Едвалд Боасон Хаген
Боасон Хаген на Тур Даун Андер 2013 |
|||||||||||||||
| Лични податоци | |||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Цело име | Едвалд Боасон Хаген | ||||||||||||||
| Прекар | Еди Бос[1] | ||||||||||||||
| Роден | 17 мај 1987 Лилехамер, Норвешка |
||||||||||||||
| Висина | 1,81 м | ||||||||||||||
| Маса | 73 кг | ||||||||||||||
| Податоци за клубот | |||||||||||||||
| Мом. клуб | Тим Скај | ||||||||||||||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||||||||||||||
| Улога | Возач | ||||||||||||||
| Вид на возач | Специјалист за хронометри/Спринтер/Универзален возач | ||||||||||||||
| Аматерски клубови | |||||||||||||||
| 2006–2007 | Тим Максбо Бјанки | ||||||||||||||
| Професионални клубови | |||||||||||||||
| 2008–2009 2010– |
Тим Хај Роад Тим Скај |
||||||||||||||
| Значајни победи | |||||||||||||||
|
|||||||||||||||
|
|||||||||||||||
| Последна промена 23 март 2013 |
|||||||||||||||
Едвалд Боасон Хаген[2] (роден на 17 мај 1987) е норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[3] Тој е норвешки хрометриски првак и се смета за еден од најголемите таленти во најава во овој спорт, станувајќи трет најдобар во светот според UCI на 31 август 2009, со само 22 години.[4]
Содржина |
Кариера [уреди]
2006–2008 [уреди]
Боасон Хаген се придружил на норвешкиот континентален тим Тим Максбо Бјанки во 2006 и во неговата прва сезона во континенталните трки, имал осум победи, вклучувајќи три етапи на Тур де л’Авенир.[5]
Во 2007, имал успешна сезона и забележал 15 победи, завршувајќи втор по бројот на победи зад ProTour спринтерот Алесандро Петаки. Но, по дисквалификацијата на Италијанецот во мај 2008 поради допинг, Алесандро Петаки загубил 5 етапни победи во 2007, освоени на Џиро 2007, Боасон Хаген избил на првото место по број на победи. Боасон го освоил генералниот пласман како и етапи на Париз-Корез, Рингерике ГП и Пролетниот трофеј Истар. Исто така, освоил етапи на Трка околу Ирска, Тур де Норманди и Трка околу Бретања, како и националното норвешко првенство во хронометар. Како резултат на овие постигнувања, завршил петти во пласманот со индивидуални бодови во Европската турнеја. Во почетокот на 2007 било најавено дека во сезоната во 2008, тој би го напуштил Тим Максбо Бјанки за германскиот UCI ProTeam Т-Мобајл Тим.[6]Во почетокот на 2007 беше најавено дека Дојче Телеком ќе го прекине спонзорството за Т-Мобајл тимот. Тимот продолжил под името „Тим Хај Роад“.[7]
2009 [уреди]
Боасон Хаген ја започнал сезоната во 2008 со петто место на прологот на Трката околу Калифорнија, пред докажаните хронометарските специјалисти, како што се Дејвид Милар и Густав Ларсон. Подоцна, го освоил и индивидуалниот хронометар на Критериум Интернационал пред неговиот колега Тони Мартин и ГП де Денен. Исто така, завршил и втор на Ридинг Класик и станал норвешки национален хронометарски првак вторпат по ред. Подоцна, во истата година на Летните олимписки игри во Пекинг, завршил 71. и учествувал на ProTour трката Енеко Тур Бенелукс, натпреварувајќи се за крајниот пласман. Тој завршил трет на прологот и добро се пласирал на следните етапи, кога на петтата етапа групата била погодена од силни крстоносни ветрови и го оставил 14 минути позади лидерите. Боасон Хаген ја загубил секоја шанса за победа во генералниот пласман, но ја освоил следната етапа во Брисел поминувајќи го Џими Енгулвент во последните 15 метри на трката.[8] На Трката околу Британија освоил три етапи и бодовниот пласман.
Во 2009 го освоил класикот на калдрма Гент-Вевелгем во спринт со двајца против возачот на Ликвигас Александар Кушински. Исто така, возел и на Џиро д’Италија 2009, неговиот прв воопшто Гранд Тур, каде Тим Колумбија победи на екипниот хронометар, Боасон Хаген победи на седмата етапа во спринт и завршил втор на шестата и осмата етапа. На трката околу Полска ги освоил 4. и 6. етапа и завршил трет во генералниот пласман и ѝ обезбедил на Норвешка десет возачи на претстојното Светско друмско првенство UCI. Хаген, исто така, ја освоил неговата прва етапна трка во 2009, Енеко Тур, потврдувајќи го неговиот огромен талент и издигнувајќи се во трет во генералниот пласман во Светски Ранкинг UCI 2009, 31 август 2009.
Подоцна во 2009 Боасон Хаген ја завршил неговата сезона со победа на 4 од 8 етапи на Трката околу Британија и победувајќи во генералниот пласман.
По неколку месеци на гласини, беше официјализирано на 10 септември 2009, дека Боасон Хаген ќе се придружи на Тим Скај од сезоната во 2010, заедно со другите Норвежани Ларс Петер Нордхауг и Курт Асле Арвесен.[9]
2010 [уреди]
Боасон Хаген ја започна неговата прва трка со Тим Скај со изданието во 2010 на Трка околу Катар. По импресивниот напор и етапна победа на воведниот екипен хронометар, Боасон Хаген обезбедил трето и шесто место на наредните етапи како негови најдобри резултати. На Трката околу Оман една недела подоцна, Боасон Хаген освоил две етапи, вклучувајќи ја и последната етапа, каде го победил Фабијан Канчелара со 17 секунди во индивидуалниот хронометар. Со оваа победа Боасон Хаген го обезбедил второто место во генералниот пласман, земајќи ја маичката за млади возачи и победувајќи во бодовниот пласман. Боасон Хаген ја освоил седмата етапа на Критериум ду Дофине. Исто така, ја задржал титулата национален хронометриски првак.
2011 [уреди]
Во 2011, Боасон Хаген повторно завршил втор на Трката околу Оман, исто така, победувајќи во бодовен пласман втора година по ред.[10] Боасон Хаген ја освоил и првата етапа на Трка околу Баварија,[11] и замина да освојува бодови за зелената маичка, како и да му помага на неговиот колега Герант Томас да победи во генералниот пласман на трката.[12] Го освоил норвешкото хронометриско првенство петта година по ред во јуни, но тогаш се појави болест, која го стави под прашање неговото учество на Тур де Франс.[13]
Боасон Хаген успеал да се поврати и му било дадено зелено светло за учество на Тур де Франс.[14] Тој ја освои шестата етапа на Трката, прва победа на британски регистриран професионален велосипедски тим на Тур де Франс.[15][16] Боасон Хаген заврши втор по сонародникот Тор Хушовд на етапата 16, откако беа двајцата во бегство заедно со Рајдер Хесједал.[17] Следниот ден, тој беше повторно во бегство и успеа да биде прв на последното искачување да ја однесе втората етапна победа на Тур.[18] Боасон Хаген завршил втор по Марк Кевендиш на етапата 21 на Трката, која се одржуваше на Шанзелизе.[19] Во август, Боасон Хаген ги освои скоро сите маички на Енеко Тур, победувајќи во крајниот пласман на трката, како и во бодовен и во пласманот за млад возач и завршувајќи прв на последната етапа.[20]
2012 [уреди]
Боасон Хаген ја започнал сезоната 2012 со второто место зад Андре Грајпел на класикот Даун Андер.[21] По трите пласмани во најдобрите пет, го презел водството во бодовниот пласман по четвртата етапа на Тур Даун Андер[22] и ја задржал маичката до крајот на трката. Боасон Хаген го презел водството на Волта ао Алгарве по победата на втората етапа. Тој го загубил водството на трката од неговиот совозач Ричи Порт на следната етапа, откако Порт бил посилен на последното искачување, но тој го освоил бодовниот пласман. Исто така, освоил етапа на Тирено-Адријатико и бил еден од главните помошници на Марк Кевендиш. Боасон Хаген имал разочарувачка сезона на класиците, не успевајќи да забележи некаков поголем успех. Сепак успеал да ја поврати формата за домашната трка, Трка околу Норвешка 2012, каде го освоил крајниот пласман, бодовниот и пласманот за млад возач и победил на четвртата етапа, која завршувала во неговиот роден град, Лилехамер.
Во јуни 2012, Боасон Хаген го освоил норвешкото национално друмско првенство, каде по првпат го зел националниот дрес; меѓутоа ја загубил својата титула на националното хронометарско првенство од возачот на Тим Џокер Мерида Рајдар Боргерсен. Боасон Хаген бил избран во составот на Тим Скај за Тур де Франс. Завршил петти на воведниот пролог во Лиеж, потоа трет на етапата 1, окако им се приближил на Петер Саган и Фабијан Канчелара во последните метри, но не можел да им се спротивстави во спринтот. Исто така, завршил втор зад Саган на третата етапа, на уште една завршница на мало искачување. На крајот на август, Боасон Хаген ја однел победата на еднодневната трка од Светската турнеја ГП Уест-Франција. Се одвоил од големата група на помалку од два километри до целта, ги достигнал и одминал преостанатиот бегалец напред, Руј Кошта (Мувистар Тим) на последниот дел нагорнина и се спуштил до целта сам. Ги спречил спринтерите во групата да ја бркаат шансата за победа со здобивањето предност од 5 секунди.[23]
Поголеми достигнувања [уреди]
- 2004
- 1.
Национален друмски првак под 19 години
- 2005
- 1.
Национален друмски првак под 19 години
- 1.
Национален хронометарски првак под 19 години
- 2006
- 1. Скандинавиан Опен Друмска Трка
- Тур де л’Авенир
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 7
- Трка околу Тирингија под 23 години
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 3 Рингерике GP
- 1. Етапа 4 Рона-Алпи-Изер Трка
- 2. ГП Орхус
- 2. Национално друмско првенство
- 2007
- 1.
Национален хронометарски првак
- 1.
Краен пласман Истарски пролетен трофеј
- 1. Пролог
- 1.
Краен пласман Париз-Корез
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Бодовен пласман
- 1.
Краен пласман Рингерике ГП
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- Трка околу Бретања
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 7
- 7. Краен пласман Тур де Норманди
- 1. Етапа 8
- 1. Етапа 4 Трка околу Ирска
- 2008
- 1.
Национален хронометриски првак
- 1. Етапа 3 Критериум Интернационал
- 1. ГП де Денен
- 1. Етапа 6 Енеко Тур Бенелукс
- Трка околу Британија
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 7
- 2. Класик Ридинг
- 2009
- 1.
Национален хронометриски првак
- 1. Гент-Вевелгем
- 1.
Краен пласман Енеко Тур Бенелукс
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 7 (ITT)
- 1.
Бодовен пласман
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 7
- 1.
Краен пласман Трка околу Британија
- 2. Трофео Солер
- 2. Трофео Калвија
- 3. Краен пласман, Трка околу Полска
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 6
- 4. Монте Паски Ероика
- 2010
- 1.
Национален хронометриски првак
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар
- 1. Етапа 7 Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 7 Критериум ду Дофине
- 1. Холадски класик
- 2. Краен пласман Трка околу Оман
- 2. Ватенфал Класик
- 2. Хроно на Нациите
- 3. Краен пласман Енеко Тур
- 2011
- 1.
Национален хронометриски првак
- Тур де Франс
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 17
- 1. Етапа 1 Трка околу Баварија
- 2. Краен пласман Трка околу Оман
- 1.
Краен пласман Енеко Тур
- 1. Ватенфал Класик
- 2012
- 1.
Национален друмски првак
- 1.
Краен пласман Трка околу Норвешка
- 1. ГП Уест-Франција
- 1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 3 Критериум ду Дофине
- 2.
Светски друмски првенства - Друмска трка - 3. Трка околу Пекинг
- 7. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2013
- 8. Краен пласман Трка околу Катар
- 9. Е3 Харелбеке
Распоред на резултатите на Гранд Тур [уреди]
| 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | |
|---|---|---|---|---|
| Тур | ДНЕ | 116 | 53 | 56 |
| Освоени етапи | — | 0 | 2 | 0 |
| Планински пласман | — | 60 | 31 | 58 |
| Бодовен пласман | — | 6 | 6 | 5 |
| Џиро | 82 | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ |
| Освоени етапи | 1 | — | — | — |
| Планински пласман | — | — | — | — |
| Бодовен пласман | 6 | — | — | — |
| Вуелта | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | — |
| Освоени етапи | — | — | — | — |
| Планински пласман | — | — | — | — |
| Бодовен пласман | — | — | — | — |
| 1 | Победник |
| 2–3 | Топ три |
| 4–10 | Топ десет |
| 11– | Друго место |
| ДНЕ | Не учествувал |
| ДНФ-x | Не завршил (се повлекол на етапа x) |
| ДСК | Диквалификуван |
| Н/А | Трката/пласманот не беше одржана |
| НР | Нерангиран во овој пласман |
Наводи [уреди]
- ↑ „Тим Скај – Едвалд Боасон Хаген“. „Тим Скај“. http://www.teamsky.com/profile/0,27291,17543_6638044,00.html. проверено на 19 август 2011.
- ↑ Во врска со неговото име и презиме, тој има изјавено: „Во мојот пасош, пишува дека Хаген е презиме, а Едвалд Боасон се имиња. Боасон е еден вид на средно име. Но, јас имам желба да ги користам двете како презиме.“ Cycle Sport (мај 2009, стр. 114)
- ↑ Аткинс, Бен. „Едвалд Боасон Хаген уште еднаш ќе го предводи Тим Скај на Сантос Тур Даун Андер“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 11 декември 2012 (проверено на 13 јануари 2013).
- ↑ „Рангирање според UCI“. Меѓународен велосипедски сојуз. 31 август 2009. http://www.uci.ch/templates/BUILTIN-NOFRAMES/Template3/layout.asp?MenuId=MTU2MzU&LangId=1&RankType=RIDER&RankId=148. проверено на 31 август 2009.
- ↑ „Крстарејќи во ProTour, норвешки стил“. www.cyclingnews.com. 24 август 2007. http://autobus.cyclingnews.com/riders/2007/interviews/?id=edvald_boasson_hagen_aug07. проверено на 26 ноември 2007.
- ↑ „Норвешки младинец во Т-Мобајл“. www.cyclingnews.com. 26 мај 2007. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2007/may07/may26news2. проверено на 8 декември 2007.
- ↑ „Т-Мобајл го завршува спонзорството во велосипедизмот“, ББС Спорт, 2007-11-27 (проверено на 2007-12-06).
- ↑ Енеко Тур 2008 – Етапа 6. Dailypeloton.com (2008-08-26). Retrieved on 2011-08-18.
- ↑ „Повеќе ѕвезди за Тим Скај“, Sky News, 10 септември 2010 (проверено на 2009-09-10).
- ↑ Трка околу Оман 2011 – Клучни моменти. Paris-nice.fr. Retrieved on 2011-08-18.
- ↑ Боасон Хаген победи на отворањето на Трката околу Баварија – Yahoo! Eurosport. Uk.eurosport.yahoo.com. Retrieved on 2011-08-18.
- ↑ Вести: Томас ја освои Трката околу Баварија « Извештај «. Velouk.net. Retrieved on 2011-08-18.
- ↑ Возачот на Тим Скај, Едвалд Боасон Хаген има дилема за Тур де Франс | Спорт. guardian.co.uk. Retrieved on 2011-08-18.
- ↑ Боасон Хаген ја преброди болеста, доби зелено светло за Тур. Velonation.com. Retrieved on 2011-08-18.
- ↑ „Тим Скај ја освои првата победа на Тур де Франс, давајќи му на Мурдок добри вести“. „Гардијан“. 7 јули 2011. http://www.guardian.co.uk/sport/2011/jul/07/team-sky-tour-de-france-stage-win. проверено на 7 јули 2011.
- ↑ „Тим Скај ја забележа првата победа по освојувањето на шестата етапа од норвешкиот возач Едвалд Боасон Хаген“. „Дејли Телеграф“. 7 јули 2011. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/tour-de-france/8623462/Tour-de-France-2011-Team-Sky-records-first-win-after-Norwegian-rider-Edvald-Boasson-Hagen-wins-stage-six.html. проверено на 7 јули 2011.
- ↑ Тур де Франс 2011: Тор Хушовд го победи Боасон Хаген на линијата|Спорт. Гардијан.
- ↑ Тур де Франс: Боасон Хаген победи за Скај, откако Воклер се мачеше. Индепендент (2011-07-21). Retrieved on 2011-08-18.
- ↑ ИГ Маркетс возач на етапата 21 – Едвалд Боасон Хаген - Вести - Тур де Франс. ITV (2011-07-26). 18 август 2011.
- ↑ Чистка на Боасон Хаген | Скај Спортс | Велосипедизам | Вести. Скај Спортс. Retrieved on 2011-08-18.
- ↑ „Андре Грајепл победи на класикот Даун Андер“, „USA Today“, Дејвид Ханк; Gannett Company, 15 јануари 2012 (проверено на 21 јануари 2012).
- ↑ Обри, Џејн. „Фреир назад во победничкиот круг со победата на Тур Даун Андер“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 јануари 2012 (проверено на 21 јануари 2012).
- ↑ „Боасон Хаген победи на ГП Плуе“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 август 2012 (проверено на 31 август 2012).
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Едвалд Боасон Хаген“ |
- Профил на Едвалд Боасон Хаген на Cycling Archives
- Достигнувања на cyclebase.nl
- Достигнувања на cyclingbase.com (француски)
- Лична страница на Едвалд Боасон Хаген
- Профил на службената страница на Скај тимот
|
|||||
- Родени на 17 мај 1987
- Родени во мај 1987
- Родени во 1987 година
- Норвешки велосипедисти
- Живи луѓе
- Луѓе од Лилехамер
- Норвешки етапни победници на Тур де Франс
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Олимписки велосипедисти на Норвешка
- Етапни победници на Џиро д’Италија