Петар Караѓорѓевиќ (син на Александар II Караѓорѓевиќ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Караѓорѓевиќ
Принц на Југославија
ДинастијаДинастија Караѓорѓевиќ
ТаткоАлександар II Караѓорѓевиќ
МајкаМарија да Глорија од Орлеан и Браганца
Неговото кралско височество престолонаследникот принцот Петар Караѓорѓевиќ
Неговото кралско височество престолонаследникот принцот Петар Караѓорѓевиќ

Петар Караѓорѓевиќ (р. 5 февруари 1980 во Чикаго) е најстариот син на принцот Александар II Караѓорѓевиќ и неговата сопруга Марија да Глорија од Орлеан и Браганца, и внук на последниот крал на Југославија, Петар II Караѓорѓевиќ.

Во Чикаго, Петар живеел до 1981 година, кога заедно со своите родители се преселил во Вирџинија. Во 1984 година започнал да оди на училиште, а во 1988 година своето основно образование го продолжил во Лондон. Во 1998 година матурирал, а во 1999 година завршил основи на уметноста во Лондон. Во следните години, тој своето образование го продолжил во Шпанија и САД.