Ѕоле Стојчев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Ѕоле Стојчев
Dzolegergev.jpg
македонски револуционер
Роден 1867
Баница, Македонија
Починал 31 декември 1909
Лерин, Грција

Ѕоле Стојчев познат и како Агеш паша [1], бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација [2].

[уреди] Биографија

Тој е роден в Баница, тогаш во Османлиската империја. По влегувањето во Македонската револуционерна организација најпрво бил курир и терорист. Станал четник при војводата Тане Стојчев, а од 1903 година бил лерински војвода. Во летото 1903 година учествувал во Илинденското востание. По востанието станал околиски војвода. На 11 март 1905 година здружените чети на Тане Стоичев и Sоле Стоичев имале судир со османлиските сили кај селото Жерви, при што трурците имале големи загуби. По Младотурската револуција станал легален и се вработил во локалната полиција. Потоа најпрво учествувал во Сојуз на бугарски уставни клубови, а потоа во Народната федеративна партија. Ha еден митинг во Лерин, на 31 декември 1909 год. Ѕоле рекол:

Б р а ќ а, Треба да работиме за конституционализам, во тоа со Турците ние на дело да се побратимиме, за да ја завардиме територијалната целина на Македонија. Тој е нашиот спас. Инаку ние стануваме објект за освојување од надворешни грабачи, кои што бараат богатство во нашата богата земја — Македонија [3]


Убиен е во Лерин во 1909 година од страна на турчин по една грчка провокација.

[уреди] Извори

  1. ВМРО-историја
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001.
  3. Македониум

[уреди] Галерија

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици