Данаил Крапчев
| Данаил Крапчев | |
| македонски и бугарски новинар | |
| Роден | 15 декември 1880 Прилеп, Македонија |
|---|---|
| Починал | 10 септември 1944 Горна Џумаја, Бугарија |
Данаил Василев Крапчев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација. Во подоцнежниот свој живот се занимавал со новинарство и е еден од поистакнатите бугарски политички аналитичари.
[уреди] Биографија
Роден е во Прилеп на 15 декември 1880 година. Во 1898 година завршува Солунскаta машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а во 1906 година историја на Софискиот универзитет. Истата година започнал со новинарската активности во неделното списание Македонско-одрински преглед, по што станува нелегален четник на Организација. Во 1907 година заедно со Пејо Јаворов и Васил Пасков го редактирал весникот "Илинден" во Софија.
Следната 1908 година го уредува истовремено весник "Татковина" и весникот "Роднина" во Солун. Во периодот меѓу 1909-1912 го издавал весникот "Вардар" во Софија и последователно го преименувал на други реки "Места", "Струма", "Марица", "Брегалница" за да ја надмине забраната во Турција. Во 1912 година Данаил Крапчев е повторно четник заедно со Јаворов. Истата година го уредувал весникот "Бугарин" во Солун.
По Втората балканска војна е уредник е на органот на бугарската демократската партија "Прјапорец" во Софија. Во периодот меѓу 1915-1918, Данаил Крапчев е воен дописник на весниците "Воени известувања", "Добруџа"и "Прјапорец". Во 1919 година создаал независен информативен весник "Зора", на кој е директор до крајот на својот живот. Во исто време е директор-сопственик на акционерско друштво "Бугарски печат"и "Печат". Член е на Македонскиот научен институт.
По превратот од 19 мај 1934 година поради своите демократските позиции е протеран во Карлово. На 9 септември 1944 година е уапсен поради политички причини. Починал при неразјаснети околности на 10 септември 1944 година во полициската станица на Горна Џумаја. Посмртно е осуден од Народниот суд. Во февруари 1994 година Врховниот суд на Република Бугарија укинала пресудата [1].
[уреди] Извори
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 463.
[уреди] Надворешни врски
- online: Данаил Крапчев и вестник Зора. Незабравимото. Интервюта, писма, документи
- Помен за Данаил Крапчев, Цвета Трифонова
- Комунистите убиха Данаил Крапчев заради българолюбието му, Виолета Радева
- 114 години от рождението на Данаил Крапчев - Той води гигантска битка за равноправна България, Райна Иванова
- За създателя на българския „Таймс” Данаил Крапчев