13 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Февруари 2014 13 февруари е 44-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 321 денови до крајот на годината (322 во престапна).

Настани:

1895  Браќата Огист и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за „примена на хронофотографски отпечатоци“, наречен кинематограф.
1947  Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи беа Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.
1961  Советот за безбедност на Обединетите нации реши во Конго да се упатат мировните сили на Светската организација за да се спречи избувнување на граѓанската војна во таа африканска земја.

Родени:

1599  Александар VII — римски папа.
1743  Џозеф Бенкс — англиски ботаничар.
1766  Томас Малтус — англиски економист.
1805  Густав Лежен Дирихле — германски математичар.
1852  Јохан Лудвиг Емил Дрејер — истакнат данско-ирски астроном.
1953  Љупчо Јордановски — претседател на Собранието на Република Македонија.
1973  Наташа Бунтеска — македонска поетеса.
1974  Роби Вилијамс — англиски пејач.

Починале:

1130  Хонориј II — римски папа.
1571  Бенвенуто Челини — италијански вајар, златар и сликар
1787  Руѓер Бошковиќфизичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат.
1883  Рихард Вагнер — германски композитор.
1893  Ѓорѓија Пулевски — македонски писател.
1991  Арно Брекер — најистакнатиот вајар во нацистичка Германија.
1996  Зија Бериша — македонски актер.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември