Васил Аџаларски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Васил Аџаларски
Vasil Adzhalarski.jpg
македонски револуционер
Роден 24 декември 1880
Миладиновци, Скопско, Македонија
Починал 14 ноември 1909
Скопје, Македонија


Васил Стојанов Стаjков, познат како Аџаларски и Дервишов, бил македонски револуционер, скопски и кумановски војвода на Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација.

Биографија[уреди]

Васил Стојанов е роден во 1880 година во скопското село Аџалари, според кое го добил својот прекарот, тогаш во Османлиската империја. Тој е братучед е на војводата Трифун Аџаларски.

Четата на Васил Аџаларски
Четата на Васил Аџаларски по Младотурската револуција

Во 1901 година неговото семејство се преселува во Скопје. Влегува во ВМОРО и извршува разни задачи на Организацијата - пренесува пошта, крие и надополнува оружј,е извршува терористички акции. Истата година е уапсен и одлежува две години во скопскиот затвор Куршумли ан. По амнестија е ослободен. Во пролетта 1903 година станува нелегален четник и првично е при војводата Сандо Чолакот во Кумановско, подоцна во 1904 година е помошник војвода во четата на Боби Стојчев, а од 1905 година е војвода во Скопска и Блатијата под раководство на Даме Мартинов. Аџаларски извршил неколку ливидации на турски бегове.

Од крајот на 1904 до 1908 година неговата чета води 14 борби со турскиот аскер и со чети на Српскиот комитет на четничката акција. Како одмазда за убиството на 7 македонци-егзархисти од страна на српска чета, тој убива 9-на србомани од Бродец, по што српските чети прекинале активностите од овој тип. Во февруари 1907 година ја запалил меаната во селото Сопиште, која служела како за база на српските чети при нивното преминување во Порече, тогаш подвојвода кај него е Тодор Јаков. До Младотурската револуција е скопски реонски војвода и дејствува со чета од 18 души, поделена на 4 дела [1].

Спомен обележјето на војводата асил Аџаларски во неговото родно место денешното село Миладиновци

По Младотурската револуција во 1908 година се легализира. Ја оддржувал Народната федеративна партија. Убиен е заедно со својот 80-годишен дедо во заседа пред врата на на својот дом од страна на властите во Скопје во 1909 година. Тој е погребот во црквата Црква „Св. Димитрија“ , а неговото убиство е повод за масовни протести на македонското население од Скопско против властите, а неговиот убиец, Кор Расим е обесен на камениот мост во градот.

Оратори на митингот при неговиот погреб биле учителот Атанас Михајлов и адвокатот Тома Петков кој биле осудени на 2 години, а учителот Димитар Папанков, на три. При акција за собирање на оружјето во режија на младотурците во 1910 година се уапсени татко му Стојан и неговиот брат Панчо [2].

Извори[уреди]

  1. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“
  2. Дебърски глас, година 2, брой 18, 20 август 1910, стр. 4.