5 февруари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | февруари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | ||
5 февруари е 36-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 329 денови до крајот на годината (330 во престапна).
Настани:
| 1576 | Анри од Навара, подоцна познат како прв бурбонски крал Анри IV, се преобратил од протестант во католик за да си го осигури францускиот трон. |
| 1924 | Кралската опсерваторија во Гринич, Англија започнала да емитува радио-сигнал (бип) за точно време на секој час. |
| 1958 | Гамал Абдел Насер, еден од основачите на Движењето на неврзаните, бил избран за претседател на Египет. |
| 1994 | За време на војната во Босна и Херцеговина, над 60 луѓе загинале и уште 200 биле ранети на пазарот во Сараево од топовска граната испалена од српските позиции. |
Родени:
| 1808 | Карл Шпицвег, германски сликар и поет. |
| 1962 | Мило Ѓукановиќ, црногорски политичар. |
| 1976 | Тони Џа, тајландски глумец. |
| 1980 | Петар Караѓорѓевиќ, син на Александар II Караѓорѓевиќ. |
| 1984 | Карлос Тевез, аргентински фудбалер. |
| 1985 | Кристијано Роналдо, португалски фудбалер |
Починале:
| 1881 | Томас Карлајл, шкотски сатиричар, есеист и историчар. |
| 1974 | Мануел дос Реис Машадо, мајстор по афро-бразилската боречка вештина. |
| 2008 | Махареши-Махеш Јоги, творец на трансцеденталната медитација. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |