21 февруари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | февруари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | ||
21 февруари е 52-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 313 денови до крајот на годината (314 во престапна).
Настани:
| 1795 | Холандија ѝ го предаде на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан. |
| 1848 | Публикуван е Комунистичкиот манифест. |
| 1916 | Прва Светска војна: Германските трупи минаа во офанзива кај Верден во Франција, тоа беше најкрвава битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траеше шест месеци. Во оваа неуспешна офанзива, Германците загубија околу половина милион луѓе, додека Французите, иако имаа исти загуби, успеаја да го одбранат Верден и да ги запрат Германците. |
| 1972 | Ричард Никсон, како прв претседател на САД допатува во Пекинг со што започна нормализацијата на американско-кинеските односи. |
| 1992 | Во Вадуц (Лихтенштајн), на Генералното собрание на меѓународната хотелска агенција „Евротел“ во која членуваат девет земји, Република Македонија е примена за десетта членка. Неколку земји, членки на Европската заедница (Холандија, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија и Белгија) индиректно ја признаа Република Македонија. |
| 1999 | Посетата на индискиот премиер Атал Бехари Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на Влада на соседната земја по десет години, заврши со потпишување на Договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот околу Кашмир, како и за намалување на ризикот од војна. |
Родени:
| 1728 | Петар III, руски император. |
| 1795 | Франческо Маноел да Силва, бразилски композитор. |
| 1880 | Георги Казепов, македонски револуционер. |
| 1866 | Аугуст фон Васерман, германски бактериолог. |
| 1924 | Роберт Габриел Мугабе, зимбабвеански револуционер и државник. |
| 1951 | Мухамед Халили, македонски политичар. |
| 1956 | Ха Џин, кинеско-американски писател. |
| 1980 | Џигме Кесар Намѓел Вангчук, крал на Бутан. |
| 1985 | Мартин Велитс, словачки велосипедист. |
| 1989 | Корбин Блу, американски актер. |
| 1990 | Даниел Дидави, германски фудбалер. |
Починале:
| 1575 | Клаудија Валоа, француска принцеза. |
| 1513 | Папа Јулиј II, римски папа. |
| 1677 | Барух Спиноза, холандски филозоф од еврејско потекло. |
| 1730 | Папа Бенедикт XIII, римски папа. |
| 1984 | Михаил Шолохов, еден од најпознатите руски писатели. |
Празници:
| * | Меѓународен ден на мајчиниот јазик (УНЕСКО) |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |