман Критериум Интернасионал
6. Краен пласман Трка околу Баскија
2013
1. Jersey red.svg Планински пласман Арктичка трка Норвешка
1. MaillotNoruega.PNG Национално велокрос првенство
2. Краен пласман Трка околу Фјордовите
8. Гран при Монтреал
2014
3. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Етапа 1

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Ларс Петер Нордхауг го напушта Тим Скај поради двегодишен договор со Рабобанк“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 6 август 2012 (конс. 6 август 2012).
  2. Шејн Стоукс. „Нордхауг победи на последната етапа во Ирска“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 24 август 2009 (конс. 11 септември 2012).
  3. Повеќе ѕвезди за Тим Скај“, Sky News, 10 септември 2010 (конс. 10 септември 2009).
  4. Нордхауг сам до победа на Мајорка“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 февруари 2012 (конс. 11 септември 2012).
  5. Шејн Стоукс. „Еванс ја запечатил победата на Критериум Интернасионал, Федриго ја зеде последната етапа“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 25 март 2012 (конс. 11 септември 2012).
  6. Најџел Вин. „Санчез победи на Трката околу Баскија“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 7 април 2012 (конс. 11 септември 2012).
  7. Несреќата им стави крај на шансите на Кунего за постигнување резултат на Амстел Голд Рејс“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 16 април 2012 (конс. 11 септември 2012).
  8. Кајл Мур. „Lars Petter Nordhaug nails career best win in GP Cycliste de Montréal“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 9 септември 2012 (конс. 10 септември 2012).
  9. [1]
  10. [2]

Надворешни врски[уреди]