Христо Силјанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Христо Силјанов
Hristo silqnov.jpg
револуционер и историчар
Роден 24 мај 1880[1]
Истанбул, Турција Отоманска Империја
Починал 26 септември 1939
Софија,  Бугарија

Христо Силјанов бил револуционер, историчар и деец на ВМОРО од македонско етничко потекло.[2][3][4][5] Бил истакнат новинар и публицист во Бугарија.[6]

Биографиjа

Христо Силјанов се родил во фамилиjата на Иван Силјанов од Охрид. Учел во Цариград и Солун, а потоа во гимназиjата во Битола, во коjа како ученик се зачленил во ВМОРО. По завршувањето бил учител во Прилеп, каде во периодот 1899 до 1900 бил член на обласниот револуционерен комитет. По 1900 бил егзархиски учител во Лерин, а од 1902 влегол во редовите на илегалните револуционерни чети под водството на Марко Лерински. Ги познавал Гоце Делчев, Даме Груев и сите големи револуционери. Во 1903 учествувал во Преображенското востание во Одринска Тракија. По востанието завршил историски науки во Софискиот универзитет и специјализирал во Швајцарија. За време на Балканските војни се вратил во Македониjа како комита во реонот на Костур.

По Првата светска војна се иселил во Софија, каде бил еминентен новинар и публицист, член на Друштвото на бугарските новинари, а исто така член и подоцна потпретседател на Македонскиот научен институт. Неговите наjзначаjни дела како историчар се книгите посветени на македонското револуционерно движење. Напишал високо ценето истражување „Ослободителните борби на Македонија“ по барање на Илинденската организација во Софија. Првиот том излегол во 1933 година, а вториот четири години по неговата смрт, во 1943 година.

Татко е на познатиот бугарски дипломат и новинар Евгениј Силјанов (1907-1997).[7]

Извори

  1. „Христо Силянов - Биобиблиография“, 2010, 5 стр.
  2. Виктор Цветаноски, "Дорасветлување на македонската стогодишна потрага по себеси", "Утрински весник", број 1232, 30 jули 2003.
  3. Виктор Цветаноски, "Книгата на Силјанов "филмско сценарио" за илинденската епопеја", "Утрински весник", број 1143, 12 април 2003.
  4. Виктор Цветаноски, "Илинден раскажан од Силјанов е поголем, повеличествен и подостоен", "Утрински весник", број 1163, 10 маj 2003.
  5. Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество (9)", Христо Силјанов ја раскажа драмата за Илинден, "Утрински весник", број 2865, четврток, 18 декември 2008.
  6. Христо Силянов, "Писма и изповеди...", "Български писател", София, 1984, "Спомени от Странджа (Бележки по Преображенското въстание в Одринско - 1903 г.)", глава 12 Гърците под въстаническа власт, стр. 322-323, и От Витоша до Грамос. Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г., глава LIV Прощаване, стр. 591-593.
  7. Ирина Недева, "Мисия Париж: Разговори с Евгений Силянов", Издателство СемаРШ, София, 2007.

Објавени книги