Кедел Еванс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кедел Еванс

Еванс на Критериум ду Дофине 2012.
Лични податоци
Цело име Кедел Ли Еванс
Прекар „Кадлс“[1]
Роден 14 февруари 1977 (1977-02-14) (37 г.)
Катерина, Северна Територија, Австралија[2]
Висина 1,74 м[3]
Маса 67 кг[3]
Податоци за клубот
Мом. клуб БМЦ Рејсинг Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
1994–1999
2001
Австралиски институт за спорт (AIS)
Викторијански институт за спорт (VIS)
Професионални клубови

2001
2002
2003–2004
2005–2009
2010–
Волво-Кенондејл (MTB) (1999)
Саеко Машине пер Кафе
Мапеи-Квик Степ
Тим Телеком
Давитамон-Лото
БМЦ Рејсинг Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
Бодовен пласман (2010)
1 индивидуална етапа (2010)
Тур де Франс
Генерален пласман (2011)
2 индивидуални етапи (2007, 2011)

Етапни трки

Критериум Интернасионал (2012)
Џиро дел Трентино (2014)
Трка околу Австрија (2001, 2004)
Тур де Романди (2006, 2011)
Тирено-Адријатико (2011)
Сетимана интернационале ди Копи е Бартали (2008)

Еднодневни трки и класици

Светски друмски првак (2009)
Флеш Валон (2010)

Друго

UCI ProTour (2007)
Последна промена
22 јули 2014

Кедел Ли Еванс АМ (англиски: Cadel Lee Evans; р. 14 февруари 1977) — австралиски професионален велосипедист и победник на Тур де Франс 2011. На почетокот на неговата кариера, Еванс бил првак во планински велосипедизам, победувајќи го Светскиот куп во 1998 и 1999 и пласирајќи се седми на трката во крос-кантри во планински велосипедизам на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј.

Еванс се префрлил целосно на друмскиот велосипедизам во 2001 и постепени се пробивал нагоре. Тој завршил втор на Тур де Франс во 2007 и 2008. Станал првиот Австралиец, кој го освоил UCI ProTour (2007) и Светското друмско првенство UCI во 2009. Конечно го освоил Тур де Франс во 2011, возејќи за БМЦ Рејсинг Тим, откако на двапати бил проследен со лоша среќа.[4] Со 34 години, тој е меѓу петте најстари победници во историјата на трката. Заедно со Американецот Грег Лемонд, тој е еден од само двајцата неевропејци кои „официјално“ го освоиле Тур. На другите двајца неевропски победници, Американците Ленс Армстронг и Флојд Лендис, им биле поништени нивните победи поради допинг.

Ран живот[уреди]

Кедел Еванс е роден на 14 февруари 1977 во Катерина, Северна Територија, Австралија, од Хелен Кокс, менаџер на банка и Пол Еванс, надзорник.[5] Тој го поминал неговото рано детство во малата абориџинска заедница Барунга, 80 километри источно од Катерина.[6] На возраст од седум години бил удрен во главата од коњ и поминал седум дена во кома. Во 1986, неговите родители се разделиле и тој најпрвин се преселил со неговата мајка во Армидејл, Нов Јужен Велс, а потоа во Елтам, Викторија, каде сè уште живее неговата мајка. Еванс го посетувал јавното училиште Њулинг во Армидејл и средното училиште Елтам во Мелбурн.[7] Скејтот бил еден од неговите интереси во тинејџерските години. Неговиот татко го опишал како добар ученик, но од друга страна како обично дете, кои ги оставало своите играчки наоколу; „Ни во [моите] најлуди сонови“ не можел да се замисли дека неговиот син ќе стане врвен светски атлет.[5]

Кариера[уреди]

Планински велосипедизам[уреди]

Еванс ја започнал неговата меѓународна кариера во 1995 како носител на стипендија во програмата за планински велосипедизам на Австралискиот институт за спорт, со тренерот на велосипедската програма на АИС Дамјен Грунди, а од 1998 со тренерот за друмски велосипедизам Хајко Залцведел. Тестовите покажале дека Еванс поседува ретка комбинација - необичен волумен на белите дробови и капацитет да вдиши повеќе кислород со секој вдишување отколку 99,9 проценти од населението. Оваа способност му го донела прекарот „Дробови“.[8]

Освоил бронзени медали на Светското јуниорско првенство во планински велосипедизам и Светското јуниорско хронометарско првенство во 1995 и сребрени медали на Светските првенства под 23 години во 1997 и 1999. Ја освоил дисциплината крос-кантри на Светскиот куп во планински велосипедизам во 1998 и 1999. Во 1998, Шејн Банан му бил тренер за категориите под 23 години.

Во 1997 возел за екипата во планински велосипедизам Дајамондбек,[9] и потоа за Волво-Канондале.[10]

Префрлање на друмски велосипедизам[уреди]

Во летото 2000 по консултација со Микеле Ферари под менаџмент на Тони Ромингер, Еванс целосно се префрлил на друмски велосипедизам.[11]

Тој возел за Саеко (2001), Мапеи (2002) и Тим Телеком (2003–2004). Во Мапеи бил трениран од Алдо Саси, кој му помогнал подобро да се адаптира од планински велосипедист на возеч на големите трки. По смртта на Саси во 2010 од рак, Еванс ја продолжил соработката со неговиот заменик Андреја Морели. По освојувањето на Тур во 2011, Еванс ја посветил победата на неговиот тренер.[12] Од сезоната 2005 му се придружил на Давитамон-Лото и дошол осми на неговиот прв Тур де Франс, првиот Австралиец во првите десет по Фил Андерсон.

Кедел Еванс вози во Бон, Германија во 2005

Други почетни успеси му биле победите во крајниот пласман на Трката околу Австралија на изданијата во 2001 и 2004, 14. на Џиро д’Италија 2002 (ја носел водечката маичка, Maglia Rosa еден ден), хронометарски првак на Комонвелтските игри во 2002, етапна победа на Тур Даун Андер 2002, петти на Трката околу Германија 2005 и освојувањето на планинскиот пласман на Тур Даун Андер 2006.

2006[уреди]

Еванс го освоил Тур де Романди, победувајќи ги Шпанците Алберто Контадор и Алехандро Валверде на последната етапа, 20-километарскиот хронометар околу Лозана. Тој завршил петти на Тур де Франс, но подоцна бил прогласен за четврти по дисквалификувањето на првичниот победник Флојд Лендис, поради позитивен тест за допинг.

Еванс исто така бил прогласен за австралиски велосипедист на годината.

2007[уреди]

На Тур де Франс 2007, Еванс завршил зад победникот Контадор. Ја освоил етапата 13 на која имало хронометар и бил втор на хронометарот на етапата 19. Еванс завршил четврти на Вуелта а Еспања 2007. Стигнал петти на Светското првенство и шести во последната трка од UCI ProTour, Џиро ди Ломбардија, обезбедувајќи ја титулата во UCI ProTour 2007 со 247 бода пред Давиде Ребелин и Алберто Контадор.

Тој повторно бил прогласен за австралиски велосипедист на годината.

2008[уреди]

Еванс бил фаворит за победа на Тур де Франс 2008, бидејќи Контадор не можел да учествува поради тоа што неговата екипа Астана не била поканета на трката. Еванс ја носел жолтата маичка на етапите 10-14. Меѓутоа, на Алп д’Ез на етапата 17, Карлос Састре од Team CSC бил 2 минути и 15 секунди пред Еванс. На хронометарот на претпоследната етапа, Еванс требало да вози 1 минута и 34 секунди побрзо отколку Састре. Тој го победил Састре и се искачил на второто место, но заостанал 58 секунди зад него на крајот на Тур.

Додека се опоравувал од пукнат преден лигамент,[13] Еванс се натпреварувал на машката друмска трка на Олимпијадата во Пекинг, завршувајќи 15., 22 секунди зад Самуел Санчез.[14] Се пласирал петти на друмскиот хронометар четири дена подоцна.

2009[уреди]

Еванс ја освоил друмската трка на Светското првенство во Мендрисио, Швајцарија на 27 септември.[15] Победата дошла кратко по неговото трето место на Вуелта а Еспања, каде ја носел и златната маичка еден ден, иако неговата трка била нарушена од механички проблеми на планинската завршница на Сиера Невада. Комбинација од слабата поддршка од екипата и слабата форма ја нарушиле неговата кампања на Тур де Франс 2009 и тој бил во можност да заврши само на 30. место, 45 минути зад победникот Алберто Контадор. Исто така, забележал победи на Критериум ду Дофине Либере и Сетимана интернационале Копи е Бартали.

Сезоната го направила Еванс да биде еден од најуспешните велосипедисти од Австралија со две места на подиум на Тур де Франс. Тој бил во групата на елитни велосипедисти, кои ги носеле сите три водечки маички; розовата маичка на Џиро д’Италија во 2002, жолтата маичка четири дена на Тур де Франс 2008 и златната маичка на Вуелта а Еспања во 2009. Тој бил прогласен за австралиски велосипедист на годината по третпат.

Имало многу шпекулации на крајот на сезоната 2009, дека Еванс бара нова екипа, која подобро ќе го поддржува на Тур 2010. Откако Еванс станал светски првак, тој целосно се посветил на помагање на неговиот колега Филип Жилбер. На многумина, ова било доказ за посреќна врска помеѓу Еванс и Сајленс-Лото. Меѓутоа, потоа било објавено дека Еванс ја напушта екипата, додека екипата неговата причина за заминување ја гледало во „барање нови предизвици“.[16]

Биографијата, Кедел Еванс: Близу до летање, била објавена од Hardie Grant Books во ноември 2009.[17]

2010[уреди]

Еванс на екипната презентација на Тур де Франс 2010

Во 2010, Еванс заминал во екипата БМЦ Рејсинг Тим.[18] Тој имал успех на Флеш Валон 2010 и ја носел розовата маичка по етапата 2 на Џиро д’Италија 2010. Еванс ја освоил седмата етапа на Џиро д’Италија со доминантен спринт пред мала група. Еванс завршил 5. во генералниот пласман, освојувајќи го Maglia Rosso Passione (бодовен пласман) и пласманот Аѕури д’Италија. Еванс исто така ја носел жолтата маичка на етапата девет на Тур де Франс 2010, додека возел со фрактура на неговото лево колено предизвикана од падот на претходната етапа. Загубил многу време во однос на лидерите во текот на етапата девет, при што ја загубил жолтата маичка и борбата за победа на трката. Ја завршил трката на 26. место, 50 минути и 27 секунди зад Алберто Контадор.[19]

2011[уреди]

Еванс имал многу успешен почеток на 2011, освојувајќи етапата 6 и генералниот пласман на Тирено-Адријатико и генералниот пласман на Тур де Романди, обете дел од Светската турнеја. Пропуштајќи го Џиро, Еванс се подготвувал за Тур де Франс 2011 на Критериум ду Дофине, каде завршил втор, една од главните трки за подготвување на Тур.

Еванс завршил втор на етапата 1 на Тур де Франс и ја освоил етапата 4, втората етапна победа на Тур де Франс во неговата кариера.[20] Потоа, Еванс водел во планинскиот пласман по етапата 4 еден ден. Како трката продолжувала Еванс сè повеќе ги бркал бегството со цел да го зачува неговото петто место во генералниот пласман и да ги одржи временските разлики, кои се верувало дека ќе ги надомести на индивидуалниот хронометар на етапата 20.[21] Во текот на етапата 19 на Тур, Еванс бил присилен да го брка бегството, каде биле присутни и кандидати за генералниот пласман и предводена од трикратниот првак Алберто Контадор. Меѓутоа, тој доживеал механички проблеми и бил присилен да го смени велосипедот. Тој повторно ја терал групата да ги достигне членовите на бегството, чувајќи се себеси во рамките на пристојно растојание за победа во генералниот пласман, на само една минута зад Енди Шлек.

Еванс ја носи жолтата маичка на последната етапа на Тур де Франс 2011

На хронометарот, последната етапа пред Париз, Еванс го преземал водството во генералниот пласман за 1' 34" откако завршил втор на етапата, победувајќи го претходниот водач на трката Енди Шлек за 2' 31".[22] Со победата станал првиот Австралиец, кој го освоил Тур де Франс и најстариот, кој победил во генералниот пласман во повоената ера.[23] Победата на Еванс била прославена во неговата татковина со повици за национален празник, додека неговата победа била споредувана со онаа во Американскиот куп 1983, која била сметана за најголемо спортско достигнување на Австралија.[24] Австралискиот премиер Џулија Гилард лично му телефонирала на Еванс да му честита, велејќи „Јас сакав да му честитам на Кедел Еванс. Имав можност утринава лично да зборувам со него и да му честитам. Верувам дека го вознемирив додека тој се обидуваше да дојде до убаво, топло бањење.”[24]

Еванс самиот коментирал за неговата победа веднаш по трката, признавајќи дека бил несигурен, како неговата победа ќе се почувствува во Австралија, изјавувајќи дека „Немав време да мислам за тој аспект, да бидам искрен. Тоа е долг, долг процес и ќе одземе многу време да видиме што тоа значи. Секогаш неколку луѓе веруваа во мене и тие се луѓето кои најмногу ми значат. Ние успеавме. Беше вистинско задоволство во изминативе три недели”.[21] На парадата во татковината по неговото враќање во Австралија, стотици илјади луѓе биле присутни, облечени во жолто и веејќи жолти знамиња во Мелбурн. Бил одржан и државен прием во негова чест.[25]

2012[уреди]

На почетокот на сезоната, Еванс го освоил генералниот пласман на трката Критериум Интернасионал, три етапна трка одржана во март. Тој бил победоносен на втората етапа, индивидуален хронометар од 6,5 километри,[26] и го задржал водството на третата и последна етапа, здобивајќи се и со маичката во бодовен пласман.[27] Исто така, Еванс ја однел престижната победа на етапата 1 на Критериум ду Дофине откако нападнал на последниот спуст, фаќајќи ги и поминувајќи ги двајцата возачи, кои биле напред, Жером Копел (Сор-Сожасун) и Андреј Кашечкин (Астана).[28] Еванс завршил на третото место во генералниот пласман, но ја добил маичката за бодовниот пласман.[29]

Еванс го започнал Тур де Франс 2012 со високи надежи за повторување на резултатот од 2011. На етапата 7, Кедел покажал одлична форма завршувајќи втор на врвот Ла Плаш де Бел Фил, постигнувајќи го истото време како ривалот Бредли Вигинс од Тим Скај, кој на крајот на етапата ја преземал жолтата маичка.[30] Потоа, Еванс загубил значајно време на индивидуалниот хронометар на деветтата етапа, доаѓајќи на шестото место со задоцнување од една минута и четириесет и три секунди зад победникот Вигинс, кој преовладувал на трката.[31] Повторно задоцнил многу зад водечките на планинската етапа од Албервил до Ла Тусуар-Ле Сибел (Етапа 11), каде се направил смел напад со колегата Тиџеј ван Гардерен на 7 километри пред врвот на Кол де ла Кроа де Фер на скоро 60 километри пред крајот на етапата. Самиот напад не успеал и подоцна тој отпаднал од групата на искачувањето на Ла Тусуар, не можејќи да го следи темпото, поставено од помошникот на Вигинс Крис Фрум. Задоцнил минита и 26 секунди зад водачот на трката.[32] Етапата 14 била скоро запрена од страна на Тим Скај и Вигинс, кога се појавиле вести за фрлени клинци на патеката, предизвикувајќи промена на три тркала поради дупнати гуми.[33] Водечката екипа ѝ наредиле на главната група да одат споро и да ги чекаат возачите со дупнати гуми, вклучувајќи го и Еванс. Кога возачите на БМЦ Рејсинг Тим го довеле Кедел назад до главната група, тие му отпоздравиле на автомобилот на Тим Скај во знак на благодарност за нивниот гест.[34] Еванс отпаднал од натпреварувањето за висок пласман на етапата 16, кога загубил контакт со водечките на претпоследното искачување, но подоцна на спустот бил доведен до групата од неговите колеги, за потоа повторно да отпадне на Кол де Пејрасурд. Паднал на седмото место во генералниот пласман, едно место зад колегата Тиџеј ван Гардерен. Еванс загубил дополнително време на последниот хроноетар од Боневал до Шартр, каде бил престигнат од Ван Гардерен, и покрај разликите во тргнување од 3 минути помеѓу секој возач. Тој навел болест како објаснување за неговиот резултат. Завршил на трката на седмото место, 15 минути и 49 секунди зад победникот Бредли Вигинс и изјавил дека ќе се врати како водач на БМЦ во 2013 година.[35][36]

Еванс бил избран во австралискиот состав за олимписката друмска трка и хронометарот. Меѓутоа, откако не направил никаков позначаен резултат на друмската трка, Еванс решил да се повлече од хронометарот, наведувајќи замор.[37] Неколку недели подоцна го откажал својот настап на трките од Светската турнеја во Квебек и Монтреал, изјавувајќи дека ќе стави крај на неговата сезона, поради премореност и не сакајќи да ја наруши сезоната во 2013.[38]

Личен живот[уреди]

Тој е оженет со Кјара Пасерини, италијанска пијанистка и учителка по музичко образование, со која се сретнал на крајот на 2002.[39] Еванс ја запросил во 2005, по неговиот прв настап на Тур де Франс.[7] Во јануари 2012, двојката го посвоила нивниот син Робел, кој бил напуштен на улиците на Шашамане, Етиопија, на возраст од шест месеци.[40]

Прадедото на Кедел е од Велс,[41] и така тој бил именуван „Кедел“ во чест на тројцата велшки кралеви.[42]

Прв братучед на Еванс е австралискиот параолимпиец Метју Ханапел, кој настапил во Параолимписките игри во Лондон.[43][44]

Еванс изјавил дека неговите години од детството поминати во Армидејл, Нов Јужен Велс, биле инспирација за неговата велосипедска кариера.

Негов моментален австралиски дом е крајбрежниот град Барвон Хедс, Викторија, околу 100 километри југозападно од Мелбурн. Кога е во Европа престојува во Стабио, Швајцарија.[7]

Еван станал член на генералната дивизија на Редот на Австралија на 10 јуни 2013.[45]

Филантропија[уреди]

Освојувајќи ја наградата за спортист на годината за 2007 од The Sydney Morning Herald, Еванс ветил дека ќе ја донира неговата награда од 50.000 $ во добротворни цели, вклучувајќи ја Фондацијата Ејми Џилет, основана во спомен на поранешната австралиска велосипедистка и веслачка. Џилет била убиена за време на етапна трка во Германија во 2005, кога таа и нејзините австралиски колешки биле удрени од автомобил. Други корисници биле Фонтаната на младоста на Јан Торп, основана од олимпискиот пливач за олеснување и лечење на заболени лица помлади од 20 години. При изјавата, Еванс открил дека Торп ја посетил абориџинската заедница Барунга во Северната територија, каде Еванс живеел до тригодишна возраст.[46]

Во 2008, Еванс носел маичка со знамето на Тибет и ја поддржувал независноста на Тибет.[47][48] Тој изјавил:

„Обидувајќи се да разбудат свесноста за движењето на Тибер е нешто што некој на мое место може да го направи. Едноставно почувствував жал за нив. Не напаѓаат никого, но некој им ја оттргнува нивната култура од нив. Не сакам да видам повторување на состојбата со абориџинската култура (во Австралија) повторно да се случи со друга култура“.[48]

Како поддршка на иницијативите на Orygen Youth Health, Еванс учествува на годишната трка Suit Up & Ride во Мелбурн од 2010.[49]

Достигнувања[уреди]

1993
1. MaillotAustralia.PNG Национално планинско првенство под 17 години
1994
1. MaillotAustralia.PNG Национално планински првенство под 19 години
2. Silver medal blank.svg Светско планинско првенство под 19 години
1995
3. Bronze medal blank.svg Светско планинско првенство под 19 години
3. Bronze medal blank.svg Светско јуниорско хронометарско првенство
1996
1. MaillotAustralia.PNG Национално планинско првенство
3. Bronze medal blank.svg Светско планинско првенство под 23 години
9. Планинска трка Атланта Олимпикс
1997
1. MaillotAustralia.PNG Национално планинско првенство
2. Silver medal blank.svg Светско планинско првенство под 23 години
1998
1. Краен пласман Светски куп во планински велосипедизам
1999
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Тасманија
1. Етапа 3
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач Тур Даун Андер
1. Краен пласман Светски куп во планински велосипедизам
2. Silver medal blank.svg Светско планинско првенство под 23 години
2000
7. Крос-кантри планиски велосипедизам на Олимпијадата во Сиднеј
2001
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Австрија
2. Silver medal blank.svg Светско планинско првенство
2002
1. Gold medal blank.svg Комонвелтски игри - индивидуален хронометар
1. Етапа 5 Тур Даун Андер
1. Jersey white.svg Планински пласман
1. Етапа 1 Сетимана Сиклистика Интернационале
1. Етапа 4 Класик UNIQA
2. Silver medal blank.svg Комонвелтски игри - друмска трка
3. Краен пласман Тур де Романди
14. Краен пласман Џиро д’Италија
Ја носел Jersey pink.svg розовата маичка на етапите 16–17
2003
1. Jersey white.svg Планински пласман Тур Даун Андер
2004
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 2
2005
1. Етапа 7 Трка околу Германија
8. Краен пласман Тур де Франс
4. Етапа 16
2006
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 5
1. Jersey white.svg Планински пласман Тур Даун Андер
4. Краен пласман Тур де Франс
7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2007
Првак UCI ProTour
1. Етапа 2 (ITT) Пекинг 2008
1. Етапа 1 Дел B (ТТТ) Сетимана Сиклистика Интернационален Копи-Бартали
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 13
2. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Тур де Романди
6. Џиро ди Ломбардија
2008
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Сетимана интернационален ди Копи е Бартали
1. Етапа 3
1. Етапа 4 Париз-Ница
2. Краен пласман Тур де Франс
Ја носел жолтата маичка Jersey yellow.svg на етапите 10–14
2. Флеш Валон
2. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Етапа 2
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
2009
1. MaillotMundial.PNG Светски друмски првак
2. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 5
2. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
1. Етапа 1
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
Ја носел Jersey gold.svg златната маичка на етапата 8
Ја носел Jersey white.svg белата маичка на етапите 8–11
4. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Флеш Валон
2010
1. Флеш Валон
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
5. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 7
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Jersey blue.svg Пласман Аѕури д’Италија
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
6. Краен пласман Тур Даун Андер
Jersey red.svg Најборбен возач на етапа 5
2011
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 4
1. Jersey blue.svg Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 6
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Романди
2. Краен пласман Критериум ду Дофине
7. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
8. Краен пласман Волта а Каталуња
2012
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Критериум Интернационал
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2 (ITT)
3. Краен пласман Критериум ду Дофине
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
7. Краен пласман Тур де Франс
2013
1. Етапа 4 Трка околу Алберта
3. Краен пласман Џиро д’Италија
3. Краен пласман Трка околу Оман
8. Краен пласман Џиро дел Трентино
2014
1. Jersey violet.svg Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 3
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 3
2. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Тур ду От Вар
7. Краен пласман Трка околу Баскија
7. Страде Бјанке
8. Краен пласман Џиро д’Италија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 14 5 3 8
Jersey yellow.svg Тур 8 4 2 2 30 26 1 7 39
Jersey red.svg Вуелта 60 4 3

Наводи[уреди]

  1. Бишоп, Грег. „Never Too Old to Change, or to Win the Tour de France“, „The New York Times“, Arthur Ochs Sulzberger, Jr.; The New York Times Company, 24 јули 2011 (конс. 28 мај 2013).
  2. Еванс, Кедел. „Околу Кедел“. „Официјална страница“. Кедел Еванс. http://www.cadelevans.com.au/bio.aspx. конс. 7 мај 2011. 
  3. 3,0 3,1 „Профил на Кедел Еванс“. 
  4. Мет Прајс (2 август 2011). „Дали Кедел Еванс конечно ќе го освои Тур?“. BigPond sport. http://www.bigpondsport.com/will-cadel-evans-finally-win-the-tour/tabid/91/newsid/73884/default.aspx. 
  5. 5,0 5,1 Daniel Emerson and Arjun Ramachandran (25 јули 2008). „True grit: quirky kid's a tour de force“. „Sydney Morning Herald“. Fairfax. http://www.smh.com.au/news/sport/true-grit-quirky-kids-a-tour-de-force/2008/07/25/1216492717814.html. 
  6. Кери Шарп (25 јули 2011). „Треската Кедел оди до горните граници“. „Accidentally Outback“. Heartland Publishing. http://www.accidentallyoutback.com.au/news/1087-cadel-fever-takes-over-the-top-end. 
  7. 7,0 7,1 7,2 Стефани Визард (25 јули 2007). „Пет работи кои не ги знаете за Кедел Еванс“. „Australian Women's Weekly“. ninemsn. http://aww.ninemsn.com.au/news/newsstories/8276957/five-things-you-didnt-know-about-cadel-evans. конс. 25 август 2011. 
  8. National Museum of Australia: Cadel Evans cycling collection
  9. „Кедел Еванс“. Cycling Archives. http://www.cyclingarchives.com/coureurfiche.php?coureurid=5689. конс. 11 октомври 2011. 
  10. „Волво-Канондале (MTB) 1998“. Cycling Archives. http://www.cyclingarchives.com/ploegfiche.php?id=14819. конс. 11 октомври 2011. 
  11. Микеле Ферари (23 јули 2011). „Еванс се сретнал со Ферари“. 53x12.com. http://www.53x12.com/do/show?page=indepth.view&id=123. 
  12. Руперт Гинис (12 август 2011). „Evans takes time out to pay respects to mentor“. „Sydney Morning Herald“. Fairfax. http://www.smh.com.au/sport/cycling/evans-takes-time-out-to-pay-respects-to-mentor-20110811-1iowi.html. 
  13. Lusetich, Robert. „Fearless Cadel Evans fails to stand the test of time“, „The Australian“, News Limited, 14 август 2008.
  14. Шлинк, Лео. „Австралискиот велосипедист Мајкл Роџерс за малку го пропушти медалот на олимписката друмска трка“, „The Australian“, News Limited, 9 август 2008.
  15. Австралиецот Еванс победи на друмската трка“, „BBC Sport“, BBC, 27 септември 2009 (конс. 28 септември 2009).
  16. „Еванс си оди од Сајленс-Лото“. „Cycling News“. Future Publishing. 31 октомври 2009. http://www.cyclingnews.com/news/evans-to-leave-silence-lotto. 
  17. Evans, Cadel; Arnold, R (2009) (hardback). „Cadel Evans: Close To Flying“. Hardie Grant Books. стр. 272. ISBN 978-1-74066-667-1. 
  18. Cyclingnews.com (1 октомври 2009). „БМЦ го потврди потпишувањето на Еванс“. „Cycling News“. Future Publishing. http://www.cyclingnews.com/news/bmc-confirms-evans-signing. конс. 1 октомври 2009. 
  19. www.letour.fr. „Тур де Франс – 2010“. AMAURY SPORT ORGANISATION. http://www.letour.fr/2010/TDF/LIVE/us/2000/classement/index.html. конс. 17 септември 2010. 
  20. „Кедел Еванс го победи Алберто Контадор на етапата 4“. „Guardian“. Guardian News and Media. 5 јули 2011. http://www.guardian.co.uk/sport/2011/jul/05/tour-de-france-stage-four. конс. 5 јули 2011. 
  21. 21,0 21,1 Бери Рајан. „Кедел еванс победи на Тур де Франс 2011“, „Cycling News“, Future Publishing, 24 јули 2011.
  22. „Еванс ги порази сите со совршено извозениот хронометар“. „Cycling News“. Future Publishing. 23 јули 2011. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-20/results. конс. 25 јули 2011. 
  23. Гинис, Руперт. „Прекрасниот Еванс ги уништи ривалите за победа на Тур“, Fairfax, 24 јули 2011 (конс. 24 јули 2011).
  24. 24,0 24,1 Reuters. „Австралија се поклонува пред „кралот Кедел““, „Bike World News“, BWN Publishing, 25 јули 2011 (конс. 25 август 2011).
  25. Колдвел, Алисон. „Стотици илјади го славеа Кедел Еванс“, „PM (ABC Radio)“, Australian Broadcasting Corporation (конс. 15 август 2011).
  26. Еванс победи на хронометарот на Критериум Интернасионал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 март 2012 (конс. 4 септември 2012).
  27. Федриго победил на последната етапа на Критериум Интернасионал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 март 2012 (конс. 4 септември 2012).
  28. Сузан Вестемајер. „Еванс победи на првата етапа на Дофине“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 4 јуни 2012 (конс. 4 септември 2012).
  29. Bradley Wiggins retains his Critérium du Dauphiné title“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 10 јуни 2012 (конс. 4 септеври 2012).
  30. Вестемајер, Сузан. „Фрум довел до двоен успех за Скај на Ла Пламш де Бел Фил“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 јули 2012 (конс. 15 јули 2012).
  31. Бенсон, Даниел. „Wiggins crushes time trial in Besançon“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 јули 2012 (конс. 15 јули 2012).
  32. Косинс, Питер. „Ролан се издигна за победа на Ла Тусуар“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 јули 2012 (конс. 15 јули 2012).
  33. Боден, Метју. „‘Idiots’ scatter tacks on Mur de Peguere, causing dozens of flats“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 15 јули 2012 (конс. 15 јули 2012).
  34. Аткинс, Бен. „Бредли Вигинс: „Никој не сакаше да ја искористи туѓата несреќа““, „VeloNation“, VeloNation LLC, 15 јули 2012 (конс. 15 јули 2012).
  35. Вестемајер, Сузан. „Бредли Вигинс победи на Тур де Франс 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 јули 2012 (конс. 26 јули 2012).
  36. Рајан, Бери. „Еванс ќе го предводи БМЦ на Тур де Франс 2013“, „Cycking News“, Future Publishing Limited, 22 јули 2012 (конс. 26 јули 2012).
  37. Руперт Гинес. „Еванс се повлекува од олимпискиот хронометар“, „The Sydney Morning Herald“, Fairfax Media, 30 јули 2012 (конс. 4 септември 2012).
  38. Еванс надвор од канадските трки во Светската турнеја, крај на сезоната“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 4 септември 2012 (конс. 5 септември 2012).
  39. Kelly Ryan (25 јули 2011). „Chiara calls for a national holiday“. „Herald Sun“. Australia: Herald and Weekly Times. http://www.heraldsun.com.au/ipad/tour-de-france-cadel-evans-silences-critics/story-fn6bfkm6-1226100939497. 
  40. Том Валд. „Кедел Еванс говори за посвоениот син“. „Sydney Morning Herald“. http://news.smh.com.au/breaking-news-sport/cadel-evans-opens-up-about-adopted-son-20120127-1qkdw.html. 
  41. Awstraliad o dras Cymreig yn ennill y Tour de France“, „Golwg360“, Golwg Newydd, 25 јули 2011 (конс. 25 јули 2011). (на велшки)
  42. „Golwg“ 21 (43). 10 јули 2009. 
  43. Шакел, Џејмс (24 јули 2012). „Paralympic dreams: Croydon Hills teen a hotshot in pool“. Maroondah Weekly. http://www.maroondahweekly.com.au/news/local/news/general/paralympic-dreams-croydon-hills-teen-a-hotshot-in-pool/2632869.aspx. конс. 1 август 2012. 
  44. Шакел, Џејмс (3 јули 2012). „Cadel’s cousin set for Paralympics“. Melbourne Weekly Eastern. http://www.melbourneweeklyeastern.com.au/news/local/news/business/cadels-cousin-set-for-paralympics/2610395.aspx. конс. 1 август 2012. 
  45. „Queen's Birthday honours list 2013“. Sydney Morning Herald. 10 јуни 2013. http://www.smh.com.au/national/queens-birthday-honours-list-2013-20130609-2nyam.html. конс. 10 јуни 2013. 
  46. Guinness, Rupert. „Evans recycles his $50,000 award to charities“, „The Sydney Morning Herald“, 29 ноември 2007 (конс. 26 септември 2011).
  47. „Cadel Evans soutient le Tibet libre“. „Sportweek“. http://www.sportweek.fr/sports/cyclisme/0/cadel-evans-soutient-tibet-libre-49308.html. конс. 15 октомври 2011. 
  48. 48,0 48,1 „Слика на Кедел Еванс со знамето на Тибет“. Phayul.com. 22 јули 2008. http://www.phayul.com/news/article.aspx?id=22047&t=3&c=1. 
  49. „Suit Up & Ride“. „Orygen Youth Health“. 2012. http://oyh.org.au/support-us/suit-ride. конс. 16 август 2012. 

Надворешни врски[уреди]