Пјеро ди Козимо де Медичи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пјеро ди Козимо де Медичи
Роден(а)19 септември 1416(1416-09-19)
Фиренца, Фиренска република
Починал(а)2 декември 1470(1470-12-02) (возр. 54)
Фиренца, Фиренска република
Благородно семејствоМедичи
Сопружник(ци)Лукреција Торнабони
Деца
ТаткоКозимо де Медичи
МајкаКонтесина де Варди

Пјеро ди Козимо де Медичи (роден на 1416 во Фиренца - починал на 2 декември 1470 во Фиренца) — де факто владетел на Фиренца во периодот од 1464 до 1469 година во времето на ренесансата.

Пјеро Медичи е роден како најстар син на Козимо Стариот и Контесина де Варди. Во 1444 година се оженил за Лукреција Торнабони која имала старо фиренско потекло. Во текот на својот живот постојано бил болен. Во текот на животот на неговиот татко, тој не играл голема улога поради неговата постојана лоша здравствена состојба.

Неговото време како водач во Фиренца било одбележано со обид за државен удар предводен од Лука Пити и Николо Содерини. Во 1467 Пјеро морал да се соочи со војна против Република Венеција, поттикнати од фиренската поддршка дадена на Франческо I Сфорца, војводата на Милано во која битка венецијанските сили доживеале пораз.

Тој исто така ја продолжил традицијата на семејството да дава уметничко покровителство. Починал во 1470 година.