Гоце Имов
| Гоце Имов | |
| Гоце Имов и Гоце Делчев како јункери (воени питомци) | |
| Роден | 29 септември 1882 село Кукуш, денес Грција |
|---|---|
| Починал | 28 април 1961 село Крџали, Бугарија |
Гоце Имов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, војвода и раковидетел на Македонската револуционерна организација.
[уреди] Биографија
Имов е роден во 1870 година во градот Кукуш, тогаш во Османлиската империја, денес Кукуш, Грција. Влегува во ВМОРО во 1898 година и од 1902 година е селски војвода на Организацијата. Учи во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, но ја напушта и во 1891 година се запишал во Военото училиште во Софија заедно со сограѓанин си Гоце Делчев. Откако го завршува се враќа во Кукуш и станува продавач на пашкули. Истовремено со тоа се занимава со револуционерна дејност и во 1904 година е избран за член на Кукушкиот околиски револуционерен комитет. По Прватата светска војна се населил во Крџали, Бугарија, каде и умира во 1961 година [1].
[уреди] Извори
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 66.