Васил Чакаларов

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Васил Чекаларов)
Скокни на: содржини, барај
Васил Христов Чекаларов
Vasil Chekalarov IMARO postcard.jpg
македонски револуционер
Роден 1874
Смрдеш, Македонија
Починал 9 јули 1913
Бел камен, Грција

Васил Чакаларов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Содржина

[уреди] Биографија

[уреди] Први години

Васил Чекаларов е роден во 1874 година во селото Смрдеш. Најпрво учел во грчко основно училиште, а на негово инсистирање татко му го префрлил да учи во бугарско егзархиско училиште. Завршил на четвртото одделение и паралелно работел со својот татко, на градби низ Грција. Во 1894 година запаѓа во костурскиот затвор, меѓутоа успеал да избега и да се засолни во Бугарија. Таму работел како конураџија, каменоделец и sидар, а престој во Шумен завршил Вечерна гимназија.

[уреди] Револуционерна дејност

Васил Чакаларов и Пандо Кљашев со другари.

Во 1901 година Васил Чакаларов се преселил во Софија, каде што станал претседател на Костурско добротворно друштво, кое било дел од Македонскиот комитет. Таму учествувал во активностите на Комитетот и станал близок пријател со тогашниот претседател на МК, Борис Сарафов.

Во Бугарија ја помага и револуционерната активност и на Македонската револуционерна организација, имено заедно со Лазар Киселинчев создавал канали за купување и пренесување на оружје од Грција за потребите на самата Организација.

По избувнувањето на Иванчовата афера Васил Чaкаларов бил испратен од страна на Битолскиот окружен револуционерен комитет да им помогне во работата на Пандо Кљашев и Лазар Москов во Костурската револуционерна околија, а тогаш Чакаларов егзекурирал еден гркомански шпион од селото Д’мбени. Во почетокот на 1902 година, Гоце Делчев бил во инспекција низ Костурско и одлучил во околискиот комитет да влезат Кузман Стефов, Лазар Поп Трајков, Лазар Москов, Пандо Кљашев и Михаил Николов, додека пак Васил Чакаларов и понатаму бил задолжен за набавка на оружје од Грција.

Организацискиот собир го осудил Коте Христов на смрт поради арамиство, а Чакаларов побарал веднаш да се исполни пресудата, но Коте бил помилуван од страна на Гоце Делчев [1].

Васил Чакаларов и Пандо Кљашев со соборците, дел од спомениците Лавови на мостот Гоце Делчев во Скопје

Потоа Чакларов доставил оружје за Леринско и Костурско од Грција. Во август здружените костурски чети, на чело со Васил Чакаларов, имале борба со Коте Христов во селото Оштава. Во почетокот на септември Чакаларов и раководното тело го спречиле полковникот Атанас Јанков и Коте Христов да предизвикаат востание во костурски регион по идеја на ВМОК.

Во зимата Чакаларов разоткрива и гони врховистичките четници по селата и организирал бомболеарница во селото Смрдеш. На 13-14 март 1903 година, Чекаларов ги убедил жителите на селата Врбник и В’мбел да се откажат од Патријаршијата и да се потчинат на Егзархијата. На 20 март во Черешница Чакаларов се сретнал со четата на Борис Сарафов, а селото исто така преминало кон Егзархијата.

На 28 март бил опколен од турскиот аскер во Смрдеш, но со поддршка на селски чети успеал да се извлече. Во средината на април пристигнал во Смилево, Битолско, за претстојниот конгрес. Таму, Чакаларов и Пандо Кљашев ја претставувале Костурската револуционерна околија. На 24 април во Златари, Ресенско, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев, Иван Попов и Митре Влаот имале борба со турскиот аскер.

Започнале подготовките за востанието, се собирале пушка и куршуми од селата Смрдеш, Косинец, Кономлади и биле испратени во Статица. На 7 мај Чакаларов го вардел опожареното родното село Смрдеш, изгорено на турската армија. На 31 мај 1903 година 1.000 војници турски војници го опколиле селото Д’мбени, а четата на Лазар Поп Трајков го зазела врвот Вињари, по што дошло до Битката кај Локвата и Вињари во која учествувале и четите на Чакаларов, Пандо Кљашев и Митре Влаот.

[уреди] Илинденско востание

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Илинденско востание.
Васил Чекаларов во 1903 г. во Клисура

На 20 јули (стар стил) Илинденското востание се кренало и во Костурско со околу 2.000 востаници. На 23 јули е заземена Клисура. На 28 јули четите на Лазар Поп Трајков и Васил Чакаларов имале борба со турскиот аскер, а на 29 јули кај селото Д'мбени имале борба со турската војска која траела 6 часа, а потоа Турците се повлекле во Костур.

На 12 август по голема борба, предводена од Чакаларов, била заземена Невеска.[2], но востаниците веднаш потоа морале да се повлечат. После многу борби на 27 август е донесено решение за повлекување на четите од Костурско, за да се заштити населението од 15.000 аскер.

Во екот на востанието Чакаларов бил иницијатор за испраќање на мемоар во име на костурски претставници за турските sверства во Костурско. Мемоарот на 30 август бил испратен до странските дипломатите во Битола. Васил Чакаларов предводел здружена чета од 450 души.

На 29 август во Апоскеп дошло до борба. Во селото Нестрам на 1 септември ги казниле предавниците и растуриле една мала турска воена единица. На крајот се враќаат во разореното Костурско, каде што четите се распуштиле. Чакаларов, заедно со сестра си Зоја, Пандо Кљашев и Лазар Киселинчев, тајно ја преминале границата со Грција и од таму со параброд заминале за Бугарија.

[уреди] Мирен живот

Во почетокот на 1904 година Васил Чакаларов заминал на лекување во Женева, Швајцарија. На 14 март Чакаларов, Борис Сарафов и други формирале привремен комитет со цел да се замени Задграничното претставништво, но во 1905 година разликите биле надминати и Комитетот се самораспушта. Во Софија, Чaкаларов изградил куќа, со помош на архитект Георги Киселинчев, на улица Шипка наспроти Воената академија. Живеел сиромашно, но се женил за Олга, со која имале ќерка Екатерина.

Учествувал како делегат на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година. По прогласувањето на Младотурската револуција оди на поклонение на загинатите револуционери во Апоскеп.[3]

[уреди] Балкански војни

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Балкански војни.

При избувнувањето на Балканските војни во 1912 година Чaкаларов е поставен за командант на партизанска чета № 4, дел од Костурската здружена чета, заедно со чета № 5 на Иван Попов и чета № 6 на Христо Силјанов, кои се дел од Македонско-одринското ополчение.

По почетокот на воените судири четата се насочува во Леринско и Костурско. Васил Чакаларов и Иван Попов се сретнале во Лерин со поранешниот андартски капетан, офицер од артилерија, Георгиос Цондос.[4]

Чакаларов, како и многу други македонски дејци, сметал дека Македонско-одринското ополчение треба да биде испратено на фронтот во Македонија, а не во Тракија, за да не им дозволи на сојузниците Грци и Срби да ги окупираат териториите населени со егзархисти.

Во Втора балканска војна Чакаларов и Иван Попов повторно организирале голема чета, која требало да ја вознемирува грчката армија од заднина. Во средината на јуни 1913 година од Дојран за Костурско заминале со војводите и четниците, а меѓу нив биле Христо Цветков, Илија Димушев, Никола Иванов, Дончо Лазаров, Карамфилович, Панде Сидов и други.

Во Фурка на 17 јуни 160 четници и војници ги растуриле српско-грчки делови, а кај селата Стојаково и Богданци разбиле 80 евзони и 1 антиполахос (потпоручик). Потоа ги зазеле Гевгелија, а кај Тушин повторно се судриле со грчки сили. На 19 јуни Гевгелија повторно била во грчки раце и поголем дел од четите се повлекле.

Васил Чакаларов, Иван Попов, Козинчев, Христо Цветков и Панде Сидов и понатаму биле Костурско. На 2-3 јули западнале во заседа кај Дармани, Воденско, а Чакаларов со својата четата по пат на итрина успеал да се повлече.

[уреди] Смрт

Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили, а на 4 јули во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Иван Попов и Панде Сидов заминале за Баница, каде на 5 јули биле поразени. Истиот ден и четата на Чакаларов е растурена, тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чaкаларов бил ранет во градите при борбата со грчки војници на 9 јули 1913 година во близина на Бел камен. Тука Чакаларов загинал и грчките војници, поранешните андарти и негови непријатели му ја отсекле главата и ја однеле во Лерин каде на сиот глас викале:

Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци! [5]


Потоа грчки капетан го удрил со главата Илија Димушев и го присилил да ја носи на чело на процесот. Српски офицер не им дозволил да продолжат и протестирал пред Грците. Тие главата му ја дале на епитропот од црквата Св. Панталејмон, а тој ја погребал на гробиштата. Дваесет и шест души од четата на Чакаларов биле судени во Солун од воен трибунал и добиле разни казни.

[уреди] Галерија

[уреди] Извори

  1. Силянов, Христо, „Освободителните борби на Македония, том I“, стр.134
  2. Илинденското въстание в Костурско - Спомени на Манол Кочов и Наум Масалинков
  3. "Илюстрация Илинден", година II, кн. 1(11), София, септември 1928, с. 8-9
  4. Силянов, Христо, „От Витоша до Грамос, Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г.“
  5. Васил Иванов, „Отрязаната глава 9 юлий 1913 г.“

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици