Веле Марков

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Веле Марков

Веле Марков бил македонски револуционер, социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската социјалистичка група и Македонската револуционерна организација.

[уреди] Биографија

Марков е роден во 1870 во сиромашно семејство во крушевско Селце, тогаш во Отоманската империја. Во 1892 година заминува на печалба во Софија, каде што работел како градител и столар. Се запознава со Васил Главинов и станува член на БРСДП. Основач е на столарскиот синдикат во Софија и на Македонско-одринскота социјалдемократска група во 1896 година. Во 1899 година заминува за Крушево, а подоцна поставува во Битола како работи како столар. Во Битола формира социјалистички кружок, а на 2 јуни 1900 година организира социјалистичка конференција во Крушевско, на која се решава социјалистичките групи да се влезат во ВМОРО.

Во март 1901 година влегува во четата на Никола Русински, а од август е крушевски војвода. При борбато кај селото Ракитница на 23 јули 1902 година војводата Веле Марков, како и поголем дел од четниците загинуваат, освен Ѓурчин Наумов - Пљакот и уште тројца четници кои успеале да ја пробијат турската заседа [1][2][3].

[уреди] Извори

  1. Илюстрация Илинден, година 5, книга 6, май 1933, стр. 1-3.
  2. Енциклопедия „България“, том 4, Издателство на Българската академия на науките, София 1984, стр. 75.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 99.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици