Мајкл Роџерс (велосипедист)
Роџерс во 2011 |
|||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Цело име | Мајкл Роџерс | ||
| Прекар | Доџер, Мајк | ||
| Роден | 20 декември 1979 Бархем, Австралија |
||
| Висина | 1,85 м | ||
| Маса | 75 кг | ||
| Податоци за клубот | |||
| Моментален клуб | Тим Скај | ||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||
| Улога | Возач | ||
| Вид на возач | Универзален возач | ||
| Аматерски клубови | |||
| 2000 | Мапеи-Квик Степ (практикант) | ||
| Професионални клубови | |||
| 2001–2002 2003–2005 2006–2010 2011– |
Мапеи-Квик Степ Квик Степ-Давитамон Т-Мобајл Тим Тим Скај |
||
| Значајни победи | |||
|
|||
| Последна промена 29 мај 2012 |
|||
Мајкл ('Мајк') Роџерс (роден на 20 декември 1979 во Бархем (Нов Јужен Велс)) е австралиски професионален друмски велосипедист, кој пораснал во Канбера и вози за Тим Скај.[1] Роџерс станал професионалец во 1999 со Мапеи-Квик Степ, кој станеле Квик Степ. Во 2005 Роџер му се придрижил на Т-Мобајл Тим и ги предводел на Тур де Франс 2007.
Содржина |
[уреди] Биографија
[уреди] Личен живот
Роџер живее во Варезе, Италија со неговата италијанска жена и трите ќерки.
[уреди] Рана кариера
Роџерс бил дел од Австралискиот институт за спорт, кој му овозможил да се пресели во Европа на 16 години како аматер. Започнал како велодромски велосипедист со тренерот Чарли Волш. Роџерс ги освоил светските првенства во хронометар во 2003, 2004 и 2005. Тој бил втор во 2003, но станал првак, откако победникот, Давид Милер, бил дисквалификуван поради допинг. Роџерс ја добил неговата маичка-виножито и златниот медал на денот на првенството во 2004, така добивајќи два златни медала во ист ден.
На Тур де Франс 2003, Роџерс му помогнал на Ришар Виранк да ја освои неговата шестта точкаста маичка како Крал на планините. Тој бил последен возач, кој останал да му помогне на Виранк во неговиот ден на бегство и етапната победа.
Во мај 2011, американскиот велосипедист Тајлер Хамилтон се откажа од неговиот златен медал на машкиот индивидуален хронометар на ЛОИ 2004, откако признал за допингот во текот на неговата велосипедска кариера. Ова довело Роџерс соодветно да го освои бронзениот медал на трката, во која тој првично бил четврти.
[уреди] Т-Мобајл (2006–2010)
Роџер му се придружил на Т-Мобајл Тим во сезоната 2006 и завршил 9-ти во крајниот пласман на Тур де Франс 2006.
На 15 јули, Роџерс се повлекол на 8-та етапа од Тур де Франс 2007, откако ја скршил клучната коска во несреќа на претходната етапа. Тој останал сè додека не пристигнал докторот за присутниот Австралиец Стјуарт О‘Грејди, кој завршил на носила во болница.
Откако му било дијагностицирана мононуклеоза (треска на жлездите), таа предизвикала сериозно потешкотии на неговата тркачка форма по некое време. До крајот на 2009 се вратил на својата форма и започнал да забележува големи успеси, со Тим Колумбија-Хај Роад, наследникот на Т-Мобајл. Во 2010, како лидер на неговиот тим, ја освоил Вуелта а Андалусија, а потоа и Трка околу Калифорнија (првиот не-Американец кој го направил тоа).
По разочарувачкиот Тур де Франс 2010 (37-ми на крај), Роџерс објавил дека во иднина ќе се сконцентрира на пократките трки (н.п. еднонеделните), како и тоа дека нема повеќе да настапува на подолги трки.
[уреди] Тим Скај (2011–)
Во октомври 2010 објавил дека ќе го напушти Тим ХТЦ-Колумбија и ќе се приклучи на британскиот Тим Скај за сезоната 2011. Меѓутоа, тој претрпел повторување на неговата мононуклеоза рано во сезоната и не бил во можност да ја брани неговата титула на Трка околу Калифорнија од 2010. Роџерс се вратил на тренинзи на крајот од сезоната.
Роџерс ја започнал сезоната 2012 со трето место на Австралиското национално хронометарско првенство,[2] и го водел Тим Скај на Тур Даун Андер, каде завршил четврти во генералниот пласман. Во март, Роџерс завршил трет на Критериум Интернационал; завршил втор зад возачот на БМЦ Рејсинг Тим Кедел Еванс во индивидуалниот хронометар околу Порто Векио,[3] и завршил осми на последната етапа, на завршницата на врвот Л‘Оспедал.[4]
[уреди] Достигнувања
- 1996
- 1рв
Јуниорски национално хронометарски првак
- 1997
- 1рв
Светски тимски првак под 19 години - 1рв
Светски бодовен првак под 19 години - 2ор
Светски хронометарски првак под 19 години - 1998
- 1рв
Победник на трката 20 км на Комонвелтските Игри 1998 - 1рв
Индивидуален национален првак
- 1999
- 2ор
Светски хронометарски првак под 23 години - 2000
- 1рв Етапа 2 Тур Даун Андер
- 3ет
Светски хронометарски првак под 23 години - 2002
- 1рв
Краен пласман, Тур де Бос - 1рв
Краен пласман, Тур Даун Андер
- 1рв Етапа 2
- 2ор
индивидуален хронометар - 2003
- 1рв
Светски хронометарски првак
- 1рв
Краен пласман, Трка околу Германија
- 1рв Етапа 6
- 1рв
Краен пласман, Рут ду Суд
- 1рв Етапа 3
- 1рв
Краен пласман, Трка околу Белгија - 2004
- 1рв
Светски хронометарски првак
- 4ти Етапа 7 Тур де Франс
- 3ет Летни олимписки игри 2004 Машки индивидуален хронометар
- 2005
- 1рв
Светски хронометарски првак
- 2ор Краен пласман, Тур де Свис
- 4ти Краен пласман, Волта а Каталуња
- 2006
- 2ор Краен пласман, Регио-Тур Интернационал
- 1рв Етапа 3
- 9ти Краен пласман, Тур де Франс
- 2ор Етапа 3
- 2007
- 2ор Краен пласман, Волта а Каталуња
- 7ми Краен пласман, Трка околу Калифорнија
- 2008
- 2ор Краен пласман, Трка околу Мисури
- 2ор Краен пласман, Трка околу Саксонија
- 3ет Краен пласман, Енеко Тур
- 5ти Олимписка друмска трка
- 2009
- 1рв
Национален хронометарски првак
- 3ет Краен пласман, Трка околу Калифорнија
- 6ти Краен пласман, Тур Даун Андер
- 7ми Краен пласман, Џиро д‘Италиа
- 1рв Етапа 1 (тимски хронометар)
- 8ми Краен пласман, Вуелта ал Паис Васко
- 2010
- 1рв
Краен пласман, Трка околу Калифорнија - 1рв
Краен пласман, Вуелта а Андалусија - 2ор Краен пласман, Критериум ду Дофине
- 3ет Монтепаски Страде Бјанке
- 3ет Краен пласман, Тур де Романди
- 2012
- 1рв
Краен пласман Трка околу Баварија
- 1рв Етапа 2
- 1рв Етапа 4, индивидуален хронометар (ITT)
- 3ет Национален хронометарски првак
- 3ет Краен пласман, Критериум Интернационал
- 4ти Краен пласман, Тур Даун Андер
| Спортски позиции | ||
|---|---|---|
| Претходник Сантијаго Ботеро |
Светски хронометарски првак 2003–2005 |
Наследник Фабијан Канчелара |
[уреди] Наводи
- ↑ „Тимот на Марк Кевендиш Team Sky ги потврди членовите за сезоната 2012“, „BBC Sport“, BBC, 4 јануари 2012. Проверено на 6 јануари 2012.
- ↑ Воган, Роџер. „Дарбриџ победи, Бобриџ во болница“, „The Sydney Morning Herald“, Fairfax Media, 10 јануари 2012. Проверено на 21 јануари 2012.
- ↑ „Еванс го освоил хронометарот на Критериум Интернационал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 24 март 2012. Проверено на 25 март 2012.
- ↑ „Федриго победи на последната етапа на Критериум Интернационал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 март 2012. Проверено на 25 март 2012.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Мајкл Роџерс (велосипедист)“ |