Георги Казепов
| Георги Казепов | |
![]() |
|
| македонски револуционер | |
| Роден | 21 февруари 1880 |
|---|---|
| Починал | 23 септември 1923 |
Георги Казепов или Ѓорѓи Казапов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и воjвода на Македонската револуционерна организација [1].
[уреди] Биографија
Тој e роден на 21 февруари 1880 во село Калиманци, Мелничко, со името Георги Ангелов Стојанов. Завршил педагошко училиште во Сер во 1900 година, кога и станува член на ТМОРО.
Од 1900 до 1903 бил учител во Марикостиново, Белјово и Черешница, а во 1903 во Мелник. За време на Илинденското востание се борел во четата на Јане Сандански и Илија Крчовалијата.
По востанието е уапсен, но успеал да избега и да се приклучи во четата на Сандански како нелегален член. Тогаш ја менува фамилијата со таа на убиениот војвода Андреј Кезепов.
Во наредната 1905 година е избран за секретар на околното раководство на ТМОРО во Мелник. Под негово раководство дава голем отпор на грчките андартски чети во регионот.
Од тогаш е војвода на самостојна чета, а на конгресот на Серскиот револуционерен округ (1907) вклучен е во Окружниот револуцонерен комитет.
Во 1908 г. сe легализира и учествува во создавањето на Народната федеративна партија. Учестува во одредот на Јане Сандански, кој зел учество во симнувањето на султанот Абдул Хамид.
Следната година, кога Младотурците сакале да го затворат Јане Сандански, тој со својата чета го опколил Мелник и го ослободил. Учествува во Балканските војни, а после тоа станува книжар во Мелник.
Во 1920 година е избран за градоначалник на градот. Во 1921 се преселува во Софија, а од 1922 година е пак се враќа во Марикостиново. Убиен е на 23 септември 1923 за време на масовните убиства во Горна Џумаја.
[уреди] Извори
[уреди] Литература
- Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995.
- Енциклопедия България, Том 3, София, Издателство на БАН, 1982.
- Макдермот, Мерсия. „За свобода и съвършенство - биография на Яне Сандански“, София, 1987, Наука и изкуство, стр. 176, 177
