Facebook

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Facebook, Inc.
Тип приватна
Oснована Кембриџ, Масачусетс,
САД (4 февруари 2004)[1]
Седиште Паоло Алто, Калифорнија
Даблин, Ирска (интернационално седиште за Европа и Африка)
Сеул, Јужна Кореа (интернационално седиште за Азија)
Приходи 5.08 билиони $ (2012)[2]
Вработени 900+ [3]
Портал Facebook.com

Фејсбук (Facebook) е мрежно место кое служи како услуга за друштвено вмрежување со слободен пристап која функционира и е приватна сопственост на корпорацијата Facebook Inc.[1] Корисниците можат да се придружат на мрежи организирани по градови, работни места, училишта и региони за да се поврзат и комуницираат едно со други. Тие, исто така можат да додааваат пријатели и да им испраќаат пораки и да ги ажурираат нивните лични профили за да ги известат пријателите за себеси. Името на мрежното место се однесува на документот „фејсбукс“ кој ги опишува членовите на универзитетската заедница, кој некои американски колеџи и подготвителни училишта го давале на новодојдените студенти, факултети и вработени како начин да се запознаат останатите луѓе на универзитетот.

Мрежата ја основал Марк Цукерберг, заедно со Дастин Москович, Крис Хјус и Едуардо Саверин, додека бил студент на универзитетот Харвард. додека бил студент по.[4] Корисничките сметки на мрежното место, на почетокот биле ограничени само за студентите на Харвард, но набргу станало достапно и за студентите од другите универзитети од Бршленската Лига. Потоа, мрежата стана достапна и за средношколците, но и сите останати лица. Во септември 2006 година беше утврдено дека корисник на може да биде секој кој има повеќе од 13 години и има постоечка електоронска пошта.

Фејсбук наиде на некои контроверзности во последните неколку години. Повремено беше блокиран во неколку земји, како во Сирија и Иран. Исто така, беше и забранет на многу работни места за да ги одвратат вработените од губење време додека ја користат услугата. Приватноста исто така беше проблем и се спогодуваа неколку пати. Исто така се соочуваше со неколку судски постапки од бројни поранешни колеги на Цукерберг, кои тврдеа дека Фејсбук го украл нивниот изворен код и друга интелектуална сопственост.

Историја[уреди]

Појавата на Фејсбук дојде како неочекуван профит на верзијата на Универзитетот Харвард на Хот ор Нот (Hot or Not) наречена Фејсмеш (Facemash).[5] Додека беше студент од 2 година на Харвард, Марк Цукерберг го измисли Фејсмеш на 28 октомври, 2003 година. Цукерберг беше опседнат со една девојка и се обидуваше да мисли што да прави за да ја извади од паметот.

Марк Цукерберг го креирал Facebook во својата спална соба во Универзитетот Харвард

Според Харвард Кримсон, Фејсмеш ,, употребил слики собрани од онлајн фејсбукс од девет Куќи (Houses), со поставување на две една до друга по ред и им побарале на корисниците да ја избрат ,, пожешката’’ личност". Страницата беше брзо препратена на неколку универзитески групи на опслужувачи за списоци, но беше исклучена неколку денови подоцна од администрацијата на Харвард. Цукерберг беше обвинет од администрацијата за кршење на безбедноста, непочитување на авторските права и непочитување на приватноста и се соочи со исклучување, но на крајот обвиненијата беа отфрлени.[6] Следниот семестар, Цукерман го основаше ,, Д Фејсбук’’ ( The Facebook), оригинално лоциран на thefacebook.com, на 4 февруари, 2004 година. ,, Сите многу зборуваа за универзална книга на лица во Харвард," рече Цукерберг на Д Харвард Кримсон (The Harvard Crimson). ,, Мислам дека е малку глупо тоа што на Универзитетот ќе му требаат неколку години за да се навикне на тоа. Јас можам да го направам подобро од нив, и јас можам да го направам за недела дена". Членството на почетокот беше ограничено за студентите на колеџот Харвард и во првиот месец повеќе од половина студенти на Харвард беа регистрирани на услугата. Едуардо Саверин (Eduardo Saverin) (бизнис прашања), Дастин Москович (програмер), Ендру Мек Колум ( Andrew McCollum) (графички дизајнер), и Крис Хјус наскоро му се придружија на Цукерберг за да му помогнат во промовирањето на веб-страницата. Во март 2004 година, Фејсбук се прошири кон Стенфорд, Колумбија и Јејл. Оваа експанзија продолжи кога беше отворен за сите од Бршленската Лига и областа на Бостон и училиштата, речиси сите универзитети во Канада и Соединетите американски држави. Во јуни 2004 година, Фејсбук ја премести својата база на операции во Пало Алто, Калифорнија. Компанијата го исфрли Д’ (The) од своето име откако го купи името-домен facebook.com во 2005 година за 200,000 долари.[7] Фејсбук ја лансираше верзијата за средните училишта во септември 2005 година, што Цукерберг го нарече следниот логичен чекор... Во тоа време, мрежите на средните училишта бараа покана за приклучување. Подоцна, Фејсбук ја прошири квалификуваноста за членство на вработени од неколку компании, вклучувајќи го Ејпл (Apple Inc.) и Мајкрософт (Microsoft). Дури потоа на 26 септември 2006 година, Фејсбук беше отворен за сите на возраст од 13 години и постари со валидна електронска адреса. Во октомври 2008 година, Фејсбук објави дека ги постави своите меѓународни штабови во Даблин, Ирска.

Финансии[уреди]

Фејсбук ја доби својата прва инвестиција од 500,000 американски долари во јуни 2004 година од ПејПал (PayPal), ко-основач Питер Тил (Peter Thiel). [8] На ова следеше година подоцна, 12,7 милиони долари во вложен капитал од Ексел Партнерс (Аccel Partners) и потоа уште 27,5 милиони долари од Грејлок Партнерс (Greylock Partners). Oддавањето изјава за прилив и одлив на пари покажало дека во текот на фискалната 2005 година, Фејсбук имал мрежна загуба од 3,63 милиони долари.[9]

Со продажбата на општествената мрежна веб-страница МајСпејс на Њус Корп (News Corp) на 19 јули 2005 година, почнаа да кружат гласини за можното продавање на Фејсбук на поголема медиска компанија. Цукерберг веќе рече дека не сака да ја продаде компанијата и ги отфрли сите гласини. На 28 март 2006 година, БизнисВик (Bloomberg Businessweek) соопшти дека условно купување на Фејсбук е во преговори. Фејсбук наводно одбил понуда од 750 милиони долари од непознат понудувач и се зборуваше дека бараната цена достигнала сè до 2 милијарди долари.[10]

Штабови на Фејсбук во Пало Алто,Калифорнија

Во септември 2006 година, зазедоа место сериозни разговори помеѓу Фејсбук и Јаху! (Yahoo!) во врска со купувањето на Фејсбук, со достигнување на цените сè до 1 милијарда долари. Тиел, тогашен член на одборот на Фејсбук, навестил дека внатрешната проценка на Фејсбук била околу 8 милијарди долари, заснована на нивните проектирани приходи од 1 милијарда долари до 2015 година, слично со МTV брендот Виаком (Viacom), компанија со поделена цел кон демографската публика.[11]

На 17 јули 2007 година, Цукерберг рече дека продавањето на Фејсбук не е веројатно затоа што тој сакал да го сочува независен, со зборовите ,, Ние не сакаме баш да ја продадеме компанијата... Ние не сакаме да го ставиме на берзата наскоро. Едноставно, тоа не е централниот фокус на компанијата".[12]

Во септември 2007 година, Мајкрософт стапи во контакт со Фејсбук, понудувајќи му инвестиција во замена со 5% дел во компанијата, со понуда од проценка од 200-500 милиони долари.Тој месец, други компании, како и Гугл (Google), изразија интерес во купувањето на дел од Фејсбук.[13]

На 24 октомври 2007 година, Мајкрософт објави дека купил 1,6% од акциите на Фејсбук за 240 милиони долари, со што му дал на Фејсбук вкупна имплицирана вредност од околу 15 милијарди долари. Сепак, Мајкрософт купи избрани акции кои носат посебни права, како што се ,, ликвидациски преференци" што значи дека Мајкрософт ќе биде исплатен пред заедничките акционери ако се продаде компанијата. Делот на Мајкрософт исто така вклучува и права кои заземаат место во меѓународните огласи на Фејсбук. Во ноември 2007 година, милијардерот од Хонгконг Ли Ка-шинг (Li Ka-shing), инвестрираше 60 милиони долари во Фејсбук. Во август 2008 година, БизнисВик изјави дека приватните продажби од вработените, како и купувањата од вложените капитални фирми, беа и се направени при цени на акциите што ја направи вкупната проценка на компанијата помеѓу 3,75 и 5 милијарди долари. Во октомври 2008 година, Цукерберг рече ,, Мислам дека на општествените мрежи не може да им се одреди парична вредност на истиот начин како што направи тоа истражување. ... Во следните три години ние треба да откриеме кој е најпогодниот модел. Но, тоа не е нашиот примарен фокус денес.[14]

Веб-страница[уреди]

Новата почетна страница на Фејсбук ја истакнува формата за пријавување на десното ќоше за постоечките корисници и формата за регистрација директно под неа за новите посетители.

Корисниците на Фејсбук можат да изберат да се приклучат на една или повеќе мрежи, организирани по градови, работни место, училиште и регион. Овие мрежи им помагаат на корисниците да се поврзат со членовите на истата мрежа. Корисниците исто така можат да се поврзат со пријатели, со што ќе им дадат пристап кон профилите на нивните пријатели.

Веб-страницата е слободна за корисниците, но создава приход од маркетинг. Ова ги вклучува транспарентните реклами. Корисниците можат да креират профили со слики и списоци на лични интереси, да разменуваат приватни или јавни пораки и да се приклучуваат во групи од пријатели. По пропуст, гледањето на деталните податоци на профилот е ограничено за корисници од истата мрежа и ,, разумни ограничувања на заедницата.[15]

Мајкрософт е ексклузивен партнер на Фејсбук во служењето за транспарентно рекламирање, како што и Фејсбук служи само за реклами кои постојат во рекламниот инвентар на Мајкрософт. Според comScore, компанија за истражување на интернет маркетинг, Фејсбук прибира исто толку податоци од своите посетители како што и Гугл и Мајкрософт, но значително помалку од Јаху!.[16]

Карактеристики[уреди]

Медиумите често го споредуваат Фејсбук со МајСпејс, но значајната разлика помеѓу двете веб-страници е нивото на уредување. МајСпејс им овозможува на корисниците да ги декорираат своите профили со користење на хипер текст (HTML-HyperText markup Language) и стилски јазик (Cascading Style Sheets-CSS), додека пак Фејсбук овозможува само едноставен текст.[17]

Фејсбук има голем број на карактеристики кои корисниците можат да ги користат. Тие се Ѕидот, простор на секоја страна на профилот на корисниците кој им овозможува на пријателите да ги запишуваат своите пораки за да ги види корисникот, Подбуцнувања, кои им овозможуваат на корисниците да си испраќаат меѓусебно виртуелно ,, подбуцнување” (известување кое кажува на корисник дека тие биле подбуцнати), Слики, кадешто корисниците можат да префрлаат албуми и слики, и Статус, кој им овозможува на корисниците да ги информираат своите пријатели за тоа каде се и за дејствија. Ѕид на корисник е видлив за секој којшто може да го гледа тој профил на корисникот, што зависи од нивните регулирања на приватноста. Во јули 2007 година, Фејсбук започна со овозможување на корисниците да пуштаат и додатоци на Ѕидот, што претходно беше ограничено само на текстуална содржина.

Со текот на времето, Фејсбук додаде неколку нови карактеристики на својата веб-страница. На 6 септември, 2006 година беше објавен Известувач, којшто го има на секоја почетна страница на корисникот и најважни информации како што се промени на профилот, настани кои претстојат, и родендени на пријателите на корисникот. На почетокот, Известувачот предизвика незадоволство помеѓу корисниците на Фејсбук; некои се жалеа дека бил премногу збркан и полн со непожелни информации, додека пак други беа загрижени за тоа дека многу лесно ќе се откриваат личните активности (како што се промени во статусот на врската, настани, и конверзации со други корисници). Како одговор на ова незадоволство, Цукерберг изјави извинување за неуспехот на страната што немала соодветни уредувачки карактеристики за приватност.

Оттогаш корисниците можат да контрoлираат какви видови на информации ќе споделуваат автоматски со пријатели. Корисниците сега можат да ги спречат пријателите од гледање на ажурирањата за различните видови на активности, како и измените на профилот, писма на Ѕидот и новите додадени пријатели.[18]

Една од најпопуларните апликации на Фејсбук е апликацијата за Слики, кадешто корисниците можат да поставуваат албуми и слики. Фејсбук им овозможува на корисниците да поставуваат неограничен број на слики, во споредба со другите водечки услуги за слики како што се Фотобакет и Фликр, кои употребуваат граници за бројот на сликите кои на корисникот му се дозволени да ги постави. Во минатото, сите корисници беа ограничени до 60 слики по албум. Сепак, некои корисници пријавија дека тие можат да прават албуми со нова граница од 200 слики. Стана нејасно зошто некои членови имаат лимит од 200 слики додека другите немаат. Регулирањата на приватноста можат да се поставуваат за индивидуални албуми, со ограничување на групи од корисници кои можат да го гледаат. На пример, приватноста на албум може да биде поставена така што само пријателите на корисникот можат да го гледаат албумот, додека пак приватноста на друг албум може да биде така поставена што сите корисници на Фејсбук можат да го гледаат. Друга карактеристика на апликациите за Слики е можноста да се ,,обележат”, или окарактеризираат корисниците во слика. На пример, ако на сликата има пријател на корисникот, тогаш корисникот може да го обележи пријателот на сликата. Со ова се праќа известување на пријателот дека тие биле обележани, и им овозможува врска за да ја видат сликата.[19]

Белешките на Фејсбук беа претставени на 22 август 2006 година, блогирана карактеристика која овозможува обележувања и вметнати слики. Корисниците подоцна веќе можат да поставуваат блогови од Ксанга (Xanga), ЛајфЏурнал (LiveJournal), Блогер (Blogger) и други услуги за блогирање. Во текот на неделата на 7 април 2008 година, Фејсбук пушти во употреба апликација на допишување во моментот-Comet-based, наречена ,, Муабетење’’ (Chat), кон неколку мрежи која им овозможува на корисниците да комуницираат со пријатели и е слична на функционирањето на обичните месенџери.

Фејсбук ги лансираше Подароците на 8 февруари 2007 година кои им овозможуваат на корисниците да праќаат виртуелни подароци на нивните пријатели и истите ќе се појават на профилот на примателот. Подароците чинат по 1 долар и може да биде додадена персонализирана порака на секој подарок. На 14 мај 2007 година, Фејсбук го лансираше Пазариште (Marketplace), кој им дозволува на корисниците да пуштаат слободни класифицирани реклами. Пазариштето беше споредувано со Креигслист (Craigslist) од CNET, којшто истакна дека поголемата разлика помеѓу нив е тоа што листите пуштени од корисник на Пазариштето се видливи од корисници кои се во истата мрежа како и тој корисник, додека пак листите пуштени на Креигслист се видливи за секого.[20]

На 20 јули 2008 година, Фејсбук го претстави ,,Фејсбук Бета”, значаен редизајн на посредник на корисникот за одбрани мрежи. Мини-известувачот и Ѕидот беа консолидирани, профилите беа одвоени на табирани сектори, и беше направен обид за да се создава ,, почист” изглед. Откако на почетокот им беше дадено на корисниците избор за поставување, Фејсбук започна со преселување на сите корисници кон новата верзија од септември 2008 година.[21]

На 11 декември, 2008 година, беше објавено дека Фејсбук испробува нов поедноставен процес на регистрирање.[22]

Платформа[уреди]

Фејсбук ја лансираше Фејсбук Платформата на 24 мај 2007 година, овозможувајќи рамка на софтверските развивачи за креирање на апликации кои ќе разменуваат податоци со централните карактеристики на Фејсбук. Истовремено, маркап (Markup) јазикот наречен Фејсбук маркап јазик беше претставен; се употребува за уредување на апликациите за ,, изгледот и чувството” кои ги креираат развивачите. Со употреба на Платформата, Фејсбук лансираше неколку нови апликациии, како што се Подароци, со што им се овозможува на корисниците да си испраќаат виртуелни подароци, Пазариштето со што им се овозможува на корисниците да пуштаат слободни класифицирани реклами, Настани, давање метод на корисниците за информирање на нивните пријатели за настаните кои претстојат и Видео, што им допушта на корисниците да споделат меѓусебно свои видеа.[23]

Апликациите кои се креирани на платформата вклучуваат и шах и Игра со составување на букви (Scrabble) што им овозможува на корисниците да играат игри со нивните пријатели. Овие игри се асинхрони, што значи дека потезите на корисникот се зачувани на веб-страницата, со што му се овозможува секој следен потег да биде направен во било кое време, отколку веднаш по претходниот потег. До 3 ноември 2007 година, седум илјади апликации беа развиени на Фејсбук Платформата, со стотици други кои се креираат секојдневно. До втората годишна конференција на f8 развивачи на 23 јули 2008 година, бројот на апликации порасна до 33,000 и бројот на регистрирани развивачи го надмина бројот од 400.000. [24]

По неколку месеци од лансирањето на Фејсбук Платформата, се појавија проблеми од ,,спем апликацијата”, која ги вовлекува апликациите на Фејсбук со ,,спемирање” на корисниците да им се бара да ја инсталираат Апликацијата спем, за која се смета дека е една од можните предизвикувачи на опаѓањето на посетителите на Фејсбук, почнувајќи од почетокот на 2008 година, кога опадна порастот од декември 2007 година до јануари 2008 година, прво опаѓање по лансирањето во 2004 година.

Прием и популарност[уреди]

Facebook popularity. Бројот на активни корисници на Facebook се зголемил од само милион во 2004 до 750 милиони во 2011.[25]
Регистрирани корисници на Facebook по години до 2010.

Според comScore, Фејсбук е водечката општествено-мрежна страница заснована на единствените месечни посетители, со што го презеде водството на својот конкурент МајСпејс во април 2008 година. ComScore соопштува дека Фејсбук привлекол 132,1 милион единствени посетители во јуни 2008 година, во споредба со МајСпејс којшто привлекол 117,6 милиони.[26]

Според Алекса (Аlexa), рангирањето на веб-страницата помеѓу сите веб-страници, порасна од 60-то на 7-мо место во услови на интернет сообраќај низ целиот свет, од септември 2006 година до септември 2007 година, и во моментот е 5-ти. Куанткаст (Quantcast) ја рангира веб-страницата како 15-та во Соединетите Американски Држави во услови на интернет сообраќај, и Compete.com ја рангира како 14-та во САД. Веб-страницата е најпопуларна за префрлање слики, со 14 милиони префрлувања дневно.[27] The website is the most popular for uploading photos, with 14 million uploaded daily.[28]

Фејсбук е најпопуларната општествено-мрежна страна во неколку англиски говорни подрачја, како и Канада и Велика Британија. Сепак, во САД, има 36 милиони корисници во споредба со 73 милиони на МајСпејс.[29]

Веб-страницата има добиено повеќе награди како што се пласманот во ,,Топ 100 класични веб-страни” од PC Magazine во 2007 година, и ја доби ,,Наградата гласот на народот” од Веби (Webby) наградите во 2008 година. Во 2006 година според проучување спроводено од Стјудент Монитор (Student Monitor), компанија заснована во Њу Џерси која специјализира во истражувањето што се однесува на пазарот на студенти од колеџ, Фејсбук беше именуван како второ најпопуларно нешто помеѓу студентите, што се поклопува со пиво и е рангиран пониско само од Ајпод (iPod). [30]

Корист од судови[уреди]

Во декември 2008 година, Врховниот суд на австралиската главна територија пресуди дека Фејсбук е валиден протокол кој може да обезбедува соопштувања од судот за обвинетиот. Се верува дека таа е првата светска законска пресуда која дефинира дека повикувањата на суд поставени на Фејсбук се законски составени.[31]

Можен иден филм[уреди]

Sony Pictures и креаторот од The West Wing Ерон Соркин (Aaron Sorkin), потврдија дека се во процес на создавање на филм ,, за основачите на општествено-мрежната страна Фејсбук". Соркин постави свој профил на страната, изјавувајќи, ,, Искрено не знам како ова работи, и затоа сум тука". Филмот засега е неименуван и ќе биде направен од Скот Рудин (Scott Rudin). Според Телеграф (Telegraph), се очекува филмот да биде фокусиран на Цукерберг со што 2,500 корисници на Фејсбук се придружија на филмски групи во соработка со филмот на Соркин, со понуда за помош па дури и барања за улога во филмот. Sony беа брзи во отфрлањето на сугестии дека филмот е измама (посебно по размислувањата дека можеби е лажен профилот на Соркин затоа што има голем број такви), со што Стив Илзер (Steve Elzer) рече, ,, Ние го правиме филмот за којшто веќе беше објавено". Сепак, претставник за Фејсбук рече дека, ,, Ние рутински сме во контакт со писатели и режисери заинтересирани за прекажување на приказната за Фејсбук... Во овој момент, се немаме согласено да соработуваме со ниеден филмски проект, но почестени сме од интересот”.

Контроверзии[уреди]

Фејсбук наиде на некои контроверзности во последните неколку години. Во октомври 2005 година, Универзитет на Ново Мексико го блокираше пристапот на Фејсбук од своите универзитетски компјутери и мрежи. Како причина го наведија кршењето на универзитетската политика за прифатливо користење за злоупотреба на компјутерските ресурси, тврдејќи дека употребата на силите на веб-страницата на универзитетските квалификации за активност не се поврзани со универзитетот.[32] Училиштето подоцна го одблокира Фејсбук откако веб-страницата ја поправи ситуацијата со прикажување на известување на страната за најавување, изјавувајќи дека квлификациите употребени на веб-страницата се одделно од оние кои се употребени за нивните училишни налози. Владата на Онтарио исто така го блокираше пристапот на Фејсбук за своите вработени во мај 2007 година, изјавувајќи дека ,,не е директно поврзано со работното место".

На 1 јануари 2008 година, меморијална група на Фејсбук го постави идентитетот на убиена тинејџерка од Торонто, Стефани Ренгел (Stefanie Rengel), чија фамилија сèуште ја немаше дадено својата согласност на полицијата на Торонто за објавување на нејзиното име на медиумите, како и идентитетите на обвинетите убијци- покрај фактот дека според правичниот закон на Канада за малолетнички криминал е нелегално да се објави името на малолетнички криминал. Додека полицијата и персоналот на Фејсбук се обидуваа да се усогласат со прописите на приватност со бришење на постовите кои го спомнуваат нејзиното име, тие забележаа дека е тешко да ги контролираат одделните корисници кои постојано ги преиздавале избришаните информации. [33]

Бидејќи е слободен по природа, неколку земји го забранија пристапот кон Фејсбук, како што се Сирија и Иран. Сириската влада наведе дека забраната била според претпоставката дека веб-страницата промовира напади на властите. Владата исто така се плашеше од израелското пробивање на сириските општествени мрежи на Фејсбук. Исто така Фејсбук беше искористен од сириските граѓани за критикување на владата, а јавното критикување на сириската влада е казниво со затвор. Во Иран веб-страницата беше забранета поради страв дека биле организирани дејности од опозицијата на веб-страницата.

На 5 февруари 2008 година, Фуад Муртада (Fouad Mourtada), граѓанин на Мароко, беше уапсен за наводното создавање на лажен Фејсбук профил на принцот Мулеј Рахид (Moulay Rachid) на Мароко.

Бикон[уреди]

Фејсбук го објави Фејсбук Бикон (Beacon) на 7 ноември, 2007 година, маркетинг иницијатива која дозволува на веб-страниците да ги публикуваат активностите на корисникот на нивниот профил на Фејсбук како ,,општествени реклами” и да ги промовираат производите. Кога се лансираше Бикон, Фејсбук изјави ,,не се споделуваат лични и идентификациони информации со рекламниот агент во креирањето на општествена реклама", и дека ,,Корисниците на Фејсбук ќе ги гледаат општествените реклами само до тој степен до кој нивните пријатели споделуваат информациии со нив". Откако Фејсбук беше критикуван за собирање на повеќе информации од корисникот за рекламните агенти отколку што беше претходно наведено, Цукерберг јавно се извини на 5 декември 2007 година за начинот на кој Фејсбук го лансирал Бикон, изјавувајќи, ,, Проблемот со нашиот почетен метод за правење на систем на откажување наместо на продолжување, беше тоа што ако некој заборави да одбие да сподели нешто, Бикон и понатаму продолжуваше да го споделува со нивните пријатели".[34][35]

Приватност[уреди]

Се појавија неколку грижи во врска со употребата на Фејсбук како средство за надзор и експлоатација на податоци. Двајца студенти од МIT (Институт за технологија во Масачусетс) можеле да преземат преку 70,000 профили на Фејсбук од четири училишта (MIT, Универзитетот Њујорк, Унирзитетот од Оклахома, и Универзитетот Харвард), со употреба на автоматизирана конструкција на текст, како дел од истражувачкиот проект за приватноста во Фејсбук, објавена на 14 декември 2005 година. Можноста за експлоатација на податоци останува отворена, како што е покажано во мај 2008 година, кога програмата за технологија на Би-Би-Си ,, Клик” демонстрираше дека лични детали на корисниците на Фејсбук и нивните пријатели можат да бидат украдени со поднесување на злонамерни апликации.[36]

Застапниците за приватноста ја критикуваа спогодбата за приватност на страната, која наведува: ,,Ние можеме да користиме информации за вас кои ги собираме од други извори, но не и со ограничување, како што се весниците и извори на Интернет- блогови, услуги за инстант допишување, развивачи на Фејсбук Платформата и други корисници на Фејсбук, кои го надополнуваат вашиот профил. Друга клаузула која доби критикување која се однесува на правото на Фејсбук да продава податоци за корисникот на приватни компаниии, наведува: ,, Ние можеме да ги споделуваме вашите информации со трети групи, како што се одговорни компании со кои сме во врска". Оваа работа беше наведена од претставник на Фејсбук Крис Хјус, кој рече, ,, Едноставно кажано, ние никогаш не сме ги давале информациите на нашите корисници на трети групи на компании, ниту пак планираме тоа да го направиме".[37]

Исто така, се зголемиле и грижите во врска со тешкотијата за бришење на налозите на корисниците. Претходно, Фејсбук дозволуваше на корисниците само да ги ,,деактивираат" своите налози така што нивните профили повеќе нема да бидат видливи. Сепак, секоја информација која ја внесол корисникот на веб-страницата и на нивниот профил, останува на опслужувачите на веб-страницата. Ова ги разлути на многу корисници кои сакаа да ги отргнат своите налози само привремено, наведувајќи причини како што е неспособноста да се избришат ,,срамни или премногу лични онлајн профили од нивните студентски денови кога тие навлегувале во работниот пазар, со страв дека работодавачите ќе ги лоцираат профилите". Фејсбук ги промени своите политики за бришење на налог на 29 февруари 2008 година, со што им се овозможува на корисниците да ја контактираат веб-страницата за барање нивните налози да бидат привремено избришани.

Случајот на групите на про-мафија[уреди]

Во Италија, откривањето на про-мафија групите создаде тревога во земјата и придонесе за владата, после кратка дебата, да издаде брзо закон со кој ќе го присили интернет провајдерот да го одбие пристапот на сите страни во случај на одбиено отстранување или нелегални содржини; отстранувањето може да биде по барање на тужител во било кој случај на сомнеж дека криминален говор (имитација или поттикнување на злочин) е публикуван на веб-страницата. Амандманот беше прифатен од Сенатот на 5 февруари 2008 година, и сега треба да биде непроменето усвоен од ,,Камерата”, другата комора на судии за да стапи веднаш во сила.[38]

Фејсбук и другите општествено-мрежни веб-страници,[39] како и Гугл, го критикуваа амандманот истакнувајќи ги можните последици на слободата на изразување на оние корисници кои не прекршуваат ниеден закон.

Судски процес[уреди]

Конектју (ConnectU)[уреди]

Во 2004 година Конектју, компанија основана од колеги на Цукерберг, започнаа судски процес против Фејсбук, тврдејќи дека Цукерберг прекршил усен договор според кој тие требале да ја создадат страницата Фејсбук, ја копирал нивната идеја и употребил изворен код кој им припаѓал на нив. Групите постигнаа доверливо решение за спогодба во февруари 2008 година. Во 2008 година тие неуспешно се обидоа да го поништат решението, со тврдење дека Фејсбук ја потценил нивната вредност во врска со нивните преговори за решението. Покрај тајната спогодба, правна фирма која ја застапувала Конектју, ненамерно ја откри сумата на решението од 65 милиони долари.[40]

Стади ВиЗед (StudiVZ)[уреди]

На 18 јули 2008 година, Фејсбук поднесе тужба против Стади ВиЗед во федералниот суд на Калифорнија, наведувајќи дека Стади ВиЗед го копирал нивниот изглед, содржина, карактеристики и услуги. Стади ВиЗед ги негираше тврдењата и побара појаснувачка пресуда во федералниот суд во Штутгарт, Германија.[41]

Грент Рaфaел (Grant Raphael)[уреди]

На 24 јули 2008 година, Врховниот суд во Лондон му наложи на Грент Рафаел да плати 22,000 британски фунти (околу 31,500 американски долари по девизниот курс во февруари 2009 година) за кршење на приватност и клевета. Рафаел објавил лажна Фејсбук страница, преправајќи се дека е бивш негов пријател од училиште и бизнис колега, Метју Фиршт (Mathew Firsht), со кој Рафаел се скарал во 2000 година. Лажната страна тврдела дека Фиршт е хомосексуалец и дека не може да му се верува. Се верува дека случајов е прва успешна инвазија на приватноста и клевета на пресуда против некого за влез на општествено-мрежна страница.[42]

Адам Гвербез (Adam Guerbuez)[уреди]

Фејсбук доби судски процес против канаѓанецот Адам Гвербез, од Монтреал, вреден 873 милиони долари. Гвербез ја спемираше веб-страницата со различни реклами, со истакнување на пенис и марихуана. Гвербез го основал Атлантис Блу Капитал (Atlantis Blue Capital).[43]

Алесандро дел Пиеро[уреди]

На 9 февруари 2009 година, беше соопштено дека фудбалерот на Јувентус, Алесандро дел Пиеро го тужи Фејсбук за лажен профил кој го носи неговото име кое води до пропагандни страни на Наци (Nazi). Италијанскиот фудбалер рече дека бил навреден затоа што лажниот налог, кој ја има неговата слика, имплицира нео-Наци симпатизери. Дел Пиеро изјави дека тој никогаш немал профил на Фејсбук.[44]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Eldon, Eric. (18 декември 2008). „2008 Growth Puts Facebook In Better Position to Make Money“. „VentureBeat“. http://venturebeat.com/2008/12/18/2008-growth-puts-facebook-in-better-position-to-make-money/. конс. 19 декември 2008. 
  2. http://pdf.secdatabase.com/700/0001193125-12-316895.pdf
  3. "Press Info", Facebook конс. 31 август 2009
  4. "Executive Bios"
  5. Tabak, Alan J.. „Hundreds Register for New Facebook Website“, Harvard Crimson, 9 февруари 2004 (конс. 7 ноември 2008).
  6. Kaplan, Katherine (19 ноември 2003). „Facemash Creator Survives Ad Board“. The Harvard Crimson. http://www.thecrimson.com/article.aspx?ref=350143. конс. 5 февруари 2009. 
  7. Williams, Chris (1 октомври 2007). „Facebook wins Manx battle for face-book.com“. The Register. http://www.theregister.co.uk/2007/10/01/facebook_domain_dispute/. конс. 13 јуни 2008. |
  8. „Why you should beware of Facebook“. „The Age“. 20 јануари 2008. http://www.theage.com.au/news/general/beware-facebook/2008/01/18/1200620184398.html?page=fullpage#contentSwap2. конс. 30 април 2008. 
  9. „Statement of Cash Flows“. 02138mag.com. http://www.02138mag.com/asset/1138.html. конс. 30 април 2008. 
  10. Rosenbush, Steve. „Facebook's on the Block“, „Businessweek.com“, 28 март 2006 (конс. 3 април 2006).
  11. Sullivan, Brian (15 декември 2006). „Facebook, Courted By Yahoo, Won't Sell, Director Says (Update3)“. Bloomberg.com. http://www.bloomberg.com/apps/news?pid=20601204&sid=aqwoCAVu._zA. конс. 30 април 2008. 
  12. Sakuma, Paul. „The Future of Facebook“, „Time“, 17 јуни 2007 (конс. 5 март 2008).
  13. Delaney, Kevin (25 септември 2007). „Microsoft Fires Volley At Google in Ad Battle“. „The Wall Street Journal. http://online.wsj.com/article/SB119065193646437586.html?mod=hps_us_whats_news. конс. 5 март 2008. 
  14. Peter Kafka. „Zuckerberg: Facebook Will Have A Business Plan In Three Years“, „Silicon Alley Insider“, 10 октомври 2008.
  15. „Facebook Principles“. Facebook. http://www.facebook.com/policy.php?ref=pf. конс. 14 јануари 2009. 
  16. Story, Louise. „To Aim Ads, Web Is Keeping Closer Eye on You“, „The New York Times“, 10 март 2008 (конс. 9 март 2008).
  17. Sullivan, Mark (24 јули 2007). „Is Facebook the New MySpace?“. „PC World. http://www.pcworld.com/article/id,134635-c,categories/article.html. конс. 30 април 2008. 
  18. Gonsalves, Antone (8 септември 2006). „Facebook Founder Apologizes In Privacy Flap; Users Given More Control“. InformationWeek. http://www.informationweek.com/news/internet/ebusiness/showArticle.jhtml?articleID=192700574. конс. 28 јуни 2008. 
  19. „Photos“. Facebook. http://www.facebook.com/help.php?page=7. конс. 15 март 2008. 
  20. McCarthy, Caroline (13 мај 2007). „Hands-on with Facebook Marketplace“. News.com. http://www.news.com/8301-10784_3-9718779-7.html. конс. 15 март 2008. 
  21. „Moving to the new Facebook“. Facebook. http://blog.new.facebook.com/blog.php?post=30074837130. конс. 12 септември 2008. 
  22. Facebook Testing Even Simpler Sign Up; Closing The Gap With MySpace In The U.S., TechCrunch. обј. 11 декември 2008.
  23. Schwankert, Steven (25 мај 2007). „Facebook Launches Video System“. „PC World. http://www.pcworld.com/article/132245-1/article.html?tk=nl_dnxnws. конс. 3 мај 2008. 
  24. „Facebook Expands Power of Platform Across the Web and Around the World“. Facebook. 23 јули 2008. http://www.facebook.com/press/releases.php?p=48242. конс. 14 август 2008. 
  25. „Facebook Statistics“. Facebook.com. http://www.facebook.com/press/info.php?statistics. конс. 21 декемри 2011. 
  26. „Social Networking Explodes Worldwide as Sites Increase their Focus on Cultural Relevance“. comScore. 12 август 2008. http://www.comscore.com/press/release.asp?press=2396. конс. 14 август 2008. 
  27. „Snapshot of facebook.com“. Compete.com. http://siteanalytics.compete.com/facebook.com/?metric=uv. конс. 7 мај 2008. 
  28. Sorensen, Chris (7 март 2008). „Has Facebook fatigue arrived?“. „Toronto Star“. http://www.thestar.com/printArticle/310272. конс. 28 јуни 2008. 
  29. Burcher, Nick (17 мај 2009). „Facebook usage statistics by population“. „International Herald Tribune. http://www.nickburcher.com/2009/04/facebook-usage-statistics-by-population.html. конс. 8 мај 2009. 
  30. „Survey: College Kids Like IPods Better Than Beer“. FOX News. 8 јуни 2006. http://www.foxnews.com/story/0,2933,198632,00.html. конс. 10 март 2008. 
  31. The Age article on the world's first court documents to be served via Facebook
  32. Popular website, Facebook.com, back online at UNM“, University of New Mexico, 19 јануари 2006 (конс. 15 април 2007).
  33. Powell, Betsy (4 јануари 2008). „Gag orders in a Facebook age“. „Toronto Star. http://www.thestar.com/printArticle/290941. конс. 30 април 2008. 
  34. Perez, Juan Carlos (30 ноември 2007). „Facebook's Beacon More Intrusive Than Previously Thought“. „PC World. http://www.pcworld.com/article/id,140182-c,onlineprivacy/article.html. конс. 14 март 2008. 
  35. Zuckerberg, Mark (5 декември 2007). „Thoughts on Beacon“. Facebook. http://blog.facebook.com/blog.php?post=7584397130. конс. 6 ноември 2007. 
  36. Identity 'at risk' on Facebook“, BBC, 1 мај 2008 (конс. 1 мај 2008).
  37. Peterson, Chris. „Who's Reading Your Facebook?“, „The Virginia Informer“, 13 февруари 2006.
  38. (италијански)The text approved by the Senate
  39. „"Google criticizes Italian Internet legislation"“. 13 февруари 2009. http://www.networkworld.com/news/2009/021309-google-criticizes-italian-internet.html. конс. 14 февруари 2009. 
  40. Zusha Elinson (10 февруари 2009). „Quinn Spills Value of Facebook Deal“. „The Recorder. http://www.law.com/jsp/ca/PubArticleCA.jsp?id=1202428139731. конс. 10 февруари 2009. 
  41. .reuters.com, German site sued by Facebook says claims without merit
  42. Businessman awarded £22,000 damages over fake Facebook site - Telegraph конс. 13 август 2008
  43. Facebook wins lawsuit against Montreal spammer“, CTV.ca (конс. 24 ноември 2008).
  44. http://www.theregister.co.uk/2009/02/09/del_piero_facebook_lawsuit/

Надворешни врски[уреди]