Пјерик Федриго

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Пјерик Федриго

Федриго на Тур де Франс 2005
Лични податоци
Цело име Пјерик Федриго
Роден 30 ноември 1978 (1978-11-30) (34 г.)
Марманд, Франција
Висина 1,72 м
Маса 66 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб ФДЖ
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
2002–2004
2005–2010
2011–
Кредит Агрикол
Бјуик Телеком
ФДЖ
Значајни победи
Тур де Франс, 4 етапи
Четири дена Денкерк (2005)
Тур ду Лимузен (2005–2007)
Критериум Интернационал (2010)
Национален друмски првак (2005)
Последна промена
19 јануари 2013

Пјерик Федриго (роден на 30 ноември 1978 во Марманд) е француски друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ФДЖ.[1] Тој бил француски национален друмски првак во 2005 и има освоено четири етапи на Тур де Франс.

Содржина

Кариера [уреди]

Федриго ја освоил етапата 14 во Гап во 2006, етапата 9 во Тарб во 2009 и две етапи во По: етапата 16 во 2010 и етапата 15 на изданието во 2012. На изданието во 2010 бил дел од избрана група, која се искачила на две искачувања од екстра категорија и едно искачување од втора категорија. Тој се борел со останатите седум членови на бегството, вклучувајќи го Ленс Армстронг и победил.[2] Федриго освоил исто така и неколку трки, вклучувајќи ги Четири дена Денкерк во 2005 и Критериум Интернационал во 2010. Неговиот прекар е „le nez de Marmande“ (Носот на Марманд) поради неговиот препознатлив нос.

Учества на Тур де Франс [уреди]

  • 2012 – победа на етапа 15
  • 2011 – не учествувал
  • 2010 – 57. краен пласман, победа на етапа 16
  • 2009 – 56. краен пласман, победа на етапа 9
  • 2008 – 32. краен пласман
  • 2007 – 84. краен пласман
  • 2006 – 29. краен пласман, победа на етапа 14
  • 2005 – 46. краен пласман
  • 2004 – 76. краен пласман
  • 2003 – не завршил

Достигнувања [уреди]

2002
1. Етапа 4 Тур ду Лимузен
1. Етапа 3 Париз-Корез
2003
1. Етапа 6 Тур де л’Авенир
2004
1. Краен пласман Тур ду Лимузен
1. Етапа 2
2005
1. Национален друмски првак
1. Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Шоле-По де Лоара
2006
1. Етапа 14 Тур де Франс
1. Краен пласман Тур ду Лимузен
1. Етапа 1
2008
1. Етапа 4 Четири дена Денкерк
1. Етапа 3 Волта а Каталуња
2009
1. Етапа 5 Четири дена Денкерк
1. Етапа 6 Критериум ду Дофине Либере
1. Етапа 9 Тур де Франс[3]
2010
1. Етапа 16 Тур де Франс
1. Краен пласман Критериум Интернационал
1. Етапа 1
1. Бодовен пласман
2011
2. Гран при Монтреал
2. ГП де Плимелек-Морбијан
4. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
2012
1. Етапа 15 Тур де Франс
2. Краен пласман Критериум Интернационал
1. Етапа 3
6. Краен пласман Четири дена Денкерк
2013
4. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
6. Краен пласман Етоал де Бесеже

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]