Македонски Брод

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Македонски Брод
Панорама на Македонски Брод
Панорама на Македонски Брод
Грб на Македонски Брод
Mестоположба
Mестоположбата на Македонски Брод
Македонски Брод на картата на Р.Македонија

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Македонски Брод
Поштенски бр.: 6530
Повикувачки бр.: (+389) 045
Автомобилска ознака: OH
Мреж. место: makedonskibrod.gov.mk
Историја
Управа
Држава: Flag of Macedonia.svg Македонија
Општина: Македонски Брод
Градоначалник: Милосим Војнески
Географија
Надм. височ.: 585 м
Население
Население: 3.740
Образование:
Етнички групи: Македонци.

Македонски Брод (брод - прегазлив дел од река) е гратче во западниот дел на Република Македонија. Тој се наоѓа во горниот тек на реката Треска и претставува средиште на областа Поречје. Од Кичево е оддалечен 27 km во источен правец, а во северо-западен правец на 37 km е оддалечен од Прилеп. Главен проблем претставува патното поврзување со Скопје бидејќи со изградбата на браната Козјак беше уништен дел од директниот патен правец, па сега за да се стигне до Скопје треба да се поминат околу 150 km одејќи преку Кичево, Гостивар и Тетово.

Македонски Брод е еден од помалите градови во Македонија. Тој се наоѓа во Поречката област и претставува нејзин центар. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска. Оттаму произлегло и неговото име Брод.

На местото на денешниот град, над водите на Треска постоел еден мост што ги поврзувал градовите Прилеп и Кичево. Мостот меѓу народот бил познат под името Брод.

Содржина

[уреди] Население

Според пописот од 2002 година во Македонски Брод живеат 3.740 жители од кои 3.725 (99,60%) се Македонци, а останатиот мал дел се 9 Срби, 3 Роми, 1 Бошњак и 2 попишани како други. Македонски Брод бележи благ но константен пораст на своето население, кој покрај раѓањето највеќе се должи на доселувањето на луѓе од селата во Поречието.

Според еден надгробен споменик пронајден во селото Крапа, утврдено е дека просторот бил населен со Римјани.

Подоцна, со доаѓањето на Словените, во овој крај се доселило словенското племе Берзити, односно Брсјаци.

Во градот и неговата околина биле изградени и голем број цркви, меѓу кои и градската црква Св. Богородица, Св. Димитрија во с. Требино, Св. Никола во с. Пласница, и др.

Во околината на Брод, во близина на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девините Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка Пешна, сестра на јунакот Крале Марко.

[уреди] Археолошки локалитети

  • Грамада, населба и некропола од доцноантичкото време. На северниот раб на градот, каде што се проширува населбата, при изградбата на новите куќи се откриени темели од стари објекти. Се среќава голем број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На северниот крај од теренот се најдени гробови градени од камени плочи.
  • Кале, градиште од доцноантичкото време. Јужно од зградата на Собранието на општината се издига низок рид со мала зарамнета површина која била оградена со бедем. На површината на ридот и во подножјето спорадично се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
  • Барбарос или Кула, утврдена населба и кастел од средниот век.
  • Рајчица, старохристијанска базилика и раносредновековна некропола. Во северниот дел на градот, на левиот брег на реката Треска, кој е алувијална тераса (КП 544), при копање на темели за изградба на еден објект биле откриени два гроба. Во осумдесеттите години со заштитните археолошки интервенции се откриени уште 9 гроба од типот циста и поголем дел од апсида на базилика. Во еден од гробовите е најдена обетка во вид на кошничка. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија.


[уреди] Стопанство

Од стопанските дејности населението главно се занимава со земјоделство и сточарство. Во градот има неколку индустриски погони меѓу кои најзначано е тутунското претпријатие. Со затворањето на фабриката за изработка на железни монети и огнено оружје „Сувенир“ во селото Самоков (поранешен општински центар) прекина работниот однос на голем дел од граѓаните на Македонски Брод кои беа вработени таму.

[уреди] Општина

Македонски Брод е центар на истоимената Општина Македонски Брод, општина во западниот дел на Република Македонија.

Територијата на општината се наоѓа под влијаније на умерено-континентална клима, кој се одликува со ладни и врнежливи зими, суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими. Најтопол месец со средна просечна месечна температура е јули со 25˚C. Најстуден месец со средна просечна месечна температура е декември со -15 до 3˚C. Екстремни температура се движат од 41˚C во август до -27˚C во јануари.

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици