Иван Варналиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Варналиев
Роден 1863
Велес, Македонија
Починал ?
Софија, Бугарија

Иван Панчев Варналиев, нарекуван Варналиjaта, — македонски револуционер, учесник во македонското и одринското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Иван Варналиев е роден во 1863 година во Велес, тогаш во Османлиската империja. Завршува училиште и работи како лебар. Тој е еден од првите членови на Револуционерниот комитет во Велес.

Во 1898 година е уапсен во врска со убиството на србоманот Петар Ташевич. Четник е при Михаил Апостолов - Попето, а во 1900 година е назначет за прв воjвода на ВМОРО во Штипско и Светиниколско.

Во 1901 година Иван Варналиев е со четата на Михаил Герџиков во Малешевско и Струмичко. Во јануари 1903 година Михаил Герџиков и Иван Варналиев се во Одринско со чета, по заповед на Гоце Делчев.

Тие се во Малотрновско и Лозенградско каде се соработуваат со Лазар Маџаров. Иван Варналиев е делегат на конгресот на Петрова Нива на Одринскиот револуционен округ во 1903 година. За време на Илинденското востание Варналиев е помошник војвода во терористичката чета на Михаил Герџиков и со 20 четници по негова команда е заземено селото Василико, кога е и ранет.

Во истата чета помошник војвода е и Христо Силјанов. Иван Варналиев ги чува бегалците од Одринско до границата со Бугарија, а по востанието се крие за кратко во Созопол со Михаил Герџиков. отоа тие бегаат во Пловдив. Во 1908 година тој заминува во Велес и по Младотурската револуциja работи пак како лебар [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Биография от сайта на ВМРО[мртва врска]
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 24.