Петар Поп Арсов
| Петар Поп Арсов | |
| македонски револуционер | |
| Роден/а | 14 август 1868 Богомила, Велешко, Македонија |
|---|---|
| Починал/а | 1 јануари 1941 каj Костенец, Бугарија |
Петар Поп Арсов е филолог, македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Прв устав на Македонската револуционерна организацијаот и автор на познатата публикација “Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници”., идеолог, книжевник, публицист, борец за национално, културно и духовно издигање на сопствениот народ. Поборник за македонската самобитност. Борец за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис [1].
Содржина |
[уреди] Образование
Основно образование завршил во Богомила 1877/78 - 1880/81 год. Школувањето го продилжил во Велес каде изучил трикласно ниже гимназиско образование во годините 1881/82 – 1883/84 год. Се запишал во Солунската гимназија Св. Кирил и Методиј и таму завриш 4-7 клас во периодот 1884/85 -1887/88 год. Кога бил 7 клас во Солун бил исклучен од гимназијата и школувањето го продолжил во Белград, во учебните 1888/89 и 1889/90 год., меѓутоа и од таму бил исклучен и заедно со 34 македонски ученици се префрлил во Софија.
Во Софија студирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св Климент Охридски, во учебната 1890-1892 год. - 1 и 2 год., а потоа студирал на на Филозофскиот факултет , оддел филологија, како вонреден студент. Петар Поп Арсов е меѓу оние македонски дејци (тука спаѓаат Даме Груев, Крсте Петков Мисирков и др.) кои созреале на релацијата Солун-Белград-Софија. Во текот на оваа патешествие Поп Арсов како и голем број негови сопатници, разбрал дека ослободувањето на Македонија може да стане само со сопствени сили, без да се бара бара помош од некого:
| “ | Секој што однадвор ќе ни ја подари слободата, ќе ни ја земе земјата | ” |
[уреди] Кон македонскиот пантеон
[уреди] Првите револуционерни чекори
Во Софија станал еден од основачите на МСД (Македонско студенско друштво) ( заедно со Даме Груев, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Никола Дејков и др. ). Целта на оваа дружина е ослободување на Македонија од турско ропство и пропагандите на соседните држави, учествува во работа на оформување на устав и правилник на друштвото.
По растурањето на Македонското студенско друштво учествува во основањето на ММКД (Младата македонска книжевна дружина) и ќе влезе во редовите на Лозарското движење (заедно со Георги Баласчев, Георги Белев, Климент Караѓулов и др.). Арсов ќе биде поставен за главен редактор на весникот Лоза, официјален орган на Лозарите. Од првиот број на списанието каде го објави и својот расказ ”На мокров”, воведе еден нов македонски фонетски правопис, каде и за прв пат ги наоѓаме и употребени и карактеристичните букви: К' ; Г'; Н ; а се исфрлени двогласните букви:Ъ,Ю,Ь, a гласот Ј е предаден во I.
[уреди] Основање на Македонската револуционерна организација
По растурањето на Младата македонска книжевна дружина и забраната на Лоза, Арсов заминал за Македонија и во есента 1893 година се вработил како професор во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во Солун повторно се сретнал со своите стари познаници меѓу кој и Даме Груев. Во тој период меѓу потесен круг на македонски интелектуалци се појавила идејата за основање на една револуционерна организација, а во овие случувања активно зел учество и самиот Поп Арсов.
На 21.10/2.11. 1893 година покрај солунскиот брег се сретнале Даме Груев, Иван Хаџи Николов и Антон (Андон) Димитров, притоа тие разговарале за ослободување на Македонија. Паднал предлогот тие тројца да формираат револуционерна организација. И. Х. Николов понудил во основањето да учествуваат и Петар Поп Арсов, Христо Татарчев и Христо Батанџиев.
Состанокот се одржал во сабота навечер на 23.10/4.11.1893 година, во станот на Христо Батанџиев, а на него присуствувале присуствувале Д-р Христо Татарчев, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско. На средбата едногласно се согласиле да се формира револуционерна организација.
На 5 јануари 1894 година, пред Богојавление, за време на коледната ваканција се одржала Јануарската средба на која дошло до конкретно формирање на организацијата. На дневен ред биле: целта, името и поставеноста на организацијата. Појдовна точка за дискусија бил членот 23 од Берлинскиот конгрес. Во однос на втората точка Татрчев истакнува:
| “ | На истата седница долго се разгледуваше прашањето какво име да носи Револуционерната организација и Комитетот Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се наречат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот - „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К. | ” |
На Јануарската средба меѓу другото бил конституиран и Централниот комитет, во него влегле шесмината основоположници додека Татарчев бил избран за претседател на Ц.М.Р.К. , а воедно бил избран и за прв претседател на Македонската револуционерна организација.
|
||||||||
[уреди] Организациска дејност
Во текот на својата дејност во Македонската револуционерна организација извршувал повеќе функции и отстварил повеќе активности. Тој бил: Претседател на Прилепскиот околиски комитет во 1896 год. Директор на егзархиските училишта во Штип, 1896 год. Претседател на окружниот комитет на ТМОРО, 1896 год.
По Виничката афера, по првото масовното разоткривање на ТМОРО од османлиската власт е обвинет за - организирање востание и е осуден на 101 год. од страна на специјален воен суд во 1897 год. , каде бил до 1902 год,. кога бил амнестиран. Останал настрана за време на Илинденското востание во 1903г., поради апсење по Солунските атентати, (во тоа време дошло до саморастурање на Централниот комитет на ТМОРО). Арсов стнал член на ЦК на ТМОРО, 1904 год. Учествува во работата на Рилскиот конгрес, 1905 год. и бил избран за задграничен преставник, учествува во дејноста на организацијата се до нејзиниот неформален расцеп.
[уреди] Постилинденски години
За време на подготовките на списанието Македонија, двапати бил притворан како интелектуален поттикнувач. Учествувал во работата на Народната федеративна партија и парламентарните избори во 1910 год. Се заложил за изградување на независна Македонска црква и независно образование, идеа за отворање на Висока педагошка школа во Скопје со статус на државен факултет, со Теодосиј Гологанов и Крсте П. Мисирков
За време на Првата балканска војна се повлекол во Велес , каде организирал семакедонска конференција, на која заедно со Димитрија Чуповски биле избрани да отпатуваат во Лондон за да го постават – македонското прашање на Мировната конференција, неговиот став по во ова прашање се гледа од неговата реченица:Македонија ако ја немаше би требало дипломатијата да ја создаде за доброто на Балканот, но под притисок на српската власт биле разоткриени, Чуповски се вратил во Русија , а Петар под закана за живот одвај пребегал во Бугарија.
[уреди] Сред македонската емиграција
Во 1914 год. Во Костенец станал учител. Непосредно по завршувањето на Првата светска војна доаѓа до раздвижување на македонското ослободително движење. Први се јавуваат Серчани со својата декларација од октомври 1918 година, во која повикале на реафирмирање на борбата на македонскиот народ врз принципот на автономија на Македонија. Во декларацијата било истакнато:
- ... На местото на балканскиот национализам... го креваме старото знаме на македонската автономија, знамето на балканската слога и на идното балканско братство... Македонија треба да се востанови во нејзините географски граници... Македонија треба да добие за себе, за народностите што ја населуваат и за своите балкански собраќа најпогодна форма на управа, организирана по примерот на Швајцарската Федеративна Република, при полна и еднаква слобода за сите националности во просветен, црковен, политички, културно-економски однос, а под протекторат на Сојузот на слободните демократски народи...
Принципите кој биле изложени во Декларацијата на Серчани биле доработени во брошурата Назад кон автономијата од страна на Димо Хаџи Димов. Брошурата била публикувана во 1919 година и во неа, меѓу другото, се истакнува:
- Да и се даде кредит на денешната бугарска политика тоа значи да се предаде макеоднскиот народ на самоодрекување. Но, тоа не може да биде, тоа не може да стане. Се работи за цел еден народ кој не може да се жртвува за една политика. Затоа автономната идеја ја зафаќа цела Македонија, бидејќи е таква желбата на македонскиот народ... [2]
Врз основа на овие принципи, помеѓу Серчани и претставниците на бившата Внатрешна револуционерна организација во Западна Македонија била постигната спогодба за обединување, кое било означено како продолжување на делото на бившата целокупна внатрешна организација. Во Привременото претставништво влегле истакнати револуционери од македoнското револуционерно движење и старата Македонска револуционерна организација, меѓу нив биле: Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Петар Поп Арсов, Туше Делииванов, Ризо Ризов, Михаил Герџиков, Христо Јанков, Александар Бујнов, Таската Серски, Ѓорѓи Скрижовски, Чудомир Кантарџиев, Стојо Хаџиев и други.
По обединувањето бил испратен Апел до македонскиот народ од 9 март 1919 година во кој биле изложени гледиштата на групата по актуелните проблеми на македонското ослободително движење, а потоа во четири точки била изложена политичката програма. Во Апелот било истакнато:
- ... Македонското население, без разлика на народност и вера, по се што проживеа има цврста и свесна желба неговата земја да се запази цела и нерзделна како самостојна политичка единица на Балканот во нејзините природни балкански граници врз база: Солун како општ центар, Вардарската долина, Скопје и Битола со ниваната стопанска и економска заднина... На вака создадената држава да и се даде самоуправа со полна рамноправност и еднакви права на сите народи без разлика на бројност и при отсуство на секакви духовни и политички установи кои би и дале предност на која и да било од нив или би побудиле сомневање или страв од зародување на сепаратистички сремежи и аспирации... [3]
Меѓутоа Привременото претставништво бргу замрело. По разочарувачкиот крај на мировната конференција во однос на нивните барања кои ги претставувале и желбите и очекувањата на голем дел од македонскиот народ, оваа организација се распуштила и поголемиот дел од нејзините членови се пасивизирале, дел од нив во своите ставови се приближиле со левоориентираните партии во Бугарија и со Комунистичката партија, додека еден дел се вклучиле во општествено-политичкиот живот на Бугарија. Во 1920 год. се повлекол од јавниот политички живот и се оженил со учителката од Солунската женска егзархиска гимназија , Христина Начева. 1930 год. се сели во Софија (се претпоставува дека контактирал со Македонскиот литературен кружок во Софија), каде останува до крајот на животот.
[уреди] Издаваштво
- Редактор на списанието Лоза - официјално списание на ММКД - Младата македонска книжевна дружина, 4 броја; (01.1892- 06. 1892 год.), го објавува прозниот расказ На Мокров во Лоза,(дејството е локализирано во родната Богомила, секојдневие од животот на поробената Македонија, во него за првпат се употребени меките македонски консонанти, и формата на графемите, потоа, редовната употреба на тројниот член ( чо*еков, селово, очиве, долон) и честото испуштање на интервокалното в ( чое*к, гласо*и, криста*и) кои подоцна послужиле како урнек на К.П.Мисирков кој по 11 години ја употребил истата форма на графеми за меките македонски консонанти во делото За македонцките работи. По прашањето за изградување на македонски литературен јазик и правопис, Арсов сметал дека најприфатлива основа е живиот говорен македонски народен јазик и фонетски правопис како принцип при конечното оформување.
- Jа напишал брошурата Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, под псевдоним ,, Вардарски,, во која ја демаскира бугарската денационализаторска политика во Македонија. (1893 г.)
| “ | Тешко е, бај Сарафов, кога човек ќе падне еднаш морално пред луѓето, нели?Ве уверуваме дека така и ќе продолжи да биде положбата на сите оние кои доаѓаат во Македонија за да создаваат некакви Бугари... Зошто ние Македонците ништо немаме, ништо не сме спечелиле благодарение на слепата довеба кон своите божем браќа, па немаме и што да изгубиме. Сега е дојдено времето: Брат брата да си го продава. | ” |
- Во 4 от број на билтенот на привременото претставништво на ТМОРО ја објавува статијата Распни ја (1919 год.). Во осмиот број, статијата Потеклото на револуционерното движење во Македонија и првите чекори на Солунскиот комитет за придобивање политички права на Македонија дадени со Берлинскиот договор.
| “ | ... Бруталната политика на посребување, која го отфрлаше секое човечко достоинство кај македонските Бугари и жестоко го рануваше нивното национално чувство - создаде во душата на тој милионски бугарски народ една трагедија, која стануваше уште пострашна затоа што посрбувањато означуваше не само денационализирање туку и враќане на македонските Бугари под власта на Грчката патријаршија, против која тие водеа дологогодишна крвава борба и одвај се беа извлекле од нејзините вампирски нокти. Лозунгот беше подалеку од Бугарија! Но не поради тоа што таа беше крива за состојбата во Македонија, туку поради тоа што секаков сомнеж за нејзина вклученост можеше да и напакости и нејзе, и на делото, кое требаше да го запази својот чисто внатрешен карактер. Врз тие јасни и точно определени основи се формираше првиот таен "Комитет за придобивање на политичките права на Македонија, кои и беа дадени од Берлинскиот договор", од кој покасно се разви така наречената Внатрешна М. Р. Организација... [4] | ” |
- Објавува и алегорична поезија Бабуна, велика македонска планина. (по 1920 год.).
- Петар Поп Арсов е единствениот основоположник на МРО кој го потпишал апелот на привременото преставништво на поранешната ВМРО, со кој се барало воспоставување на самостојна независна држава на Балканот во нејзините природни и географски граници. Решенијата на Париската мировна конференција, која всушност со мали измени ја потврдила одлуката од Букурешкиот мировен договор биле причина за големата разочараност кај него и повлекување од јавната политичка сцена.
[уреди] Извори
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење, Скопје, 1997
- ↑ Историја на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
- ↑ Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981
- ↑ Билтен на Привременото представништво на обединената бивша Внатрешна македонска револуционерна организација, Бр. 8, 19 јули 1919 г., стр. 2-3.
[уреди] Надворешни врски
- Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници на Викиизвор.