Мирче Ацев - Оровчанецот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Мирче Ацев - Оровчанецот
MirceAcevOrovcanecot.jpg
македонски револуционер
Роден 1859
с. Ореовец, Прилепско
Починал 1901
с. Уланци, Тиквешко

Мирче Ацев - Оровчанецот е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Народниот херој од Втората светска војна Мирче Ацев бил внук на војводата Мирче Ацев, чие име и го носел.

[уреди] Биографија

Тој е роден е во 1859 година во село Ореовец, Прилепско. По завршувањето на основното училиште работел како овчар, полјоделец и кираџија. Кога Турците го убиле татко му, решил да им се одмазди и затоа се приклучил во четата на Коне Павлев[1]. Меѓутоа, турската власт успеала да го фати и го испратила во Солунскиот затвор, каде одлежал повеќе години. Успеал да избега од затворот и се префрлил во Софија. Таму бил обвинет за учество во убиството на Стефан Стамболов (претседател на бугарската влада) и бил осуден на три години затвор. Во 1899 година со своја чета заминал за Неврокопско, каде неколку пати имал успешни судири со турската власт. Во 1901 година на пат за Прилепско, кај селото Уланци (Тиквешко) Турците ја откриле неговата чета, ја опколиле и по тешка борба ја разбиле, при што загинал и самиот војвода [2][3].

[уреди] Извори

  1. Кратка биография на Мирче Ацев
  2. Енциклопедия България, том 1, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 161.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 13 - 14.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици