12 февруари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | февруари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | ||
12 февруари е 43-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 322 денови до крајот на годината (323 во престапна).
Настани:
| 1502 | Васко Де Гама назначен како адмирал на индискиот океан, со 20 бродови тргнува на второто патување до Индија. |
| 1909 | Во САД формирано е Националното здружение за напредок на обоените луѓе (NAACP). |
| 1944 | Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци - учесници во Богомилскиот поход. |
| 1992 | Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска. |
| 1996 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Гана. |
| 1996 | Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија. |
| 2001 | Почеток на воената криза помеѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА. |
Родени:
| 1809 | Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД. |
| 1800 | Џон Едвард Греј, познат британски зоолог. |
| 1809 | Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. |
| 1876 | Тубтен Гјатсо, 13-от Далај Лама. |
| 1914 | Василие Поповиќ - Цицо, сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар. |
| 1974 | Дмитриј Лосков, руски фудбалер. |
Починале:
| 1804 | Имануел Кант, основоположник на германската класична философија. |
| 1904 | Антонио Лабриола, италијански марксистички теоретичар. |
| 1911 | Гоно Јотов, андрартски капетан. |
| 2012 | Витни Хјустон, американска пејачка. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |