Павел Делирадев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павел Делирадев
Роден 15 февруари 1879
Панаѓуриште, Бугарија
Починал 9 февруари 1957
Софија, Бугарија

Павел Димитров Делирадев бил македонски[1] општестевник, публицист и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, близок до Серската група, еден од основачите на Народната федеративна партија и деец на ВМРО (Обединета) [2][3][4][5].

Животопис[уреди | уреди извор]

Го завршува Панаѓурското четирикласно училиште и Столарското училиште во Русе, а потоа учи географија во Софија. Основач е на социјалистичките организации во Панаѓуриште и Русе. Во 1903 година основа Општ работнички синдикален соjуз. Работи како уредник во различни левичарски весници, публикува статии за Руската револуциja. Павел Делирадев e секретар на четата на Јане Сандански, близок приjaтел со Павел Шатев.

Учествува во создавањето на Народната федеративна партиja, го изработува неjзиниот устав и програма, а по тоа се приклучува кон ВМРО (обединета). За време на Првата светска воjна е бугарски офицер. По воjните е еден од организаторите на туризмот во Бугарија. Еден е од основачите на алпинизмот и пештерското дело.

Има научни придонеси во географијата, геологиjaта, медицината, биологиjaта и др. Автор е на повеќе од 50 книги научна, научно-популарна и патописна литература, 15 политички брошури и над 2 500 статии. Редактира неколку весници и магазини и е нивни соработник. Прв минува по билото на Стара планина во 1933 година, кога е на 54 години и за триесе дена минува повеќе од 700-те километра до морето. Делирадев е автор на неколко научни книги за бугарските планини – Витоша (1926), Осогово (1927), Рила (во два тома, 1928, 1932), Родопите (1937) и др., на трудове со историско-етнографски карактер како Принос към историческата география на Тракия (во два тома, 1953) и др. Лауреат е на Димитровска награда во 1950 г. Делирадев во месечното списание Македонска мисла, орган на Македонскиот научен институт во 1945 година истакнал:

Повелбата на новото време е: секој, којшто живее во Македонија, може и треба да се чувстува пред сè и над се како Македонец. [6]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Mitrev, D. (1970). Избор: Пиринска Македонија. Наша книга.
  2. Шатев, Павел, „В Македония под робство“, Трето издание, Изд. на Отеч. фронт, София, 1983 г.
  3. Сайт на хижа Павел Делирадев.
  4. „130 години от рождението на Павел Делирадев честват в Панагюрище“, Нешънал Джеографик БГ, 16.02.2009
  5. „Кратка биография на Павел Делирадев от сайта http://znam.bg“. Архивирано од изворникот на 2013-09-19. Посетено на 2010-07-18. Надворешна врска во |title= (help)
  6. Македонска мисла, месечно списание, орган на Македонскиот научен институт, книга 1 и 2, јули - август 1945, Софија, страна 14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]