Крсто Лазаров
Крсто Лазаров Иванов е роден во 1881 год. во с. Коњух, Кумановско. Во редовите на ВМРО пристапил во 1900 година. Од 1901 г. до 1903 г. е четник во четата на капетан Јордан Стојанов.
Во Илинденското востание како четник учествува во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. По востанието е четник во четите на Михаил Чаков и Коста Нунков во Кумановско.
Во 1905 година го убил водачот на српската пропаганда во Куманово. Учествува во Балканските и Првата светска војна, во подршка на Бугарската армиja.
Од 1919 до 1931 год. е кумановски околиски војвода и водел борба против српската власт. После 1941 година се прибрал во родната околија со Бугарската армиja и бил на голема почит. Кон крајот на 1944 година, како соработник на бугарскиот фашистички окупатор, заедно со уште 50-тина души, се убиени без суд и закопани без трага во Кумановско от комунистите [1].
[уреди] Извори
- ↑ Църнушанов, Коста. „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, София, 1992, стр. 246.