Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шахид Минар, споменик во кампусот на Дака универзитетот, Бангладеш, во спомен на паднатите жртви за бенгалскиот јазик за време на протестите одржани на 21 февруари 1952 година

21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) на 17 ноември 1999 година на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот[1].

Наводи[уреди]

  1. „Светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“. Македонска информативна агенција. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=71722748&lId=1. проверено на 2010. 

Надворешни врски[уреди]