Андреј Докурчев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Андреja Димков Докурчев
Andrei Dimov IMARO.JPG
Македонски револуционер
Роден 1878
Велес, Македонија, Отоманска Империја
Починал 1907
Будинарци, Беровско, Македонија
Познат војвода на ТМОРО


Андреј Докурчев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно двиежење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

[уреди] Биографија

Доурчев е роден во 1878 година во Велес, Македонија, а тогаш во Отоманската империја. Станува член на Организацијата во 1894 година, а со нелегален станува во 1896 година, кога се приклучува во четата на Андон Ќосето, а подоцна е четник при Михаил Апостолов и Крсто Асенов.

Докурчев е горноџумајските околиски војвода во 1901 година и учествува во аферата Мис Стон.

Во пролетта 1903 година заминал за Крушево со четата на Питу Гули.

За време на Илинденското востание зел учество во заштитата на Крушевската република, а по востанието повторно е војвода во Горноџумајско во периодот 1904 - 1905 година.

Од следната 1906 година е нелегален член на Струмичкиот окружен револуционерен комитет и ревизор на четите. Загинал на 10/11 октомври 1907 година во месноста Бел камен во близина на селото Будинарци, Малешевско [1][2]

[уреди] Извори

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 50-51.
  2. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 282.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици